Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Некој да сподели мислење/искуство за WVP Fund Management Skopje?
За што конкретно те интересира? јас инвестирав едно време, но ги повлеков парите. имаш висока влезна провизија околу 5% и висок менаџмент fee 3+1%
 
Член од
9 август 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Прво си префрлаш девизи на твојата девизна сметка а потоа плаќањето е многу лесно. На НлбКлик одиш на девизно плаќање, потполнуваш точни податоци од инструкциите што ти ги пратиле од ИБКР. Следниот чекор е да ги прикачиш документите Client Agreement и докумнтот што ти го дава кога правиш најава на ИБКР за депозит. Шифра на плаќање 514 мислам беше. Провизијата на товар на налогодавач т.е твоја (поинаку немам пробано). Мора да испратиш пари толку колу што си најавил на ИБКР. Во број на документ полето јас го пишувам бројот на мојата сметка на ИБКР и име. Потоа си потврдуваш преку ОТП лозинка на мТокен и тоа е тоа. За некој саат парите ќе ги добиеш на сметката на ИБКР.
Одличен одговор. Уште една работа би те замолил, точно да пишеш кој документи ги уплоадираш кога ја правиш трансакцијата преку НЛБ. Еднаш ја пробав и ми ги одбија. Благодарам
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82

Појди во Reports > Other reports > Account Confirmation Letter with Customer Agreement и симни го овој документ и испечати го. На последната страна кај Signature потпиши се и скениран ќе го прикачиш при плаќањето. Ако нема потпис нема да помине, мене првиот пат ми го вратија за потпис. И втор документ е документот за депозит што ќе го извадиш кога правиш најава за депозит.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502

Јас мислам дека не го дава веќе account confirmation letter with customer agreement поради некоја причина.
Дава само Account Confirmation Letter.
 
Да, сега проверив и јас и не го дава. Не знам дали само Account Confirmation Letter ќе биде доволно за во банка...:unsure:
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Да, сега проверив и јас и не го дава. Не знам дали само Account Confirmation Letter ќе биде доволно за во банка...:unsure:
По тоа што гледав на редит сега освен Account Confirmation Letter го прикачуваат и IB LLC Client Agreement.
Јас лично сеуште не сум пробал со овие 2 документи.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Да, сега проверив и јас и не го дава. Не знам дали само Account Confirmation Letter ќе биде доволно за во банка...:unsure:
Токму вака како @tigar4e што пишал.
Ми го бараа во НЛБ онака немаше да ми дадат да направам wire transfer preku swift.
И го спуштив ова 20+ страни е. IB LLC Client Agreement
И пројде лесно.

По тоа што гледав на редит сега освен Account Confirmation Letter го прикачуваат и IB LLC Client Agreement.
Јас лично сеуште не сум пробал со овие 2 документи.
 
Член од
20 мај 2022
Мислења
6
Поени од реакции
5
Zdravo, imam kupano akcii na IB sega sakam da gi prodadam i da kupam novi akcii,
Dali da gi prijavam vo UJP i na koj nacin da gi prijavam ? ili da cekam togas koga ke gi povlecam na bankarskata smetka ? ( koj e najdobriot nacin bidejki do sega vo konverzacijata imase mnogu razlicni mislenja)
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41

Мислам дека се пријавува на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam кога се врши продажбата, не кога ти стигнува на сметка, според: http://www.ujp.gov.mk/m/fizicki_lica/category/123 (но не сум продавал акции до сега преку IBKR, само сум користел Е-ПДД за други приливи, така да може некој друг да потврди)
Пишува "учество во капитал до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар"
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102

Ако си ги купил пред нова година не треба да пријавуваш ништо. Ако си ги купил после 31.12.2022 тогаш треба да пријавиш дека си ги продал (само ако имаш остварено добивка) до 10ти наредниот месец. После тоа ќе треба да си платиш и данок 10% од добивката без разлика дали ќе ги повлекуваш парите на ТС или не.
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Здраво, сакам да поставам едно прашање за ИБКР. Досега имам вложувано во хартии од вредност на МСЕ и во странство, но преку македонски брокери.

Прочитав неколку мислења на форумов, ама чисто за потврда, дали е правилото дека ништо не се пријавува освен кога имаме добивка до УЈП? Значи, само отвараме сметка на ИБКР, испраќаме пари преку банка (од кога ќе собереме потребни документи) и само си ја користиме платформата без да мора да пријавуваме кои акции и како сме ги купиле се додека не ги продадеме и оствариме добивка?

Имаше барем еден коментар дека може да се пријавува нешто до НБРМ (според закон за девизно работење), ама колку што разбрав некој прашал и добил одговор дека не треба, така да само си користиме ИБКР без никакви ограничувања или обврски? Фала.
 
Да. А дури и да оствариш добивка ако акцијата ја поседуваш повеќе од 2 години нема да треба да пријавуваш ништо.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Мислам дека се пријавува на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam кога се врши продажбата, не кога ти стигнува на сметка, според: http://www.ujp.gov.mk/m/fizicki_lica/category/123 (но не сум продавал акции до сега преку IBKR, само сум користел Е-ПДД за други приливи, така да може некој друг да потврди)
Пишува "учество во капитал до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар"
Ме интересира како оди процедурата со дивиденда. Имено да кажеме имаш купено некој ETF( VOO) како што знам исплаќа дивиденда.

Како оди процедиурата во УЈП за ова дали е ти или некој друг запознаен ?
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Ме интересира како оди процедурата со дивиденда. Имено да кажеме имаш купено некој ETF( VOO) како што знам исплаќа дивиденда.

Како оди процедиурата во УЈП за ова дали е ти или некој друг запознаен ?
Исто преку е-пдд, http://www.ujp.gov.mk/mk/fizicki_lica/category/125

Може е подобро да прочиташ и некои постари мислења за повеќе информации, на пример ова делува подетално: https://forum.kajgana.com/threads/Тргување-со-странски-хартии-од-вредност-и-недвижности.102390/post-9638353
 
Kajgana Shop

На врв Bottom