Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.298
Поени од реакции
86.197
Има вистина во ова или само им мачкаат очи на протестирачите?

Министрите за внатрешни работи, за одбрана и за животна средина, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Каја Шукова, потврдиле дека биле измамени.

Не знаеле за што гласаат, жими ашима...им рекле таму газдите од ДУИ да гласаат, и овие ко попчиња го сториле истото. Уште еден доказ дека моментално ДУИ се на власт во државава, на секое поле ги има, СДС само глумат дека се на власт.
Искрено кажете ми, освен Таче, Славјанка и Оливер, кој друг од СДС се истакнува или го гледаме пред јавноста? Така е, никој...дека и немаат кој друг да се експонира, сите останати кадри се од ДУИ, и нон стоп ги гледаме по телевизии.

Едвај чекам да паднат од власт комуњарскиве гомна, а со тоа автоматски ќе им се распадне и партијата
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.458
Поени од реакции
4.289
се уште мислите дека не треба акрополот да го ставиме у мелница и да ги тераме да ја јадат прашината?
 
Последно уредено:
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
@SharpShooter

Го прочитав линкот https://www.radiomof.mk/stav-pet-zabludi-za-referendumot/ и овој се мои одговори(ќе коментирам на делови од текстот со цитати)

Еве го и преспанскиот договор од кој ќе цитирам. https://mk.wikisource.org/wiki/Преспански_договор

Еве го и законскиот акт за референдум http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:-Kf0jN5u9LEJ:www.fiskalnatransparentnost.org.mk/upload/pdf/nacionalna%20pravna%20ramka/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5.pdf&cd=10&hl=mk&ct=clnk&gl=mk

1.
Одлуката за распишување референдум за договорот со Грција можеше да се однесува единствено на консултативен референдум, согласно истиот закон и Уставот на Република Македонија. токму затоа и во самиот договор референдумот не е предвиден како задолжителен механизам.
Не може содржина на меѓународен референдум со декрет да одлучи дали некоја од странките треба или не треба референдум да одржи. Уставот и законските акти во склоп на уставот одредуваат за кои проблеми МОРА да има референдум, за кој проблеми МОЖЕ да има референдум и за кои проблеми НЕ СМЕЕ да има референдум. Преспанскиот договор само опишува дека втората страна(Македонија) ако сака може да одржи референдум за тоа дали да се интегрира преспанскиот договор во уставот или не. Што значи, преспанскиот договор припаѓа на категоријата на проблеми за кои МОЖЕ да има референдум. И тоа го споменува преспанскиот договор на повеќе места. Нема што преспанскиот добовор да одлучува дали референдумот кој можеше да се одржи( а НЕМОРАШЕ) да биде задолжителен или конслутативен. Не знам до кои крајности ќе одиш со интерпретирање.

Еве три цитати од преспанскиот договор:

в) Втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум.
11. Постапките за брзо усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, а со цел целосно спроведување на одредбите од оваа спогодба, ќе започнат по ратификацијата на оваа спогодба од нејзиното Собрание или по референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум.
...ќе го извести генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна. Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа спогодба...
2.
Имено, законот во член 23 предвидува дека „Референдум на државно ниво задолжително се распишува за усвојување на одлука на Собранието за менување на границата на Република Македонија и на одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави.“ Уставот, пак, во член 74 вели дека „Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи“
Хаха ова е уште една работа што е противуставна што дури сега ја забележав. Како може член од некој закон за било што да биде директно НАД уставот? Овој членот 23 од тој законски акт директно го променува членот 74 од уставот. Ова е ПРОТИВУСТАВНО.

3.
Тоа што во Уставот не се споменува консултативниот референдум, не значи оти Уставот не познава консултативен референдум.
Ме зафркаваш? Уставот не познава консултативен референдум и точка. Не е тоа заблуда. Не знам како успевате да вадите нешто од ништо.

3.
Тоа што во Уставот не се споменува консултативниот референдум, не значи оти Уставот не познава консултативен референдум. Имено, Уставот ги регулира случаите во кои референдум мора да се организира, но не го ограничува организирањето на референдум и во други случаи. Член 2 од Уставот вели дека „Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.“ Прашањата со изборите, референдумот и другите облици на непосредно изјаснување понатаму се допрецизираат на ниво на закон, како логична последица на хиерархијата на правните норми и правната архитектура на секое државно уредување.
Каков вид на прецизирање е противуставната категорија "консултативен референдум" кога таа категорија не ни постои воопшто?
Во уставот директно пишува дека одлуката од референдумот е задолжитена. Не може истовремено да се повикуваме и на член 73 од уставот а референдум и во некој член од некој закон кој оди буквално спротивно од уставот. Ако има таков clash, тогаш уставот има предност. Слично како примерот погоре со член 74 од уставот и член 23 од законот.

4.
Заблуда број 3: Референдумското прашање е нејасно
...
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција“ јасно укажува дека само преку прифаќањето на договорот може да се стигне до одблокирање на евроатланстките интеграции за Македонија и е нејасно само за оној што не сака да чита, особено меѓу редови.
...
Иако референдумот требаше да претставува референдум за прифаќање на преспанскиот договор, ова прашање сугерира дека е референдум за стапување во сојуз или заедница со други држави. А според уставот, доколку е таков референдум покренат, тој посекако мора да биде задолжителен.
Технички, прашањето не беше нејасно затоа што јасно е дека прашањето во суштина покрива ТРИ работи: членство во ЕУ, членство во НАТО и преспански договор. Тоа дека преспанскиот договор ги одплокира процесите а евроатлански интеграции е ЛАГА. Можеби, преспанскиот договор вклучува да Грција не попречува повеќе, ама не вклучува дека НИКОЈА друга држава нема да попречува во интеграциите. Што значи, полошо прашање за референдум од ова не можеше да постои.

5.
Заблуда број 4: Референдумското прашање во себе содржи три прашања

Референдумското прашање е само едно и се однесува исклучиво на прифаќањето на Договорот со Грција, од причини кои се погоре елаборирани: методите на правно толкување и случаите во кои се распишува задолжителен референдум. Уставот изрично нагласува дека за стапување во сојузи со други држави референдумот е задолжителен, и цензусот е повисоко поставен отколку за консултативниот референдум. Тоа значи дека граѓаните ќе треба да се изјаснат поединечно за влезот во Европската Унија и НАТО, односно да гласаат на засебни референдуми за пристапување кон секој од сојузите, а сега треба да се изјаснаст исклучиво за прифаќање на договорот со Грција.
Ме зафркаваш? Прашањето буквално гласеше "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција". Како тоа референдумското прашање се однесува исклучиво на прифаќањето на Договорот со Грција, кога прашањето беше ДАЛИ СТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР? Белким знам што читам не сум слепец.
Или ај вака: зошто, едноставно, не беше прашањето поставено вака: "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција?" Или можеби "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција со кој ќе се одблокираат процесите за членстово во ЕУ и НАТО?"

6. Заклочок
Погоре изнесените аргументи воопшто не се лесни за македонската страна во приказната, но се реалност која ја живееме и која не смее да биде запоставена или да се изгуби во мноштвото диверзифицирани гласови кои се мултиплицираат во ехо.
Јасно ѝ е и на оваа дека преспанскиот договор во суштина е антимакедонски ХАХАХА.

Мојот заклучок е дека не може член од било кој закон да оди директно НАД УСТАВОТ. Затоа постои концептот на амандман на уставот, или промена на уставот, која мора да се реши со двотретинско мнозинство или референдум.

P.S
Има некој формално едуциран правник да даде забелешка и да придонеси во дискусијава?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.348
Поени од реакции
4.485
Има вистина во ова или само им мачкаат очи на протестирачите?

Министрите за внатрешни работи, за одбрана и за животна средина, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Каја Шукова, потврдиле дека биле измамени.

...а можи наведените министри не биле измамени, туку биле у подрум...и не га виделе ништа...само га гласале...зоти Бектеши така им кажувал...а они сега се чисти...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.609
Поени од реакции
82.315
ВМРО и СДСМ отпочеток го третираат рудникот како дневнополитичко прашање погодно за моментални политички поени. Немаат дилема дали повремено може да ретерираат или не, по потреба.

Еве сега СДСМ наводно е пак против, но добро знаеме колку е фактор СДСМ во власта и кој е вистинскиот фактор.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.528
Поени од реакции
47.884

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.609
Поени од реакции
82.315
- Мене американците ми рекоа да не употребувам авијација.
Учко беше најбољи 2001-ва, Али треба покрај на Американците и него свеќа да му пали.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.348
Поени од реакции
4.485
Ова е негов став или на Ахмети?
„Како и до сега„-ќе рече другарот зоти Тачеми.
Автоматски споено мислење:

...а многу е поверојатно дека рудник ќе има, иако граѓаните тоа не го сакаат...ама тоа го сакаат инвеститорите и корумпираните ни судство и администрација...
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
@SharpShooter

Го прочитав линкот https://www.radiomof.mk/stav-pet-zabludi-za-referendumot/ и овој се мои одговори(ќе коментирам на делови од текстот со цитати)

Еве го и преспанскиот договор од кој ќе цитирам. https://mk.wikisource.org/wiki/Преспански_договор

Еве го и законскиот акт за референдум http://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:-Kf0jN5u9LEJ:www.fiskalnatransparentnost.org.mk/upload/pdf/nacionalna%20pravna%20ramka/%D0%97%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%20%D0%B8%20%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B8%20%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D0%B8%D0%B7%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5.pdf&cd=10&hl=mk&ct=clnk&gl=mk

1.


Не може содржина на меѓународен референдум со декрет да одлучи дали некоја од странките треба или не треба референдум да одржи. Уставот и законските акти во склоп на уставот одредуваат за кои проблеми МОРА да има референдум, за кој проблеми МОЖЕ да има референдум и за кои проблеми НЕ СМЕЕ да има референдум. Преспанскиот договор само опишува дека втората страна(Македонија) ако сака може да одржи референдум за тоа дали да се интегрира преспанскиот договор во уставот или не. Што значи, преспанскиот договор припаѓа на категоријата на проблеми за кои МОЖЕ да има референдум. И тоа го споменува преспанскиот договор на повеќе места. Нема што преспанскиот добовор да одлучува дали референдумот кој можеше да се одржи( а НЕМОРАШЕ) да биде задолжителен или конслутативен. Не знам до кои крајности ќе одиш со интерпретирање.

Еве три цитати од преспанскиот договор:







2.

Хаха ова е уште една работа што е противуставна што дури сега ја забележав. Како може член од некој закон за било што да биде директно НАД уставот? Овој членот 23 од тој законски акт директно го променува членот 74 од уставот. Ова е ПРОТИВУСТАВНО.

3.

Ме зафркаваш? Уставот не познава консултативен референдум и точка. Не е тоа заблуда. Не знам како успевате да вадите нешто од ништо.

3.

Каков вид на прецизирање е противуставната категорија "консултативен референдум" кога таа категорија не ни постои воопшто?
Во уставот директно пишува дека одлуката од референдумот е задолжитена. Не може истовремено да се повикуваме и на член 73 од уставот а референдум и во некој член од некој закон кој оди буквално спротивно од уставот. Ако има таков clash, тогаш уставот има предност. Слично како примерот погоре со член 74 од уставот и член 23 од законот.

4.

Иако референдумот требаше да претставува референдум за прифаќање на преспанскиот договор, ова прашање сугерира дека е референдум за стапување во сојуз или заедница со други држави. А според уставот, доколку е таков референдум покренат, тој посекако мора да биде задолжителен.
Технички, прашањето не беше нејасно затоа што јасно е дека прашањето во суштина покрива ТРИ работи: членство во ЕУ, членство во НАТО и преспански договор. Тоа дека преспанскиот договор ги одплокира процесите а евроатлански интеграции е ЛАГА. Можеби, преспанскиот договор вклучува да Грција не попречува повеќе, ама не вклучува дека НИКОЈА друга држава нема да попречува во интеграциите. Што значи, полошо прашање за референдум од ова не можеше да постои.

5.


Ме зафркаваш? Прашањето буквално гласеше "Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција". Како тоа референдумското прашање се однесува исклучиво на прифаќањето на Договорот со Грција, кога прашањето беше ДАЛИ СТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР? Белким знам што читам не сум слепец.
Или ај вака: зошто, едноставно, не беше прашањето поставено вака: "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција?" Или можеби "Дали го прифаќате договорот помеѓу Македонија и Грција со кој ќе се одблокираат процесите за членстово во ЕУ и НАТО?"

6. Заклочок


Јасно ѝ е и на оваа дека преспанскиот договор во суштина е антимакедонски ХАХАХА.

Мојот заклучок е дека не може член од било кој закон да оди директно НАД УСТАВОТ. Затоа постои концептот на амандман на уставот, или промена на уставот, која мора да се реши со двотретинско мнозинство или референдум.

P.S
Има некој формално едуциран правник да даде забелешка и да придонеси во дискусијава?
Премногу си го искомплицирал во легалните води, ќе се збуниш и самиот.

Како прво џабе пробуваш да го анулираш законот за референдум бидејќи тој несомнено постои и не е измислен ад хок за Преспанскиот Договор, туку постои од претходно и не гледам како некој позиција/опозиција го негира правниот легитимитет на истиот.

Честа пракса е работи од Уставот да се доспецифицираат со посебни закони, не е чудно ова.

И не, убаво е напишано во линкот што ти го пратив, тоа што не се спомнува консултативен референдум у Устав, тоа незначи дека тој тип на реферндум е противуставен. Формално што сака да каже е дека не крши никаков постоечки член од Уставот. Пример нема член кој вели НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ ВО РМ.

За тоа под кои членови ти изгледаат од законикот контрадикторни со тој во уставот, не би се мешал, ниту пак би трошел енергија да ги разгледувам, сигурен сум дека нешто испушташ, тоа нема никаква врска со специфично овој референдум.

Доколку таква очигледна работа си открил дека законикот се крши со Уставот, ЕУРЕКА, ти си најјак правник у државата, одма репортирај насекаде!.


Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот помеѓу Македонија и Грција

Ова е добро прашање за референдум. Мора да разбереш дека исходот од истиот формално значи ПРИФАЌАЊЕ на договор помеѓу Македонија и Грција.
Толку е референдумското прашање. Последицата е влегување во НАТО.

Секако, другата синтагма Дали сте за членство во ЕУ и НАТО ? Постои за да допре до народот нешто поконкретно што го разбира.
Ако му ставиш само договор помеѓу Македонија и Грција нема да ја има онаа популистичка жичка која допира до масата.

Секако тоа е политичка игра. Ако почнеме тоа да го осудуваме тогаш крајот нема да ни се фати. Практично во цел свет политиката така се води.
Рачунај дека опозицијата и путинските пропаганди пумпаа реторика тогаш дека јазикот и нацијата ќе ни пропаднела ако сме потпишале.
Неможеш на овој народ формално се да му сервираш и онака го лажат од сите страни и тешко одлучува сам за себе. Ќе го збуниш само.

Исто така, не заборавај, ако трасираме на назад, еве го прашањето за референдумот во 1991:
Are you for a sovereign and independent state of Macedonia, with a right to enter into any alliance with sovereign states of Yugoslavia?

Што мислиш ? Зошто она вториот дел стои :D ?


Има некој формално едуциран правник да даде забелешка и да придонеси во дискусијава?

Ако има тука правник формално едуциран:
1. или нема да биде во овој форум
2. или ќе биде ама ќе навива за Путин али нема да биде добар :LOL:
3. или ќе биде добар, нема да навива за Путин ама ќе ти го каже истото што и правничката што ги дебанкнала митовите на постот што ти го пратив горе.

Blows my mind што бараш правник, а митовите ги објаснува Весна Попоска, универзитетска професорка со доста уредно правничко академско CV позади неа.

Ајде сега, кажи ми како ја плаќаат од сдсм, бидејќи друго не ви останува :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom