Ај вака.
Единствено нешто што е прифатено здраво за готово и некритички е твоето верување дека народот од тој период имал Македонска национална свест. Размисли малку објективно за момент убаво, како ќе го докажеш тоа историографски ?
За такво нешто нема никакви историски индикации, додека дека имале бугарско, пишани рекорди има милион.
Во логиката ова е класичен пример на logical fallacy.
Ти како премиса здраво за готово земаш дека македонските словени имале македонска етничка свест и потоа заклучокот се разбира дека ќе ти биде погрешен, бидејќи самата премиса ти е погрешна.
Уште поапсурдно е тоа што, за таа премиса е практично целата оваа дебата на прво место.
Со други зборови, у теорија, тезата дека Македонците биле сметани како посебен етникум ти си предизвикан да ја докажеш, а ти ја земаш како премиса на прво место со цел да ја докажеш истата
.
Ова се нарекува:
Циркуларно резонирање
Или во Правото, се вика:
Begging the question
Македонските словени учеле во бугарски школи, предавале во бугарски школи, се селеле во територијата што потоа станува Бугарија и стигнувале до високи воени позиции од кога практично постојат сите овие институции, а не мешу двете Светски Војни.
Не требало никој да попушти за ова да биде случајот.
Тој историски контекст неможеш никако да го споредуваш со овој сега. Бидејќи кога еден гастербајтер оди и тврди бугарско потекло, тој во Германија дига знаменца на Кутлеш, а не пишува бугарски песни.
Додека, личностите на пример од нашето преродбеничко движење имаат многу индикативен бугарски сентимент и не делува дека не се горди на истиот според нивните пишани преданија.
Ако го земеш периодот после Букурешкиот договор, де јуре биле Срби. Онака според нивни чувства не гледам како нешто било поразлично од претходно бидејќи тој матен период на окупација као Вардарска Бановина не е популарен низ локалното население.
Ако мислиш во 19ти век, тогаш веќе ти објаснив.