- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.429
- Поени од реакции
- 9.075
Ти колку сакаш можеш да ги негираш истражувањата и согледувањата на горепосочените историчари и да дозволиш да те влечат за нос разни пропагандисти како Каракачанов или Џамбаски.Хехехехехее, спинови, спинови, спинови .
Некако многу трошиш енергија да му го негираш и релативизираш идентитетот на личност, што во историски контекст кога несомнено постоел Бугарски идентитет, пишувал, творел, зборувал за бугарштина у Македонија и јазикот си го викал бугарски.
Замисли истото релативизирање да го правеш за Македонскиот етникум од тоа време ?
Или замисли истото релативизирање да го правеш за Античките Македонци ?
Не, со ова покажа тотален пристрас, никаква конструктивност, очај и апсолутен промашај во твојот обид да ја бранеш македонската историографија.
Верувачкиот став на темава ти е базиран на магла.
Ако со ова не согледуваш колку си индоктриниран, тогаш откажи се од таа тема, не те бива едноставно.
Инаку, првата теорија за потеклото на Бугарите, и тоа теорија за татаро- монголското потекло се појавува во XVIII век и за неа можеш да се заблагодариш на вашите верни европски пријатели и сојузници - Германите и нивните историчари фон Шлецер, Тунман и фон Енгел, кои истата ја промовираат.
Во XIX век се појавуваат угро-финската, словенската и автохтоната теорија за бугарското потекло.
Во XX век, нови истражувања се прават и Бугарите се воодушевени од туранската, хунската и иранската теорија за нивното потекло.
Што да очекуваме во XXI век? Можеби ќе заклучите дека сте Масаи?