Здраво, сакам да поставам едно прашање за ИБКР. Досега имам вложувано во хартии од вредност на МСЕ и во странство, но преку македонски брокери.
Прочитав неколку мислења на форумов, ама чисто за потврда, дали е правилото дека ништо не се пријавува освен кога имаме добивка до УЈП? Значи, само отвараме сметка на ИБКР, испраќаме пари преку банка (од кога ќе собереме потребни документи) и само си ја користиме платформата без да мора да пријавуваме кои акции и како сме ги купиле се додека не ги продадеме и оствариме добивка?
Имаше барем еден коментар дека може да се пријавува нешто до НБРМ (според закон за девизно работење), ама колку што разбрав некој прашал и добил одговор дека не треба, така да само си користиме ИБКР без никакви ограничувања или обврски? Фала.