Формула 1 - сезона 2023

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2023?

  • Макс Ферстапен

  • Серџо Перез

  • Чарлс Леклер

  • Карлос Саинц

  • Луис Хамилтон

  • Џорџ Расел

  • Естебан Окон

  • Пјер Гасли

  • Ландо Норис

  • Оскар Пјастри

  • Валтери Ботас

  • Џоу Гуанју

  • Ленс Строл

  • Фенрадо Алонсо

  • Кевин Магнусен

  • Нико Хулкенберг

  • Ник Де Врис

  • Јуки Цунода

  • Алекс Албон

  • Логан Сарџент


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.995
Поени од реакции
42.710
па колку сакате вие, последно место да го стават за менувач? Мерцедес 2021ва секоја трка мотори менуваше да парира на Ред Булот па 5 места му даваа на Сер Луис.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.228
Поени од реакции
1.493
Лани стартуваше 14ти и веќе во 12тиот круг го превзеде водството, победи со 17 секунди пред Перез и 26 пред Саинц зато што си ги штедеше гумите и си ја менаџираше трката инаку можеше и поубедливо. Типувам дека ладно и викендов ке смени уште нешто на болидот, чисто онака да се најде ново за наредни трки, пошто старт од 5 места поназад не е доволен предизвик за него.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Meanwhile Ferrari fans: :sramezliv:

Смешно е што МекЛарен успеа да се искачи лани, падне на крај на сезона и почеток на оваа и еве кај половина сезона да се враќа назад у врвот И ТОА СО ДВАТА ВОЗАЧИ. Додека Ферари успешно стагнираат па и тонат.

Му ја ебавме кариерата на Леклер за сите пари, не дека и он не заеба сам у неколку прилики али тоа е тоа. Ќе си почекаме уште неколку години да се понадеваме на успех у 2026та, ако кикснеме и таму, здравје 2030 некои промени, или на крај краева WEC ќе си пратиме, таму барем освоивме нешто :cautious:
Колку што е Ферари крив толку е и Леклер. Премногу грешки и он направи. Совршена комбинација на медиокритет се.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.297
Поени од реакции
5.585
Колку што е Ферари крив толку е и Леклер. Премногу грешки и он направи. Совршена комбинација на медиокритет се.
Да да дефинитивно тоа, не е дека Леклер извозе перфектно, ама мислам дека да имаше болид конкурентен низ цела фаза дека тие грешки и немаше да имаат преголемо значење, ма да може грешам. What if е сценарио, секако не се бега од фактот дека неколку пати има укакано ничим изазван.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.995
Поени од реакции
42.710
Леклер кога ќе може да го милува ѕидот без да се упука ко Верстапен што го направи тоа во Монако, може да речеме дека има капацитет детето за првак. Тоа е максимумот еден шофер што може да го направи.


Ко на времето Сена кога се удрел у ѕид на некој свиок, му рекол на тој ѕидот дека се померил. Им било смешно, но кога виделе, стварно било така, некој при судар го изместил за некој милиметар и он го допрел. На тоа ниво вози Верстапен.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.297
Поени од реакции
5.585
Видовте последната глупост што ја смислија?

Ако било премногу дожд за да се извозат квалификации, трката ќе стартувала по редослед како што се резултатите во шампионатот моментално. Барем да ставеа обратен грид од резултатот во шампионатот за да бидне интересно.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.724
Поени од реакции
12.740
GP ми е ваљда омилен од ова Ф1 секретаркиве. Му се пушти на Макс, ко на мало дете :pos:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.297
Поени од реакции
5.585
Еден од ретки моменти кај што Ферари го јаде со пит-стоп а не е нивна кривица.

Лошо е кога видов како пропадна Сајнц ама тоа е таа несреќа и двата болиди да биднат близу еден друг а и гаражата да е на почеток, мораа да чекаат сите да влезат и го јадеа 2 пати истото. Прашање е ако направеа оверкат дали ќе имаше некој успех. Од тука натаму идејата беше bring it home зашто е непотребно да се ризикува било што кога утре има трка
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.297
Поени од реакции
5.585
Пиастри му ја еба трката на Саинц, No investigation needed. Среќа па OUT е

Скоро па иста ситуација од вчера со Хамилтон и Перез

Ако пишам што им мислам ќе треба да јадам бан на некое време од форумов, така да ќе преќутам
:LOL: :LOL: :LOL: :LOL: :LOL:
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.724
Поени од реакции
12.740
Пиастри му ја еба трката на Саинц, No investigation needed. Среќа па OUT е

Скоро па иста ситуација од вчера со Хамилтон и Перез

Ако пишам што им мислам ќе треба да јадам бан на некое време од форумов, така да ќе преќутам
:LOL: :LOL: :LOL: :LOL: :LOL:
Па не би рекол дека Пјастри е крив тука. Го затвори комплетно, дури и во ѕид се удри човекот. Ај нека биди racing incident ама повеќе Саинц заеба тука.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.098
Поени од реакции
46.005
Се слагам, повеќе да речеме дека е тркачки инцидент, Пјастри реално правеше све за да го избегне судирот и на крај сам си ја сјеба цела трка, немаше каде да оди а Сајнц од друга страна имаше простор пошироко да влезе тука али тоа е ...

Надреална, невидена до сега иначе доминација не еден тим или повеќе да кажеме, на еден возач, ги поместуваат границите, минатиот викенд го срушија рекордот на Мерцедес, 12 победи по ред на еден тим, денес 13та, Макс 8ма трка по ред победува, тука се и спринтовите, пол-позициите, не сме сведочеле на вакво нешто реално гледано.

Имав прилика минатиот викенд да ги гледам на Хунгароринг, на 11та кривина влезот, разлика од редбуливе со другиве е језива за гледање, ко ф2 болиди делуваа другиве у споредба со редбул и Макс, жал да те фати за све остало. Се плашам дека овој тренд ќе продолжи и годиниве што следат, барем следна, ко што рече и Хамилтон, може да ги стигнеме донекаде годинава зашто веќе не се замараат они со болидов од оваа сезона, веќе работат на следната, али ајде ќе видиме.

Макс е влезен у Сена моуд, овој Срки од спортклуб србинов убава паралела даде со него, дека исто ко и Сена, така и Макс настојува секој нареден круг да му е побрз од претходниот, типот сакаше пак да влага у бокс и технички можеше мислам да го изведе ова ама не отидоа на тој ризик овој пат. 6ти денес стартуваше, пак заврши 20 секунди пред неговиот тимски колега, језиво. Факт е дека имаат супериорен болид, ама и факт е дека Макс е преебано добар возач, ужасно комбо за сите што сакаат неизвесност кога е во прашање битката за титула.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.995
Поени од реакции
42.710
Само моторот да го погодат РБ и ќе биде Макс првак до 2030та, секој рекорд успат ќе биде оборен.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.228
Поени од реакции
1.493
Нешто тука смрди, колку и да е Макс подобар возач од Чеко, не може онаква разлика да прави, мислам дека не се исти болидите на Макс и Чеко, ако се прегледа детално болидот на Макс, сигурно има нешто нелегално таму ама тие шо треба да пронајдат - не смеат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.995
Поени од реакции
42.710
Нешто тука смрди, колку и да е Макс подобар возач од Чеко, не може онаква разлика да прави, мислам дека не се исти болидите на Макс и Чеко, ако се прегледа детално болидот на Макс, сигурно има нешто нелегално таму ама тие шо треба да пронајдат - не смеат.
Макс има дугме со кое му го успорува болидот на Чеко, исто така има уште едно за Чеко судар да направи.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
И да има нешто нелегално има уште 9 тима што можат да го направат истото, но не го прават зошто не се способни.

Ич не ги сакам РедБул уште од времето на Фетел, но мора да се признае дека ги мочаат останатите тимови кога доминираат.

Ако се сеќавате со Гасли, кога го вратија во ТороРосо а тој успеа да фати подиум наредната трка со многу послаб болид. Едноставно болидот е правен по мерка на Макс и други возачи многу тешко се снаоѓаат. А овој пак вози како робот.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom