- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.263
- Поени од реакции
- 12.987
Оваа стокава од народ не знае дека ако си заминат и тие белци фармери што останаа во Јужна Африка, ќе испоцркаат од глад.
Зимбабве ја доживеа мислам истата судбина кога прво ги бркаше белците, па после молеше да се вратат бидејќи ќе изумреа од глад.
Австралија мислам дека им ги отвори вратите на сите белци од Јужна Африка доколку сакаат да се преселат таму и да продолжат со работа.
Најважно е припадниците на белите малцинства да имаат каде да бараат засолниште во странство и да успеат да се засолнат.
Афричкиот Национален Конгрес во Јужна Африка од секогаш беше про-социјалистичко движење, Нелсон Мандела беше единствениот кој успеваше да им го обели образот, но сега кога од поодамна е покоен, нема кој да ги заузда јужноафричките социјалисти.
Прво воведоа закони со кои мора да им се дава приоритет на црнците при вработување во државните и јавните претпријатија бидејќи се мнозинство во државата.
Па потоа почнаа да ги отпуштаат белците од државните и јавните претпријатија, меѓу кои спаѓаат и претпријатијата за водоснабдување, па додека да трепнат, браната во Јоханесбург им се испразни бидејќи некој не знаел како треба да ја менаџира, а не биле белци бидејќи белците ги отпуштија.
Па потоа прогласија суша, а сега воведуваат квоти за количина на вода која им е дозволена на белците наспроти количината на вода која им е дозволена на црнците бидејќи се мнозинство.
Слично постапуваат и со белците кои се занимаваат со земјоделство, во Советскиот Сојуз успешните земјоделци и фармери познати како кулаци ги етикетираа како капиталистички профитери, при што им ги одземаа земјиштето и имотите, ги апсеа и ги депортираа во гулази, а во Јужна Африка белците не чинат бидејќи се малцинство, а на црнците треба да им се даде приоритет при доделување на земјиште бидејќи се мнозинство.
Стара приказна по ново сценарио, и секогаш со исти последици.
Белците нека си ги соберат парталите и нека си фаќаат џаде во било која држава која ќе им пружи засолниште, па црнците и нивните социјалисти од Афричкиот Национален Конгрес нека продолжат да си играат социјализам, ако не научиле од досегашните примери од други држави, ќе си научат од сопствениот пример, бидејќи тие кои не ја знаат историјата се осудени истата да им се повтори.