Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Јаки се Данциве не можеме со нив, подобри се и од Норвешка овие, бековите сите големи, брзи, јаки во дуел, немаме шанса во одбрана против нив.
Сепак колку што Данска се јаки толку судијќиве не оштетија, сите ситуации што беа 50-50 им ги доделија на Данците, уште на почеток 2 топки ни собраа што беа фаули за 9 метри, прво на Калајџиевски после на Димевски, на неколку пати ни судат пробивање без врска, цело време ни го сецкаат нападот, еднаш чист зицер имаше Самоил овие не вратија без врска на 9 метри, Галевски го замараат да изведе милиметарски точно од местото кај што бил прекинот...

Кога ќе се види целата слика добро е и што сме само на -6, се надевам во второ ќе влеземе со помалку нервоза и ќе одиграме добро, барем да ја намалиме разликата.
 
Добро изиграа децава и изгинаа. Мислам дека денес голманиве наши потфрлија. По некоја брзоплетост, ама и судиите си имаа свој удел. Има шанси Македонија, ако денес Австрија ја победи Норвешка барем со гол или два.
 
И да не се пласираме во четвртфинале не е страшно, имаме уште минимум 2 натпревари за играње (без следниот со Австрија утре).
 
Какви судии не заебавајте, Данска цела утакмица да имаа играч помалку пак ќе не исплескаа.
 
Не бевме зрели за победа се виде тоа низ текот на целиот натпревар, ако Норвешка беше печена за пораз и малку ни фалеше, Данска денес е далеку од тоа.
Не надиграа во секој поглед, одбраната што ни беше најсилно оружје на претходните натревари денес под нивото, цело време имаа проблеми со нивните бекови, едноставно физички не можевме да ги задржиме, самата бројка од 37 примени голови доволно кажува.
Во напад немавме течна игра, сите голови ни беа од некој индивидуален квалитет на бековите, на сила што се вика, пикерите отсечени тотално, дали 2-3 топки имаше за нив цел натпревар, крилата исто без голем учинок, од лево крило мислам само еден гол даде Субашевски, пак ќе кажам голема штета што Узунчев се повреди и немаме десен бек, многу побрзо ќе се движеше топката со левак во бековската линија, сигурно ќе имаше повеќе шанси за десните крила кај што сме најдобро покриени, сосема коректни играчи се и Белистојановски и Петковски, само со оглед на ситуацијата немаа многу простор за влез од нивна позиција.
На два пати се доближивме на -3 и после тоа одма следуваше серија на Данска, мене барем ме радува тоа што во двата наврати се доближивме во период кога имавме играч повеќе на терен, кога нивниот играч доби исклучување поради попречување да се изведе топка од девет метри им направивме серија 4-0, знаевме тоа добро да го искористиме, често пати низ годините маки сме мачеле да направиме вишок со играч повеќе, мислам за сите репрезентации, од кадетска до сениорска.

Од играчите нема премногу да издвојувам, сакам само Дамјан Митев да го пофалам, искина денеска, 6 гола и неколку фантастични асистенции, се гледа дека има голем талент и пред се борбеност, сам го носеше нападот во второ полувреме, треба да се земе во предвид и тоа што игра со постари од него, се надевам само дека не се повреди на крај, голем хендикеп ќе биде ако останеме без него против Австрија.
 
Во прво тројката Стојановски-Мирче-Димковски не кошташе едно 14 технички грешки до 26 мин, надополнети со 2-3 судиски грешки на наша штета = 6 разлика полувреме.
Замената на Димковски и Стојановски, Митев и Димовски пак беа убедливо најдобри денес и заслужуваат да играат прва постава со Австрија.
Голманите лоши, Галевски фате 3-4 зицера ама пак од 9 не избушија цел натпревар една топка дали фатија.
Кога фативме приклучок во второ со пенал за -3 или 4 некаде 47мин, Бранче имаше непотребна реакција која не кошташе 2мин, после тоа апла недусоден фаул над Митев кој не кошташе гол на празна мрежа, па уште еден одма поттоа за повторно одлепување на Данците на +6.
И покрај тоа по 3т пат се вративме во натрепварот 52 мин на -3 во период кога после една ситуација мораше да има црвен играч на играчот на Данска кој ја изваде топката од гол при шут на празна на наш играч, ова беше веројатно клучен момент и последна шанса да направиме нешто ама тоа е.
Од 53та наттаму реално физички паднавме и имавме безидејност во напад со што данците направија некоја 6-0 серија и го решија натпреварот конечно.
 
Без добар голмански ден (а денес имавме лош) секако немаше да ја победиме Данска, и победата е веројатно заслужена, ама судииве убија секаква можност за надигрување. Ужасно судење е благ збор, школски пример за како се суди кога сакаш да го наместиш резултатот (за екипата што сакаш да ја оштетиш не враќаш на 9 кога се подава или шутира под фаул ако се изгуби топката, враќаш ако се даде гол, прогледуваш низ прсти во 50/50 ситуации за исклучување на екипата која ја фаворизираш). Многу ретко коментирам судење во насока на тоа дека е наместен резултатот (бидејќи најчесто и не е тоа случај), ама вакво нешто одамна не сум видел, ова ни во нашата суперлига го нема.

Инаку за играчите горе долу се покажува дека имаме добар колектив но немаме којзнае какви поединци. Реално најголеми таленти за времето кога ќе станат сениори се Митев и Ристевски - двајцафа кои се пионери и не се од оваа генерација. Сите други се интересни играчи со потенцијален сериозен лимит долгорочно. Голманите имаат потенцијал, ама за мене се разочарување, на клучните натпревари против сериозните екипи (Норвешка и Данска) никаде ги немаше, ништо не одбранија. Билдање статистика со Црна Гора и Грузија не е тоа тоа. Се надевам не се повреди Митев (изгледаше на можна луксација на рамо), ќе ни треба на следните натпревари кои ќе решаваат за финален пласман (Австрија и уште 2 потоа). Баш ме интересира каква сезона ќе има и како ќе напредува Митев помладиот, се надевам во Мултиесенс ќе го пуштат ако е во првиот тим (Алкалоид) ќе го осакатат, ќе остане без минутажа.

За мечот, со толку технички грешки не може да се победи, макар што барем за 10 криви беа судиите, ама што е тука е...
 
Од ИХФ не ни имаме некаква поткрепа. Па и домаќини кога бевме на последните кадетски првенства, мажи во 2019 и жени ланската година, имавме безвезе судии. На Европските натпреварувања добивавме добри судии дури Начевски беше таму и на клубско и на репрезентативно ниво.
Во моментов не личи дека Австрија има некакви шанси со Норвешка, па со нив да гледаме да ги победиме за да играме за некое 9-12 место.
 
Сите егал дешавки отидоа на наш грб. Од друга страна данциве кога ќе ги видиш во некои основни движења одма се гледа дека се класа бољи на индивидуално ниво, типа преклоп 1 на 1 кога ни правеа, мислиш у еден чекор ја прави финтата и више е позади нашиот дефанзивец од тука само гол или пенал и 2 мин друго нема.

Јас сум задоволен, не имаа проверено, ги затворија пикерите, шут од 9 и немаме некој бомбер што ќе распали, ова е следното нешто на кое што мора да се работи, сигурно има деца со потенцијал у лигава што имаат топ у рака да се избрусат на какво такво ниво да се донесат да можат да спукаат топка, од друга страна за такво нешто више имаме играчи у сениори, ама со оваа генерација како турка напред мора одма да се мисли на што после неа.

Се на се океј сме, не симнавме гаќи и не се натртивме. Штета за таа прва утакмица со Норвешка, ама што е тука е. Изиграно у склоп на можности, некои ствари сами утнавме некои ствари судиите зезнаа ама на моменти при крај се осети и дека дозираа данциве. Можеше само на 2 пати да ги скоцкаме у паника кога влегоа со играч помалце кога им се доближувавме ама тогаш ќе досудеа некое глупо пробивање и овие место на -2 идат на +4
 
Сите егал дешавки отидоа на наш грб. Од друга страна данциве кога ќе ги видиш во некои основни движења одма се гледа дека се класа бољи на индивидуално ниво, типа преклоп 1 на 1 кога ни правеа, мислиш у еден чекор ја прави финтата и више е позади нашиот дефанзивец од тука само гол или пенал и 2 мин друго нема.
Тоа е така затоа што се физички надмоќни.
 
Poraz e poraz , ama koga sakaat sudiite da te presecat i da ne ti dadat da se priblizis, e toa ne e vo red.
Фаулите да фиксно, престапот на крај не сум баш сигурен дека е, идев фрејм по фрејм и ја исфрли на време не видов само дали скокна во 6м топката или надвор.

Пак тоа се 2-3 гола, нормално у тој момент на налет може да се сврти ама сеа пак збориме што би било кога би било. Реално беа бољи за класа на физички план и се осеќаше тоа. Наше е да стегнеме заби и да изиграме машки со Австрија за што бољи пласман, нешто инфо околу повредата на рамо да не има некој?
 
Фаулите да фиксно, престапот на крај не сум баш сигурен дека е, идев фрејм по фрејм и ја исфрли на време не видов само дали скокна во 6м топката или надвор.

Пак тоа се 2-3 гола, нормално у тој момент на налет може да се сврти ама сеа пак збориме што би било кога би било. Реално беа бољи за класа на физички план и се осеќаше тоа. Наше е да стегнеме заби и да изиграме машки со Австрија за што бољи пласман, нешто инфо околу повредата на рамо да не има некој?
1691448002465.png

Чист ко солза, ко на Серафимов против Бутел
 
Дамјан Митев мене ми е најголем талент, страшен потенцијал има во детето.
Се надевам не му е сериозна повредата и ќе може да настапи на следните преостанати дуели, мора да го играат од старт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom