Абе остај ти сеа конкуренти монкуренти, муабетите се кој е подобар од Интер и Милан.
Ти овие сезони на Интер ги окарактеризира како неуспех, некој ќе помисли едвај освоиле Скудето и после испаднале од лигата.
На страна сите срања што се издесија со менаџментот на Интер, ајде тоа не го зимам за оправдување.
Не е некој успех со кој се гордеам ама е далеку од неуспех ко што сакаш да го прикажеш.
Џонтра, сконцентрирај се малку. Поаѓаме од тоа дека Интер е неколку класи посилен од Милан (и од други?), зарем не тврдиш тоа цело време?! Ако е така, а јас воопшто не ти го проблематизирам твоето тврдење, еве ако треба и го прифаќам целосно (иако не мислам дека се класи во прашање), тогаш не може да биде успех да освоиш само едно првенство исто колку и Милан. Четири години си најквалитетен, а само една титула и тоа е успех?
Од друга страна пак, Милан и нивниот стабилен проект за газење во иднина, им донесе едвај Скудето, едвај пласман у ЛШ, отказ на 2 директори, продажба на пола состав кој беше проектиран да гази во таа светла иднина и се обратно од што ти обесуваше тука.
Што е ова ондак, ако тоа на Интер е неуспех?
Еве, отвараш и нови теми што немаат врска со првичниот муабет.
Не паметам нешто дека сум пишувал дека ќе газиме, класи сме посилни од другите, доминираме и слично. Туку дека клубот има предиспозиции постојано да биде конкурентен, да игра ЛШ, со одредени помали стани-падни моменти да оди напред.
И за тоа многу помалку сум се расправал со вас од другите фан клубови, не се ни сеќавам нешто дека многу сум обесувал во дискусија со фанови на Интер, Јуве и др., за овие работи, туку се докажував со катастрофичарите од нашиот фан клуб, кои предвидуваат црна иднина, 8 место, вадење пари од клубот за рати, камати, претварање ма клубот во некоја верзија на Удинезе.
И ако имаш на една страна такви црни сценарија, се друго мора да биде претставено како претеран оптимизам, без разлика дали навистина е така или само било тврдење дела не сме на таков пат кој води во катастрофа и пропаст. А си можел да се приклучиш кога си ги читал тие муабети и ти оставиле впечаток, за и денес да ги спомнуваш, па уште тогаш да ги разјасниме овие дилеми.
Како што се покажа и во овој преоден рок, ако нема некакви изненадувања, парите од Тонали се реинвестирани, плус ќе има околу 30-40 милиони, како што беше и претходната година. Тоа беше моето "обесување" последните месеци, докажувајќи се со катастрофичарите.
Во однос на управувањето со клубовите. Секоја промена не значи дека е лоша, ниту дека претходните биле катастрофа. Може да значи обид за унапредување, подобро функционирање, нови идеи, принципи на работа. Времето ќе покаже дали било подобро или не.
Повторно имаш забегување, од типот "пола состав продаден", а реално само Тонали е некој што нешто значи. А и тоа го пишувам неколку години, дека треба некогаш и да се продаде и реинвестира. Иако, се повеќе мислам дека не се целосни издржани тие мислења, кои и јас сум ги пишувал, за јадрото на тимот, чекање 4-5 сезони и слично.
И да, Интер во овој процес тргна со убедливо најсилен тим (и многу поголеми приходи), а Милан со тим којшто не можеше ни место во ЛШ да обезбеди, со помали приходи и др.
Не е идеално, не е ни успех што никој друг не може да го постигне, но ако се земе целиот период, тогаш клубот е успешен (претходната сезона ти пишав дека за мене е неуспешна).
А и Интер се држи добро, не се распадна (уште

), еве сега нешто менуваат, се гледа и околу трансфер политиката и желбата на Жанг да го рефинансира кредитот и ќе проба да не го продава сега клубот.
Но, ако земеш и по квалитет на тимовите и по состојбата во клубовите, Интер назадуваше претходните години, а Милан, сепак, има некаков напредок.
Кога веќе го правиш овој муабет, не можеш да кажеш дека Интер е во подобра состојба денес, отколку 2019, додека кај Милан има напредок. Дали доволен, дали следува пад, обратен процес кај Интер, тоа е веќе друг муабет...
На крај, јас во глобала задоволен од овие и претходните сопственици, ти од Жанг и Марота, па сега останува да гледаме кој ќе биде поуспешен во наредните четири години, кој начин на работа ќе се покаже поуспешен или можеби ќе има и промени.