Фан Клуб: Интер

Накрајот ќе испадни дека јас, СК92, Маркез и уште некој сме стенкале за Скамака и Трубин да се земи. Абе бркај ги тие.
Немало др достапни. КАКО НЕМА? Нека одврзат малку кесето и ќе има достапни. Сакаат со сув газ риби, и после: абе брат знаеш тоа е спрема можностите да гледаме, не сме Манчестер Сити.
Што меркато е ова жити се со играчи за кило семки се расправаме, после 1-2 лоши минати лета и на повидок лоша сезона, во која што имавме пенал доколку малку од малку се засилевме.

Еве и да ја освоиме Сериа А сезонава, в година кој ќе биде муабетот? Абе брат знаеш како, Барела сакаше во Ал Хилал, Самарџич замина во Јунајтед, сон му било ајде ќе закрпиме со Величе Шумоликовски.
 
Само Ерик Тохир за вас со Здравко Кузманович, Таидер и Кампањаро.
Не го мешај Кампањаро, играчиште за сите од тоа време.

Белфодил го заборави, Кореа за сиромашни.
 
Јас сум убеден да го земевме Трубин за 30м и да имаме лоша сезона кај што ќе гребеме за ЛШ вие што квичите дека го земала Бенфика за 10м ќе викате дека место за голман требало за нешто друго да ги фрлат тие 30м. Онака убеден сум дека ќе го зборите тоа. :D

Лично ќе почекам да заврши трансфер пазарот па да делам пофалби или критики, вака само ќе вергламе во празно. До вчера се мававме од земја дека немаме голман, еве денес имаме 2.
 
Последно уредено:
Еден да е од таа серија таленти :)
Гаргањо, Таидер, Переира...
Па додади тука дека се изнакупивме легендарни играчи ко Видич и Подолски, дојдоа, се посраа, си заминаа :)
Страшно беше, нема интераш шо остана со коса на главата :)
 
Страшно беше, нема интераш шо остана со коса на главата :)
Само Стекот има коса, побелена до душа, ама сепак е коса нели.... што можеби е подобро да ја нема вака кога ќе размислиме поубаво.
 
Само Стекот има коса, побелена до душа, ама сепак е коса нели.... што можеби е подобро да ја нема вака кога ќе размислиме поубаво.
Боље тоа него да личам на сериски убиец од Скандинавија. Т.е. у твојот случај ти личиш на оној од Нов Зеланд што влезе у џамија и си играше камај камај. Исссссссссссссст си ко него.
 
Милан продаде играчи и заработи околу 80м евра. За нови играчи потроши и поврќе од тоа.

Интер летово заработи 80 од продажба на играчи и се ослободи уште над 20 м обврски за плати. Тоа е плус од над 100 м евра.
До сега потрошени се максимум 30.

Не е спорно дека средниот ред е дури и подобар од минатата сезона.
Со Сомер и Аудеро сме ок на голманската позиција.
Одбраната може да биде на ниво со позајмен играч или ефтина варијанта.

Кинезите рекоа дека нема потреба од продажба на играчи, најавено беше дека ќе се продава Онана и ќе се инвестираат парите... Што се покрива сега со тие пари...
Зошто не де вложува во еден класа шпиц?
 
Во однос на Трубин, немаше да им вредат тие 40%, ако трубин беше планиран за долгорочно решение, како хандановиќ. Одма би платил 10 мил и 40% од следен трансфер, знаејќи дека купувам талент кој може да ми ја реши голманската позиција за следните 10-15 години. Па нека чекаат украинците 40% од 35 годишен голман. Отстапувањето на 40% од следен трансфер е проблем само ако играчот го гледаш краткорочно, т.е. планираш да го продадеш за некоја година откако ќе му порасне вредноста. Очигледно кинезиве го гледале како таков, па затоа им сметаа тие 40%. Ваквиот пристап сам по себе е проблематичен бидејќи очигледно се претворивме во фидер клуб.
 
Ние лани со Џеко, Лаутаро и Лукаку се мачевме гол да дадеме, бинарно игравме цела сезона па сеа со заминувањето на овие 2цава, рак за очи ќе бидеме.
 
Ние лани со Џеко, Лаутаро и Лукаку се мачевме гол да дадеме, бинарно игравме цела сезона па сеа со заминувањето на овие 2цава, рак за очи ќе бидеме.
Ќе сакаш да подобјасниш малце или чисто онака од ракав колку да се пише нешто?

У задњиве 4 години сме у просек од 100+ дадени голови у сите конкуренции.
113,101,106,100

У 3 од овие сезони има тројца стрелци со двоцифрен број на голови, 2 се на Инзаги, 1 на Конте. Титула освоивме со Хакими трет стрелец со 7 голови. :D

На прсти се бројат бинарните резултати.
 
Све можам да им прогледам низ прсти, ама ако панично искешираат 30М за Тареми на година дена пред истек на договор, од мртвото Порто каде еден играч не ни се погодил (па ни Гуарин), нека се самозатворат како клуб. Подобро Кваљарела од пензија нека го извадат.
 
Све можам да им прогледам низ прсти, ама ако панично искешираат 30М за Тареми на година дена пред истек на договор, од мртвото Порто каде еден играч не ни се погодил (па ни Гуарин), нека се самозатворат како клуб. Подобро Кваљарела од пензија нека го извадат.

Лол. Сега ми е јасно дека ти некои работи од инает ги збориш. Дали лично према мене само или си роден контраш не знам, ама до завчера објаснуваше како менаџментот ги трошел парите и ги правдаше дека многу добар дил направиле што не го земале Трубин за 10 милиони.
Сигурно и Бето кога го зборев си ролал очи ама сега подобро Кваљарела од пензија да го изваделе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom