Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Една италијанка ми раскажуваше вечерва за Сицилија и како е настанат зборот Мафија и ова ми остави впечаток или ме остави nachdenklich - замислен, за тие шо не зна швајцарски.
Имало некој татко на Сицилија, кој ќерката ја чувал ко под стаклено ѕвоно. Арно ама, некош и се случило да излези сама, ова можи била уба ко Малена на Белучи, па група од мажи ја истепале и силувале.
Кога таткото ја нашол, над телото извикувал mia Figlia, со сицилијански дијалект, ма-фија ма-фија.
Решен да ја земи Јустиција во свои раце, ги собрал сите роднини и стокмил план да спроведи нешто, што нашите роднини Албанци го викаат, крвна одмазда. Чекор по чекор, решил да ги убие сите мажи кои му напакостиле. Цела Фамилија била согласна и доброволно учествувала во убиствата, кои членовите на семејството не ги гледале ни како криминал. Туку, како чиста правда. Нивна правда, во нивни раце. Не таа на Бог.
Веројатно инспирација и за амерички Кум во 70ти. И за италијанска Малена во 2000та.

Италија ја сакам од најстарите времиња на Етрускија, време кога уште вулканите на пенинсулата тиштеле како жарчиња. До нивна апсолутна везуфска ерупција - епицентар на Империум Романум, со провинции Дачија, Илирија, Македонија. Преку Ренесанса до денес. Ептен посебен народ, засекогаш европската Вилирија на Таргеријан. Лајк.
Автоматски споено мислење:

бонус. Бардот само сакаше да избега од нејзината грозна богаташка католичка фамилија, од која момето не можеше да си земи ни воздух, ко замина да живее на село на самиот Југ од Франција, шо подалеку од Париз.
Село кое шо ете го носи името Свети Тропе. Не сакаше таму да ги свлечка Роми Шнајдер, Софија Лорен или остатокот од џетсетот. Има видео во 70ти каде зборува за тоа, колку е трагично што многу појдоа таму да и бидат соседи неа, а идат уште повеќе, но никој не застанува да ги помириса боровите, ниту портокалите, ниту лавандата ко незе, никој не го гледа она што го гледа таа, а е причината зошто цел живот останува таму - и покрај џетсетот кој ја следи, дури и подига златна статуа на плоштадот од самото село. #ЕВРОПА.
3b3519360d16a630cc2688bbc6c2d302--slim-aarons-promotion.jpg

grande_unframed_stamped_102060802_Saint_Tropez_Beach_1_l.jpg

GettyImages-84941412.jpg
 
Последно уредено:
Со сета почит до дечкото што гледал Far Cry 1 на јутјуб, али ја баце ја играв кога испадна.
Нормално, пиратска верзија за стотче од ЕГМА. Го глеаш знамето, едвај чекаш нашколо да стасаш да кажеш на другите.
Тој Дејан што беше ЕГМА негово, мислам така се викаше, знаеше кои финти му ги правиме ама фер човек, попуштање до даска за нас. Ќе му купиме игра, оди дома инсталирај, копирај, прережи, врати му ја, леале, не ми ја фаќа, коа демек, ај дај нова, и се смее, ај бирај друга
Имаше и тогаш форум, ама интернет немаше секаде, сме оделе до другата страна на градот да симнеме нешто битно, или да најдеме на интернет туториал како се мине нешто, па си пишуеш на лист па одиш дома пробуеш да поминеш, па дешифрираш од тоа што си запишал.
Златни времиња, heroes of might and magic, the da Vinci code,и COD single player, кантер со македонски јазик, и нормално winning eleven, па после испадна PES. Фифата беше тешки греови од гејмплеј, барем за мене и моите другари, само ПЕС се играше
 
Што е со вакви девојки? Каде со толкави веѓи?

Не можам да ги разберам ваквите девојки кој со сила се прават интересни и убави. Ок не сакам да омаловажувам никого ниту намерата ми е таква ама тој што сака вакви жени нешто не е во ред со него.

Лошото е што денес социјалните мрежи повеќето ги расипаа луѓево а во овој случај девојкиве и жени. Сите сакаат да живеат на висока нога, инстантно да станат познати на интернетот, цело време да се на забави со телефонот правење сториња секој ден и вечер, напумпани со силикони, со кило шминки..
 
Драга,
Чим можат да си фанат женска црни, дебели и слаби машки, значи имам шанси да ме фани некоја врска и да се здебелам после слободно. Инаку да, подобро ќе се здебелам покрај море со јадење на три порции отколку овде со сендвичи.
ПС: Си ја сакам државава, ама ќе си појдам јас во блиска иднина покрај море да живеам.
 
Лани ни прокапи вода од комшиите над нас и ни паднаа два квадрати кнауф од вецето, а цело време бевме со план да го реновираме и ај сега ај после, остана така дупка. Следно се поквари туш кабината, па пукна цефка, па трето, и конечно дојде време да реновираме веце. Јас не сум многу по чепкање ствари дома, дај ми да мислам нешто ќе го мислам цел живот, ама за акција сум малку терсене. Другар мој, за разлика од мене, е doer наместо thinker, живчан е целиот таков, само чепка некои ствари никако да ги дочепне.

Откако се решив да реновирам целосно од корен, со си инсталација и сѐ, другаров ми вика Не давај пари за плочки, најлесно се кршат плочки, има и на јутуб, ако сакаш ќе дојдам да ги кршиме. Не фала, ќе најдам човек што се занимава со плочки (ваљда се вика плочкар) и тој нека крши, јас ќе се занимавам со работи со коишто редовно се занимавам - бесконечно премислување и имање грижа на совест за целото свое постоење. Јасно ми е дека јас и другар ми сме произведени во различни фабрики - тој може, а јас не можам да одам на пазар3/купи продај, не сакам да знам дефиниција за абрип напамет, не одам по дома кај луѓе да им кажувам каква санитарија требало да одберат и дали да се стави проточен бојлер или не.

И така најдовме архитекти да ни направат по некој рендер, па ни се свиѓаше, па ајде демек одете видете плочки на неколку места. Запалив кола, ставив гугл мапс, ме однесе во некое гостиварско село, си мислам тоа е тоа, отидов по плочки ќе завршам на попладневна молитва во 5. Не знам баш што чорапи имам на мене, не сум едноставно спремен за ваков подвиг, но имаше штанд со сладолед на сред село и си реков не може сепак да биде толку лошо, може ќе јадеме сладолед во меѓувреме.

Бевме на 3-4 места, мислам дека после првите 10 минути осетив дека немам воздух. Вака исто се осеќам кога ќе ме натера жена ми да одиме во Ситимол. Издржав некако, се вративме дома, па отидовме на кино да го гледаме Барби. Таму еден шо го знам, ми кажува дека најсреќен ден му е денес - ги оставил децата на чување и правел што сакал со слободното време, вака не се осетил со години, дури еве и за на кино има време. Шо знам, му викам, мене секој ден ми е таков, секој ден можам да правам што сакам, изгледа е ок и ова, нo не е wow. Мислев дека тука заврши разговорот, но не - Џими не мислев дека ќе го гледаш Барби, као модератор беше еднаш, мистифицираше за режисери и ја бараше смислата на животот, а сега седиш во ред со 10годишни деца. Уживај, филмот е доста комплексен и не е за деца, а и жена ми ме натера (јас ја натерав, а секако и дека ништо од ова не погодив).

Не можев да се сконцентрирам, цело време мислев на плочките. Имаа некои чудни шари такви како Роршахов тест. Си легнувам да спијам, сѐ што гледам во црнилото од очите се контурите на плочките за во вц (и мат и сјај, и за на ѕид и на под, двете варијанти), сите симболи на Роршах кои ме доведоа до сржта на постоењето, ѝ велам на Марија - Сите трауми ми се од детство, затоа сум станат people pleaser (го видов терминов на инстаграм реел, оттогаш го повторувам во секоја прилика), ова е неизлечливо. Порано и летата беа долги и полни со ентузијазам, сега се мачни и мачнината нема врска со плочки и реновирање, туку општо, сѐ е некако безвезе. Ај легни си, ми вели, сабајле треба да одиш на неколку места. Изгледа и не можам да правам што сакам.
 
ДК
Ги гледам овие идиотиве, бугарските фанови и ми се крена коса на глава...која слобода, кој безобразлук, провокатори ретардирани...како ли ке се реши натпреваров страв ме фаќа.
 
До мене ли е или жените станаа опседнати со мажење? 3-4 месеци дејтање и некој вид на врска и веќе почнуваат со муабети меѓу редови за некоја заедничка иднина.

Нели може да се ебеме, шетаме на разни туристички места, уживаме во убава храна, ќе си правеме романтики и после тоа секој да си фаќа патот дома? Нејќам јас да бирам плочки за купатило и утре да треба да одам на некои места.

Not on my watch.
 
Нешто чудно се дешава со народов.Абе живи радости дека ги тепале бугариве во Чаир.Не дека бугариве нешто се цвеќина со нивниот национализам,ама да се радуваш дека тие шо ја уценуваат државава од 2001,да се радуваш на тие шо не плаќаат струја затоа шо биле заштитени ко бели мечки,на тие шо протестираа за ослободувње на убиците на децата на Смилковско,не е ништо друго туку тиха патња и беда.Шо се радвите бе алоо заборавивте на ќотегот шо го изадоа комитите на Кале од истиве? Го заборавивте Саздо?Во кава бедна ситуација сме како народ страшно нешто.Единствена светла точка ми е Артан Груби кој како чесен и поштен политичар возел Цитроен Ксара од 2000та.:cautious:
 
Последно уредено:
нејќам досадно топло зелено чајче со мед,
туку темносин пијалок со мраз.

и бугарите и Груби би ги качил на него, реално,
подобро би ги фрлил на крокодилите ко шо праела влахијната Клеопатра од Египтум, или би тестирал отрови на нив, ама тие времиња поминаја, штета.
 
мојот бонус за вечерва е од рубриката српски мега пици од рани 2000ти <3
кеш. кеш. кешкешкешкеш #МакедонецотСакаИлиријско
овоа пиќе е родено во Ниш, или Наисус, или градот на Јустинијан.

 
Порано девојка од чоколаду, а ск од пластику.

Византизкиии од толко спамирање не му одговори на барабу за Барби и Опен филмови. Елегии затебе.

Или можда си одговорија.
Кој те чита докрај? :lolzz:


Лаку ноќ Драа онтопик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom