Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Само вистинските филмомани ќе се сетат од кој филм е ликов :icon_mrgr:

MV5BMWFiOTc3YTEtODA0NS00YjU2LWFkNTUtOTNiNzFhOTM1MDY0XkEyXkFqcGdeQXVyMjUyNDk2ODc@._V1_.jpg
Кај ти текна на филмов бе :pos: Смешен е од што е глуп…
 
Не можев да се сконцентрирам, цело време мислев на плочките. Имаа некои чудни шари такви како Роршахов тест.
Не знам што е потажно: дали тоа што си ја натерал жена ти да гледате Барби, или што не си можел да се сконцентрираш на Барби мислејќи на плочките, или што јас нема да можам да се сконцентрирам на Опенхајмер мислејќи на плочките кои не се ни мои и за кои не морав да бидам информиран... :D
 
Го гледав Опенхајмер, брилијантен е филмот од мене 9/10 . Многу имиња, ликови, каша попара ми стана мозокот реално многу трае можеле да скратат делови но не очекував ништо помалку од Нолан и таква екипа на актери.

За Барби сигурно нема да платам карта да го гледам во кино, пресмешно ми е се тоа плус мразам розева боја мислам ќе ослепам од толку розе ако го гледам но од чиста љубопитност ќе го проверам сигурно кад тад на компјутер.
 
Каков Опенхајмер каков Барби бев да го гледам последната Невозможна Мисија нема утка во тој серијал,каков мелем за очи и душа.Се надевам дека Том Круз и другар му Кристофер Мекуари ќе прават бесконечен број на невозможни мисии.

Пред некој ден загледав како се снимале стантовите за невозможните мисии а претходно вртеше по интернет како Џеки Чен гледа рикеп од неговите стантови и повреди со ќерка му и плачат и со реков овој Том Круз поштено си го вади лебот, Џеки Чен за помекава генерација. Одамна немам гледано Невозможна Мисија и следен маратон би било тоа.



Последно два филмови бек ту бек ги гледав третиот Хобит и Интерстелар. Уф. Денес Барби и Опенхајмер беа кул пар но не подобро искуство. Не знам дали уште еднаш би идел на кино да гледам два филмови во ист ден, стар сум, колено, вид, потреба за мокрење… сега сфаќам на @Io Sono Interista како му било со нас пред 15 години. =)

Барби… не е сјајно кога една од главните силни страни е тоа што филмот не е барем досаден и брзо тече. Марго е можеби најубавата глумица во моментот а не ми е ни тип плавуши, Гослинг е смешен и не замара. И тоа од филмот, ништо друго не ме привлече. Мене обратно од Џими, ми изгледаше неоригинално дури ни идејата за било какво екранизирање, ми беше како подолг SNL скеч со просечен инстаграм-рилс тип на хумор, севкупно да не кажам… пластично, (не тоа што функционираше пластично) но, морам. До скоро не знаев дека е у комбинација на Грета и Баумбах а ги поштувам, поготово многу го љубам Франсес Ха! но, тука за мене потфрлија. Не е тајмингот за Барби.

1 или 2 од 5

Опенхајмер… суров. Го гледав 70мм но не 70mm IMAX и мислам дека згрешив, мислам е подобро да се гледа регулар IMAX отколку 70mm што не е IMAX. Изгледаше супер 70mm но страдаше на звук. Го гледав после него, иронично, Барби у IMAX и звукот беше коска у споредба. Она што беше кул на 70mm проекцијата е што немаше трејлери, еден тип даде вовед за форматот и го прејзаше Нолан некоја минута. Беше доволно фин и не покани во собата за проекција каде можеше да ги видеме ласерот и филмската лента која била долга 7 километро и уште некоја минута објаснуваше техникалии а јас тонев повторно во љубов за филмовите. :love:

Иако собата беше во некој процес на реновација, направив некои брзи фотки за меморабилија кога веќе не можеше да си отидам со еден физички фрејм од филмот. Слики подолу.

Околу филмот, Нолан не добива инстант пас кај мене поради неговото име а немаше да дозволам ни импресивната листа на познати глумци тоа да го стори за него туку секогаш оставам филмот да си го заработи статусот. Пример е единицата за Данкрк за која Злате мисли дека е од инает а јас сеуште ја мислам и штета за уништената IMAX камера у тој филм, читав дека не се многу примероци у свет, 12 тотал мислам. Но тоа што е константно кај Нолан или барем за мене е, без да навлегувам во приказната, е начинот како знае да ја раскаже и секогаш ќе биде фраер поради тоа. Опенхајмер има заслужен хајп и високи оцени бидејќи е филм достоен за тоа, филм кој се почитува бидејќи, реално, колку пати сум се наежил на филм? Веројатно бил повторно од Нолан.

Затоа 5 од 5

IMG_0824.jpeg

IMG_0827.jpeg
 
Еј досадни сте со ова Барбито де барбито, педери, феминистки, мислиш пак луѓето попаметно ќе искористат два саати во животот, па зашто го гледале.

Јас планирам и двата да ги гледам, ќе видам каде и кога, битно на листата ми се.

Кога сме кај комедии и клипот погоре, го гледав денес A fish called Wanda и не очекував толку да се смеам. Филмот е од 88ма, има одредени сцени кои денес ваљда се сметаат за недоличен хумор, и затоа е одлична комедија. :D
 
Ана Иванович се облекла у розово и најјаката пичка на светот Марго Роби позеленела од завист. Ова се насловите на регионалните медиуми деновиве, мораше и за балканска дроља да направат филм. Како да не беше доволно шо ни пукаа розови огномети од секаде.
 
Колку е ова лудо.

Уапсен е човекот што е финансиран да прави филм за анти-трговија на деца за киднапирање на деца.

Ако го читаш насловот лудо е, ако го отвориш текстот и не е толку лудо:

One of thousands of patrons of the crowdfunded anti-child trafficking film Sound of Freedom was recently arrested and charged for child kidnapping, according to a court filing and social media posts.

Мал донатор е во прашање, донирал нешто колку да се прикаже како добар дечко. Веројатно така и го фатиле ако им бил на радарот за трговија за деца, постирањето на ФБ дека донирал е своевидно признание :D
 
Толку се фатија на Sound of Freedom од некоја причина (секако дека е темата што ја обработува, затоа што нашле начин како „конзервативен филм“ да обликуваат во чалјд трафикинг тема), па воук лобито направија контра ефект што му дадоа толкаво значење. Да не излегуваа толку конспираси теорис за филмот и сиот тој хејт на виделина, никој немаше да забележи дека излегол ваков филм, ќе поминеше сосема онака, под радар.
 
Колку е ова лудо.

Уапсен е човекот што е финансиран да прави филм за анти-трговија на деца за киднапирање на деца.

Искрено алгоритамов по социјалниве медиуми од старт ми вади статии поврзани со филмов, и уште од старт секој мејнстим медиум го критикува поврзувајќи го со подржувачи на Трамп и оние QАnon или како и да беа тотално небитно, теоретирачи на милион заговори во Америка



Конкретно за ова што си го пишал

1691349456600.png

Во забеган свет живееме, на крај пола од лудите теории за заговор ќе испаднат точни, како систематски секој мејнстрим медиум го минира филмов тоа е нешто фрапантно, али контрапродуктивно им испадна све тоа со оглед дека никад немаше да има ваков интерес и заработка филмов, да не се дешаваше све ова. Tипов е иначе еден од над 6000 рандом донатори на проектот, претставен е по медиумиве како режисер, продуцент, сценарист на филмов и секако дека ја има една од главните улоги.

Пак ќе кажам, страшно е ова што сите мејнстрим медиуми го минираат проектот, веќе не се ни кријат очигледно, страшна секта го контролира целиов наратив и богзнае што све праи у позадина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom