Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.610
- Поени од реакции
- 59.404
Арапскиот фудбал како никогаш до сега успева да привлече внимание на фудбалската јавност. Саудиска Про Лига составена од тимови кои доминираат на пазарот преодниов рок. Ако претходно сите погледи на фудбалските фанови беа кон Ал Наср и Роналдо, оваа сезона целосно се менува таа слика. Многу звучни имиња, накитени со златни медали и трофеи во најсилните европски натпреварувања добија мултимилионски договори во Саудиска Арабија. Па така и на форумов лигава е често тема на дискусија, па заслужува да има посебна тема.
Минатата сезона лигава броеше 16 клубови, годинава е проширена на 18.
Е сега, барем јас имам проблем што знам кои играчи заминаа во Арабија, во некој си Ал... ама појма немам кој каде е точно
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Абха
Не толку звучно име во моментов за обичните фудбалски фанови. Тим од долната половина на табелата. Од позвучни имиња во составот ги имаат Фелипе Каиседо и Урош Матиќ.
Последнава недела-две со овој клуб се поврзува Пољакот Криховијак.
Ал Ахли
Новиот прволигаш, а инаку интересно клуб што ја има и освојувано лигата (последен пат сезоната 2015/16).
Клубот на нашиот Џани Алиоски, можеби и едни од најактивните на пазарот во моментов. Тие во своите редови го донесоа голманот Менди, Фирмино, Марез, а се шпекулира дека веќе договорен е и играчот на Њукасл, Сен-Максиман. Дефинитивно клуб што ветува сезонава.
Ал Акхдуд
Уште еден нов прволигаш. Но во моментов ништо интересно околу овој клуб. Најпознато име за нас е веројатно Соломон Квирквелиа, Грузиецот што 5 пати има играно против репрезентацијата на Македонија.
Ал Фатех
Клубот што сезонава ќе биде предводен од хрватскиот стратег Славен Билиќ. Во клубов од претходно настапува поранешниот играч на Барселона, Кристијан Тељо, а летово во своите редови го донесоа и белгискиот стопер Џејсон Денајер
Ал Феиха
Повторно, просечен клуб од долната половина на табелата.
На голот го имаат поранешниот српски репрезентативец, Владимир Стојковиќ, кој е веќе во својата 40та година. Во нападот го имаат Милан Павков кој претходно настапуваше за Црвена Ѕвезда.
А "виновник" за зголеменото присуство на Срби во овој клуб е веројатно нивниот тренер, Вук Рашовиќ.
Ал Хазм
Старо-нов прволигаш. Португалец тренер и главно странците во клубот им се играчи кои настапувале во португалската лига. Не толку звучните Бруно Виана, Тозе и Ола Џон.
Ал Хилал
Убедливо најтрофејниот арапски клуб, како во домашното првенство, така и во азиската лига на шампиони. Клубот каде што настапува и капитенот на репрезентацијата на Саудиска Арабија, Салем Ал-Давсари.
Нормално, уште еден активен играч на трансфер пазарот. За новата сезона тие се засилија со Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Миликовиќ-Савиќ, Малком, а од претходно во овој клуб настапуваат Муса Марега и Андре Кариљо.
Годинава Ал Хилал ќе биде предводен од португалскиот селектор, Жорже Жезус.
Ал Итифак
Клуб најпознат по тоа што во сезоната 23/24 ќе биде менаџиран од Стивен Џерард. Конекциите што ги има со англискиот фудбал дефинитивно беа клучни за во овој клуб да пристигне и Џордан Хендерсон. Негови најзвучни соиграчи ќе се Тисеранд и Муса Дембеле, а Ал Итифак е вториот арапски клуб кој има Македонец во своите редови, стоперот Дарко Велковски.
Ал Итихад
Минатогодишниот првак на Саудиска Арабија. Клубот што "не му дозволи" на Роналдо да дојде до шампионскиот трофеј. Ова ги направи втор најтрофеен клуб во Арабија, веднаш за Ал Хилал.
Можеби најзаслужен за ова беше мароканецот Хамед Алах, кој со 21 гол беше и најдобар стрелец во лигава.
Еден од клубовите што прв повлече нога сезонава со богатите договори, купувајќи го најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема. Подоцна во Ал Итихад пристигнаа и Нголо Канте и Жота (оној од Селтик). Друштво би можел да им прави и Фабињо од Ливерпул.
Втора сезона по ред клубот ќе го води Нуно Еспирито Санто
Ал Калиј
Клуб што беше на раб на испаѓање претходната сезона. Уште еден клуб предводен од португалски стратег, Педро Емануел. Не толку прочуен како тренер, но како играч беше дел од онаа генерација на Порто што успеа да дојде до европската круна во сезоната 2003/04.
Повторно, од каде е тренерот, од таму се играчите. Имаат не толку истсакнати играчи кои претходно настапувале во Португалија. Најзвуно име е веројатно стоперот Лисандро Лопез.
Ал Наср
Дефинитивно арапски клуб за кој што најмногу се говореше годинава, причина за тоа е Роналдо. Минатата сезона завршија како второпласирани, а овој пат во борбата за прво место на Роналдо ќе му прават и Марсело Брозовиќ, Алекс Телес, Оспина и Секо Фофана. Трета сезона во клуб ќе биде и одличниот бразилец, Талиска, кој 2 сезони успева да дојде до бројка од 20 погодоци.
Според некои извори во многу скоро време на клубов би можел да се придружи и Садио Мане.
Ал Раед
Е што да пишам за овие бе? Ништо интересно не видов. Ај може ќе испаднат.
Ал Ријад
Последната карта ја фатија за влез во прва лига. Завршија како 4то пласирани во втора лига, што би значело ни таму немале доволно конкурентен тим. Победници во борбата за опстанок ќе пробат да бидат преку купувањето на Хуанми од Бетис, но за сега ништо официјално нема околу овој трансфер.
Ал Шабаб
Без многу звучни имиња, но клуб што добро си ја брка работата. Веќе три сезони по ред завршува во топ 4 екипите. Исто толку време во клубов помина и Евер Банега, главен играч на клубов во средината на теренот.
Инаку ова е клубот каде што претходно настапуваше Одион Игало.
Ал Таавон
Исто така без некои позначајни имиња од европскиот фудбал, завршија веднаш зад Ал Шабаб на 5тата позиција. Во одбраната незаменлив им е бразилскиот стопер Налдо (оној другиот, од Еспањол послабиот) и "талентот" на Реал Мадрид, Алваро Медран
Ал Таи
Просечен клуб, предводен од хрватот Крешимир Режиќ. Таков и ќе остане како што стојат работите.
Ал Вехда
Дом на поранешните играчи од шпанска Ла Лига, Костариканецот Оскар Дуарте и мароканецот Фајсал Фаџр
Дамак
Само втор клуб во лигата што нема "Ал" во името. Во составот ги имаат не толку прочуениот хрватски репрезентативец Домагој Антолиќ, како и холанѓанецот Адам Махер (најпознат по своите настапи во ПСВ).
Тоа би било накратко моменталната состојба во арапските клубови. Искрено, се надевам (т.е. посакувам) оваа листа да не се проширува многу многу...
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Ако ви се допадна оваа тема, лајк, шер, комент и сабскрајб на мојот профил за уште повеќе вакви содржини.