Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Изгледа почнал да им иде умот. Ако ова со е-банкингот и прошљака, ептен ќе го фатат трендод.
Види те молм како ќе поминеш со ебанкингот и што треба па сподели.

Поздрав
Ѓаволи почнал да им иде.
10 минути потполнувам податоци во еден образец за праќање пари во странство преку свифт, за да на крај ме прашаат а ако е хартии од вредност незнам дали може.

Се јави на телефон и разговараше дали е дозволено.
И кажаа дека е возможно. Но, потребни се плус два документи кои не знам како можам да ги извадам.

Едното е договорот со interactive brokers (тоа мислам дека го најдов околу 11 страни е) , меѓутоа она најзбунувачки што бараат е изјава од ибкр дека нема да се тргува со крипто и форекс.

Третото е согласност у банка таму со мој потпис дека нема да тргувам крипто и форекс али тоа е лесно таму ќе го потпишам.

И ова второво сеа се утепав од барање не ми е јасно како би можел да го генерирам.
Дали некој има некоја идеја на ибкр како да генерирам извештај дека парите нема да ги користам за форекс и крипто. ?
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
509

Napisi si svoeracno:
Jas, Sharp Shooterovski izjavuvam deka preku IBKR ke trguvam samo hartii od vrednost i nema da trguvam forex i crypto.
Datum
Potpis
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87

Значи сепак не им дошол умо. Исто сцена како и мене "Once upon a time".
Не си губи времето иди во НЛБ, баш вчера бев и завршив работа за 5 мин.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Napisi si svoeracno:
Jas, Sharp Shooterovski izjavuvam deka preku IBKR ke trguvam samo hartii od vrednost i nema da trguvam forex i crypto.
Datum
Potpis
Хахахахаа, искрено ми мина низ глава да читам некако, само без шарп шутеровски :lolzz: .
Али се на се, многу веројатно ќе отворам сметка на НЛБ.
Се јавив денес и што беше многу чудно е што беа ептен запознаени и точно ми кажа дека само овие два документи што ги имам се доволни. Ги знаеа и како се викат.
Сто пати боље од Стопанска
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Хахахахаа, искрено ми мина низ глава да читам некако, само без шарп шутеровски :lolzz: .
Али се на се, многу веројатно ќе отворам сметка на НЛБ.
Се јавив денес и што беше многу чудно е што беа ептен запознаени и точно ми кажа дека само овие два документи што ги имам се доволни. Ги знаеа и како се викат.
Сто пати боље од Стопанска
Исто и Уни. со еден од документите го поминуваш целиот процес. малку поевтини се за поголеми суми.

Имав проблеми со НЛБ, со погрешно презиме ми ги испратија средствата (s namesto sh) и три недели незнаеа кај се парите. на крај си платив и 800 денари за нивна грешка и ветив дека ќе ја затворам сметката.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Критериуми кои треба да ги исполнуваат акциите во твоето портфолио

Во текстот ќе навлеземе во повеќе детали за секој од овие три критериуми со цел да се објасни зошто компаниите кои ги исполнуваат овие финансиски критериуми можат постојано да го инвестираат својот капитал со високи приноси на долги временски периоди, можат да ги зголемат своите цени без да им се намали продажбата и се отпорни како на конкуренцијата така и на економските циклуси.

Суштинскиот фактор што треба да се земе предвид кога се инвестира во компанија е квалитетот на нејзината дејност. Квалитетот на дејноста е исто како љубовта во бракот. За еден брак да функционира без љубов треба многу коцки да се поклопат, што во пракса е речиси невозможно.

Останатите фактори, како одлуките на менаџментот, финансиската моќ на компанијата и вреднувањето на акциите, се исто така важни но се второстепени. Без квалитетна дејност, воопшто не ги ни разгледувајте останатите фактори.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Да купевте акции од #Netflix во 2018 година, убедени дека ќе го освојат стриминг пазарот, ќе бевте во право. Но немаше да заработите ни денар.

Или пак, ако купевте акции од Disney истата година, ќе го предвидевте успехот на нивната сѐ уште нелансирана стриминг услуга и пак ќе бевте во право, ама исходот ќе беше загуба од 15%.

Може да бидете во право, може и да погодите тренд, но и покрај тоа да не заработите ништо.
Activate to view larger image,

1688218628794.png
 
Член од
9 јули 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дечки, ја скролам темава подолго време, ама изгледа сум промашил како оди процедурата (и дали воопшто е возможно) да купам акции од одредени странски компании? Скоро добив принова па би сакал да му испазарам нешто за по 10-20 години евентуално да има некаков ќар од мене, освен љубов :)
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
165
Поени од реакции
209
Купив денес преку ИБКР на Лондонска берза некоја акција. Вкупната вредност беше окулу 6500 фунти. Тоа што ме изненади беше висината на провизијата од 35 фунти. Досега провизијата била до 3 фунти. Во статусот на трансакцијата пишува дека е купено преку EUDARK. Дали некој има слично искуство?
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Дечки, ја скролам темава подолго време, ама изгледа сум промашил како оди процедурата (и дали воопшто е возможно) да купам акции од одредени странски компании? Скоро добив принова па би сакал да му испазарам нешто за по 10-20 години евентуално да има некаков ќар од мене, освен љубов :)
имаш 2 начини:
1. Преку апликација Interactive Brokers (повеќето овде го користат ова)
2. Преку банкарски брокер (НЛБ, КБ или Шпаркасе)

За опција 1, одиш на https://www.interactivebrokers.com/ си креираш акаунт, пополнуваш се што треба да се пополни (малку долгичок процес е, ќе треба и да сликаш пасош/лична карта), и откако ќе пополниш се ќе треба да почекаш неколку денови да ти го одобрат акаунтот. Откако ќе биде одобрен можеш да депонираш средства преку банкарски трансфер, прво внесуваш во апликацијата колку пари планираш да префрлиш, па тие ти даваат број на сметка, банка и сите потребни детали, одиш кај нас во банка со тие детали и правиш Свифт трансфер. За неколку часа ќе ти се појават средствата на апликацијата, и можеш да си купуваш акции.

За опција 2, одиш во некоја од наведените банки (пример НЛБ), и си закажуваш средба со брокер за хартии од вредност. Ќе ти дадат да пополниш некоја папирологоија, и ќе ти отворат акаунт. Префрлањето пари оди преку уплатница, а купи/продај акциите преку брокерот се прават со налози преку емаил. Оваа опција е попроста од првата дека скоро се ти оди преку брокерот и не му ја мислиш многу, ама имај на ум провизиите се огромни. За секоја трансакција (дали купи или продај) ти кинат околу 50 евра провизии, и плус годишно ти наплаќаат уште 50-100 евра провизија за чување на акциите. Во споредба со ова, интерактив брокерс кошта само 1 долар по акција, плус провизиите за Свифт уплатата што ќе ти ги наплати банката.
 
Член од
26 јули 2023
Мислења
41
Поени од реакции
24
Имате ли искуства со Trading212? Провизите изгледаат помали од тие на Interactive Brokers, а може да се депонираат средства и со кредитна картичка и GPay.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
1690454177695.png

Книгата „The Most Important Thing“ од Хауард Маркс е задолжителна лектира за секој инвеститор бидејќи дава безвременски увид во психологијата на инвестирањето и природата на ризикот.

Маркс e познат инвеститор и коосновач на Oaktree Capital Management, кој, потпитрајќи се на своето децениско искуство, ги дестилира основните принципи за успешно инвестирање во јасна и концизна рамка. Оваа книга е високо ценета во инвестициската заедница и често им се препорачува на инвеститори, како на искусни професионалци така и на почетници.

Еве неколку причини зошто треба да се прочита:

Акцент на управување со ризик: Една од клучните теми во книгата е важноста на управувањето со ризикот при инвестирање. Маркс нагласува колку е значајно да се разбира и управува со ризикот како критичен аспект на успешното инвестирање. Овој пристап им помага на инвеститорите да го заштитат својот капитал за време на пазарни падови и турбулентни времиња.

Пазарот не е секогаш ефикасен. Има моменти кога цените отстапуваат од вистинската вредност на акциите, создавајќи им можност на инвеститорите да купуваат на ниска а да продаваат на висока цена.

Спротивно размислување: Маркс поттикнува спротивно размислување, кое вклучува одење против стадото и заземање поинаков став од мнозинството инвеститори. Со тоа, инвеститорите можат да ги откријат можностите што другите можеби ги игнорирале и потенцијално да добијат предност на пазарот.

Психолошки аспекти на инвестирањето: Книгата навлегува во психолошките предизвици со кои се соочуваат инвеститорите, како што се стравот, алчноста и прекумерната самодоверба. Разбирањето на овие аспекти на однесувањето може да им помогне на инвеститорите да донесат порационални и дисциплинирани одлуки.

Безвременски принципи: „The Most Important Thing“ дискутира за безвременските инвестициски принципи кои се применливи во различни пазарни услови и инвестициски средини. Овие трајни принципи обезбедуваат цврста основа за инвеститорите, без оглед на економската клима.

Јасност и пристапност: Хауард Маркс има талент да објаснува сложени инвестициски концепти на едноставен и достапен начин. Книгата е напишана во јасен и концизен стил, што им овозможува на читателите со различни нивоа на стручност лесно да ги сфатат презентираните идеи.

Широка применливост: Иако книгата е наменета за инвеститори, многу од нејзините лекции може да се применат и при носење на други животни одлуки.

Книгата не е технички прирачник за тоа како да се изберат акции, туку водич за развој на здрава инвестициска филозофија која ќе ви помогне да избегнете скапи грешки и да ги постигнете вашите финансиски цели.

Стилот на Маркс е јасен, прониклив и често хумористичен. Тој не се плаши да ја предизвика конвенционалната мудрост и нуди освежувачки искрена перспектива за предизвиците на инвестирањето.

Ако имате интерес за инвестирање, тогаш топло ви препорачувам да ја прочитате „The Most Important Thing“.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Постојат неколку причини зошто ви ја препорачувам One Up On Wall Street напишана од Питер Линч:
 
Attachments

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.153
Некој да сподели мислење/искуство за WVP Fund Management Skopje?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom