@SharpShooter
Го прочитав линкот
https://www.radiomof.mk/stav-pet-zabludi-za-referendumot/ и овој се мои одговори(ќе коментирам на делови од текстот со цитати)
Еве го и преспанскиот договор од кој ќе цитирам.
https://mk.wikisource.org/wiki/Преспански_договор
Еве го и законскиот акт за референдум
http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:-Kf0jN5u9LEJ:www.fiskalnatransparentnost.org.mk/upload/pdf/nacionalna%20pravna%20ramka/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5.pdf&cd=10&hl=mk&ct=clnk&gl=mk
1.
Не може содржина на меѓународен референдум со декрет да одлучи дали некоја од странките треба или не треба референдум да одржи. Уставот и законските акти во склоп на уставот одредуваат за кои проблеми МОРА да има референдум, за кој проблеми МОЖЕ да има референдум и за кои проблеми НЕ СМЕЕ да има референдум. Преспанскиот договор само опишува дека втората страна(Македонија) ако сака може да одржи референдум за тоа дали да се интегрира преспанскиот договор во уставот или не. Што значи, преспанскиот договор припаѓа на категоријата на проблеми за кои МОЖЕ да има референдум. И тоа го споменува преспанскиот договор на повеќе места. Нема што преспанскиот добовор да одлучува дали референдумот кој можеше да се одржи( а НЕМОРАШЕ) да биде задолжителен или конслутативен. Не знам до кои крајности ќе одиш со интерпретирање.
Еве три цитати од преспанскиот договор:
2.
Хаха ова е уште една работа што е противуставна што дури сега ја забележав. Како може член од некој закон за било што да биде директно НАД уставот? Овој членот 23 од тој законски акт директно го променува членот 74 од уставот. Ова е ПРОТИВУСТАВНО.
3.
Ме зафркаваш? Уставот не познава консултативен референдум и точка. Не е тоа заблуда. Не знам како успевате да вадите нешто од ништо.
3.
Каков вид на прецизирање е противуставната категорија "консултативен референдум" кога таа категорија не ни постои воопшто?
Во уставот директно пишува дека одлуката од референдумот е задолжитена. Не може истовремено да се повикуваме и на член 73 од уставот а референдум и во некој член од некој закон кој оди буквално спротивно од уставот. Ако има таков clash, тогаш уставот има предност. Слично како примерот погоре со член 74 од уставот и член 23 од законот.
4.
Иако референдумот требаше да претставува референдум за прифаќање на преспанскиот договор, ова прашање сугерира дека е референдум за стапување во сојуз или заедница со други држави. А според уставот, доколку е таков референдум покренат, тој посекако мора да биде задолжителен.
Технички, прашањето не беше нејасно затоа што јасно е дека прашањето во суштина покрива ТРИ работи: членство во ЕУ, членство во НАТО и преспански договор. Тоа дека преспанскиот договор ги одплокира процесите а евроатлански интеграции е ЛАГА. Можеби, преспанскиот договор вклучува да Грција не попречува повеќе, ама не вклучува дека НИКОЈА друга држава нема да попречува во интеграциите. Што значи, полошо прашање за референдум од ова не можеше да постои.
5.
Ме зафркаваш? Прашањето буквално гласеше "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција". Како тоа референдумското прашање се однесува исклучиво на прифаќањето на Договорот со Грција, кога прашањето беше ДАЛИ СТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР? Белким знам што читам не сум слепец.
Или ај вака: зошто, едноставно, не беше прашањето поставено вака: "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција?" Или можеби "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција со кој ќе се одблокираат процесите за членстово во ЕУ и НАТО?"
6. Заклочок
Јасно ѝ е и на оваа дека преспанскиот договор во суштина е антимакедонски ХАХАХА.
Мојот заклучок е дека не може член од било кој закон да оди директно НАД УСТАВОТ. Затоа постои концептот на амандман на уставот, или промена на уставот, која мора да се реши со двотретинско мнозинство или референдум.
P.S
Има некој формално едуциран правник да даде забелешка и да придонеси во дискусијава?
Премногу си го искомплицирал во легалните води, ќе се збуниш и самиот.
Како прво џабе пробуваш да го анулираш законот за референдум бидејќи тој несомнено постои и не е измислен ад хок за Преспанскиот Договор, туку постои од претходно и не гледам како некој позиција/опозиција го негира правниот легитимитет на истиот.
Честа пракса е работи од Уставот да се доспецифицираат со посебни закони, не е чудно ова.
И не, убаво е напишано во линкот што ти го пратив, тоа што не се спомнува консултативен референдум у Устав, тоа незначи дека тој тип на реферндум е противуставен. Формално што сака да каже е дека не крши никаков постоечки член од Уставот. Пример нема член кој вели НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ ВО РМ.
За тоа под кои членови ти изгледаат од законикот контрадикторни со тој во уставот, не би се мешал, ниту пак би трошел енергија да ги разгледувам, сигурен сум дека нешто испушташ, тоа нема никаква врска со специфично овој референдум.
Доколку таква очигледна работа си открил дека законикот се крши со Уставот, ЕУРЕКА, ти си најјак правник у државата, одма репортирај насекаде!.
Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција
Ова е добро прашање за референдум. Мора да разбереш дека исходот од истиот формално значи ПРИФАЌАЊЕ на договор помеѓу Македонија и Грција.
Толку е референдумското прашање. Последицата е влегување во НАТО.
Секако, другата синтагма
Дали сте за членство во ЕУ и НАТО ? Постои за да допре до народот нешто поконкретно што го разбира.
Ако му ставиш само договор помеѓу Македонија и Грција нема да ја има онаа популистичка жичка која допира до масата.
Секако тоа е политичка игра. Ако почнеме тоа да го осудуваме тогаш крајот нема да ни се фати. Практично во цел свет политиката така се води.
Рачунај дека опозицијата и путинските пропаганди пумпаа реторика тогаш дека јазикот и нацијата ќе ни пропаднела ако сме потпишале.
Неможеш на овој народ формално се да му сервираш и онака го лажат од сите страни и тешко одлучува сам за себе. Ќе го збуниш само.
Исто така, не заборавај, ако трасираме на назад, еве го прашањето за референдумот во 1991:
Are you for a sovereign and independent state of Macedonia, with a right to enter into any
alliance with sovereign states of Yugoslavia?
Што мислиш ? Зошто она вториот дел стои
?
Има некој формално едуциран правник да даде забелешка и да придонеси во дискусијава?
Ако има тука правник формално едуциран:
1. или нема да биде во овој форум
2. или ќе биде ама ќе навива за Путин али нема да биде добар
3. или ќе биде добар, нема да навива за Путин ама ќе ти го каже истото што и правничката што ги дебанкнала митовите на постот што ти го пратив горе.
Blows my mind што бараш правник, а митовите ги објаснува
Весна Попоска, универзитетска професорка со доста уредно правничко академско CV позади неа.
Ајде сега, кажи ми како ја плаќаат од сдсм, бидејќи друго не ви останува