Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Тесла е за помодари.
Подобро земи електричен модел од производител со искуство, барем каросеријски и во пренос нема да имаат толку детски болести.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.711
Поени од реакции
42.294
Тесла ти треба само ако идеш до продавница или до работа ако си блиску. Ако си некој што многу вози повеќе фрустрирачко ќе ти биде него ефтино и убаво. Да планираш од кај до кај можеш да возиш, па се дешава на некој полначи од тесла да има редица да се изначекаш со саати.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Прво не можеш ни до Охрид да отидеш. Каде ќе полниш попатно? А и да има каде, ти се чекаат неколку часови?
Има некоја логика за комутација до работа, посебно ако фирмата обезбедила можност за полнење. Ама зошто, за помалку да загадуваш? Со толку цигани што горат гуми/акумулатори (и мостови), индустрија, мали погони што горат гуми и прегорено масло од аута, ќумиња што се ложат со секаков отпад... За да заштедиш? Нема да заштедиш, дури и со субвенционирана цена на возилото пак се прескапи. Ни за 50 години нема да направиш разлика во однос на потрошен дизел/бензин.

Можеби половни кога ќе има да се начека од странство, сега се прескапи. Пријател зема од Германија со 80% здравје на батерии, за 15 илјади. Ќе земеш за 5-6 илјади ауто и имаш за ~15 години гориво (од ракав извадени бројки).

Гимик е засега. Дури и на запад, ама овде па ептен.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
СО2 навистина не го гледам како загадување, не без емпириски податоци (не претпоставки, не теории хипотези, и не пропаганди).
Она што е реално, е дека загадувањето од создавање електрична енергија е големо. Не само тоа, туку и загадувањето од индустријата е големо, меѓу другото и загадувањето од создавањето на електрични автомобили, литиумски батерии, итн. Загадувањето секако е големо.
Загадувањето од патничките автомобили е исто така реално, но е ништожно во однос на се друго што загадува (што набројав, и што не набројав).

Загадувањето - наводно - се намалува со замена на класични со електрични автомобили, но тоа е во ништожен обем во однос на целокупното загадување што се случува.
Се фаќаш за сламки. Ти покажувам дека најголемиот дел од струјата се добива од јаглен, ти ми кажуваш удделот на јагленот се намалувал. За стотина од процент се намалува годишно? Кога ќе престане да се употребува јаглен?

Ништо значајно нема да се смени во догледно време. Не додека не се случи нешто револуционерно. На пример додека не се направат исплатливи реактори на фузија прво и првенствено. Но како што стојат работите попрво ќе видиме нови генерации на батеријска технологија, отколку тоа. Кога ќе добиеме подобри батерии, тогаш ќе добиеме пофункционални електрични автомобили, но и тогаш тие нема глобално да го намалат загадувањето, не значајно. За тоа ќе треба револуција во технолгијата на созадавање електрична индустрија.


Тоа кажано, едно резиме за твоите мислења на дискусијава во последниве денови: Апсолутно го дрвиш, како што му замери на колегата поназад. Игнорираш глобала додека се фокусираш на детали. Од дрвата не ја гледаш шумата, или како што веќе ти кажав - береш цреши.
За иста работа навиваме ама треба и реални да бидеме (за да не не прават будали тие со полтички агенди). Олабави се малку.
Мора да има стартна точка.
Ако ја следиме твојава логика, ова не менува, она не менува, ќе останиме заглавени со тоа што постои и кога ќе снема фосилни горива (евентуално, со ова темпо на трошење ќе снема) што ќе правиме?
Нуклеарната фузија е супер, ама после 6 декади развој нема ништо конкретно. Нема ни да има ни според најоптимистичките планови во наредните декади.
Ќе гориме дрво по дрво дури не ја изгориме цела шума?

Имаш еден гарантиран безконечен извор на енергија - сонцето.
Секој ден пренесува енергија колку што користиме за години.
Многу е логично да инвестираме во нешто што може да биди одржливо буквално засекогаш. Ако пред 30 години било незначително, сега е двоцифрен процент во најразвиените земји. Ако сега е двоцифрен процент, за 30 години ќе биди доминантен.

Што треба да правиме според тебе, да копаме подлабоко?
Инвестициите се движат од приходи од истите употребени подоцна.
Ако не чинат батериите доволно, треба да се прекини со инвестиции?

Употребата на јаглен во САД е намалена тројно во последните 15 години.
Обновливите извори во истиот период се зголемени повеќе од двојно.
Повеќе енергија добиваат од обновливи отколку од јаглен.
Најразвиената земја во светот која има најголема контрола над фосилните горива знае во која насока да движи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Истото го правиш, се фаќаш за детали додека ја игнорираш големата слика.

- џабе повикување на негорење фосилни горива кога немаш алтернатива за создавање електрична енергија (фузија), осуден си на загадување се додека не направиме прогрес
- обновливите извори треба да земат поголемо учество, но никогаш нема да бидат целосна замена - складирањето е проблем, а не функционираат навечер и кога времето е лошо, едноставно ок се како дополна ама не се замена
- се додека не се случи прогрес во создавање електрична енергија (фузија), поголемиот дел од статистичката пита ќе биде употреба на фосилни горива
- Пакс Американа е во пад, и дури и во оваа рана фаза на падот веќе ја нема таа контрола врз фосилните горива, како што многу видливо гледаме во односот што сега го имаат кон САД ОПЕК+ државите, а најмногу СА... затоа и САД толку ги бутка овие филмови за екологија, климатски промени, електрични аута, итн

Никој не кажува дека развојот треба да се прекине. Јас апсолутно навивам за развој, исто како и мнозинството луѓе на планетава (барем така се надевам дека е)... Ама развој не е по секоја цена форсирање на несоодветна технологија која не е решение за проблемите, само затоа што тоа е агендата на империјата во пропаѓање. Империја која ја губи досегашната контрола врз изворите/локациите на фосилните горива. Литумска технологија за батерии постои со децении, но дури сега во меинстрим се буткаат електрични аута, не се прашуваш зошто? Тие што не гледаат критички и свесно, потпаѓаат (потпаѓате) под нивно влијание со филмовите за екологија, климатски промени, итн. Ја искористуваат твојата и сечија желба за напредок.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
џабе повикување на негорење фосилни горива кога немаш алтернатива за создавање електрична енергија (фузија), осуден си на загадување се додека не направиме прогрес
Како нема алтернатива, не заебавај сега, 5 страни наназад се зборува дека обновливите извори се двојно зголемени во уделот на производството и по стотици пати повеќе од тоа што биле пред 15 години. Не само во САД туку и во Кина, Германија и сл.

Обновливите извори се алтернативата, ако досега не ти е јасно од цел муабет.
Се додека нема пристапна технологија за складирање ќе требаат и други извори, од кои нуклеарната енергија е најлогичниот избор за што помала емисија на јаглерод.

Секако, фосилните можат да се заменат со нуклеарна енергија, ама и ураниумот е во ограничени количини на планетава, кога тогаш ќе го снема. Настрана ризиците од нуклеарките.

Трајно решение е нуклеарната фузија или соларната енергија. Засега, најисплатлива е соларната енергија.
За широка употреба потребно е и складирање. Тоа е во развој и моментално има доста функционални проекти.


Пакс Американа е во пад
Прво, ова е дискутабилно, второ, најголемиот ривал Кина е најголем вложувач во енергија од обновливи извори и иако е земја во развој со страшен економски раст (барем до пред година две) и земја во потреба од енергија има еден од најголемиоте удели на обновлива енергија во производството. Исто е и еден од најголемите, ако не и најголем пазар за електрични автомобили.

Литиумските батерии се во голем пораст во поглед на карактеристики благодарение на големите инвестиции вложени во нив во последните 2-3 декади. Не дојде тоа од никаде, дојде благодарение на развојот.

И не, од цел муабет до сега, виде дека електричните коли не се гимик. Далеку од тоа. Ете имаш 10 милиони нови корисници само од лани што го побиваат тоа тврдење.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Еве една многу добра алегорија која одлично го илустрира муабетов.



Инаку наодот е од колегата Вардарски, од друга дискусија.


Политичаркава лета не со комерцијален туку со приватен лет само за нејзе за да се прошета за да учествува на конференција за климатски промени. Кога слетува политичарката демек е „свесна“ и вози точак, ама истовремено неколку коли со обезбедување ја пратат цело време (и возат поспоро, па повеќе загадуваат).
Реалноста е дека со само тој еден лет загадила повеќе од сите автомобили во околината за одреден период. И оваа ќе ни паламуди за климатски промени, откажување од класични аута и малтретирање со електрични ванаби аута.


E ова @Human ти го продаваат а ти со ширум затворени очи го купуваш.
Автоматски споено мислење:

Коментар од твитот: „See how unsteady they are riding, clearly haven’t ridden a bike in a long time.“


И ова:

 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
E ова @Human ти го продаваат а ти со ширум затворени очи го купуваш.
Се сомневам. Ти многу полесно купуваш бидејќи не истражуваш.
Конкуренцијата. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Фактите друго кажуваат.

И кога купуваш, погледај го целиот пакет. Кога со закони и регулативи ќе те ограничат на неков СО2 лимит (деневен/месечен) нема само мобилноста да ги ја ограничат, туку и други работи... Ме мрзи да ги барам предлозите од „тинк-тенковите“, ама некои 7-8 кила месо годишно чинам беше лимитот. Како за почеток, да не ти дојде откажувањето наеднаш. Ама затоа инсекти ќе можеш да јадеш колку сакаш.
Инсектите не испуштале многу СО2, ама тоа кравите... Остај СО2, па и метан многу испуштале. Ужас!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Фактите друго кажуваат.

И кога купуваш, погледај го целиот пакет. Кога со закони и регулативи ќе те ограничат на неков СО2 лимит (деневен/месечен) нема само мобилноста да ги ја ограничат, туку и други работи... Ме мрзи да ги барам предлозите од „тинк-тенковите“, ама некои 7-8 кила месо годишно чинам беше лимитот. Како за почеток, да не ти дојде откажувањето наеднаш. Ама затоа инсекти ќе можеш да јадеш колку сакаш.
Инсектите не испуштале многу СО2, ама тоа кравите... Остај СО2, па и метан многу испуштале. Ужас!
Ако не ги знаеш тие работи - нормално дека ќе ги купиш.
Земјоделието, сточарството, не придонесува воопшто во емисиите на СО2 (освен горивото што го користат што е минимално) бидејќи целиот СО2 го земаат и враќаат во атмосферата (горивата ги вадиме од земја, каде СО е складиран со милиони години и го испуштаат во атмосферата).

Ама кога не ги знаеш фактите, не можеш ни дрвото да го видиш, камоли шумата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Eпа ова е во истиот пакет, кога го купуваш другото и ова ти иде „гратис“.

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650

Е*ате "политичарот".

Затоа од @Human "научниците" , кој од кој почесни и попрофесионални:

Но, без грижи, оти според тврдењата на слепите верници цените на производите и енергијата во иднина ќе паднат (како се развива технологијата и зголемува обемот, пониски се цените), па секој ќе може да си ги дозволи, а планетава ќе е "позелена" .
Треба само да издржиме деценија, две :tapp:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
@Human eте за што зборував поназад. Во истиот пакет со замајувањата со СО2 и фосилни горива, и ова долу го купуваш па и други работи кои тек покасно ќе ти (ни) ги соопштат.


 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
@Human eте за што зборував поназад. Во истиот пакет со замајувањата со СО2 и фосилни горива, и ова долу го купуваш па и други работи кои тек покасно ќе ти (ни) ги соопштат.
Не дозволувај ниту една криза да помине неискористена.
Пишав поназад дека земјоделието нема никаков удел во емисиите на јаглерод диоксид и затполувањето. Било каква промена таму нема да смени ништо во глобални рамки.
Опортунисти користат прилика. Тоа е.

Секогаш имало вакви срања, во секоја криза.

Затоа знаењето и критичкото мислење се најкорисни во секоја прилика. Не зазамањето страна само заради нешто што не ти е по кеф од другата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.049
Прашањето е зошто опортунстите ги буткаат и двете работи. Одоговорот е дека веројатно затоа што знаат нешто што не го знаеш ти.

Инаку јас не реков ништо за знаењето и конструктивната критика сами по себе, само ти објаснувам дека во пакетот што го купуваш топтан во комплет идат и другите работи. Макар за атер на самото знаење треба да го знаеш и тоа.
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме дами и господа, ве поздравува Потпретседателката на САД:
(не е фејковача)



 

Kajgana Shop

На врв Bottom