СО2 навистина не го гледам како загадување, не без емпириски податоци (не претпоставки, не теории хипотези, и не пропаганди).
Она што е реално, е дека загадувањето од создавање електрична енергија е големо. Не само тоа, туку и загадувањето од индустријата е големо, меѓу другото и загадувањето од создавањето на електрични автомобили, литиумски батерии, итн. Загадувањето секако е големо.
Загадувањето од патничките автомобили е исто така реално, но е ништожно во однос на се друго што загадува (што набројав, и што не набројав).
Загадувањето - наводно - се намалува со замена на класични со електрични автомобили, но тоа е во ништожен обем во однос на целокупното загадување што се случува.
Се фаќаш за сламки. Ти покажувам дека најголемиот дел од струјата се добива од јаглен, ти ми кажуваш удделот на јагленот се намалувал. За стотина од процент се намалува годишно? Кога ќе престане да се употребува јаглен?
Ништо значајно нема да се смени во догледно време. Не додека не се случи нешто револуционерно. На пример додека не се направат исплатливи реактори на фузија прво и првенствено. Но како што стојат работите попрво ќе видиме нови генерации на батеријска технологија, отколку тоа. Кога ќе добиеме подобри батерии, тогаш ќе добиеме пофункционални електрични автомобили, но и тогаш тие нема глобално да го намалат загадувањето, не значајно. За тоа ќе треба револуција во технолгијата на созадавање електрична индустрија.
Тоа кажано, едно резиме за твоите мислења на дискусијава во последниве денови: Апсолутно го дрвиш, како што му замери на колегата поназад. Игнорираш глобала додека се фокусираш на детали. Од дрвата не ја гледаш шумата, или како што веќе ти кажав - береш цреши.
За иста работа навиваме ама треба и реални да бидеме (за да не не прават будали тие со полтички агенди). Олабави се малку.
Мора да има стартна точка.
Ако ја следиме твојава логика, ова не менува, она не менува, ќе останиме заглавени со тоа што постои и кога ќе снема фосилни горива (евентуално, со ова темпо на трошење ќе снема) што ќе правиме?
Нуклеарната фузија е супер, ама после 6 декади развој нема ништо конкретно. Нема ни да има ни според најоптимистичките планови во наредните декади.
Ќе гориме дрво по дрво дури не ја изгориме цела шума?
Имаш еден гарантиран безконечен извор на енергија - сонцето.
Секој ден пренесува енергија колку што користиме за години.
Многу е логично да инвестираме во нешто што може да биди одржливо буквално засекогаш. Ако пред 30 години било незначително, сега е двоцифрен процент во најразвиените земји. Ако сега е двоцифрен процент, за 30 години ќе биди доминантен.
Што треба да правиме според тебе, да копаме подлабоко?
Инвестициите се движат од приходи од истите употребени подоцна.
Ако не чинат батериите доволно, треба да се прекини со инвестиции?
Употребата на јаглен во САД е намалена тројно во последните 15 години.
Обновливите извори во истиот период се зголемени повеќе од двојно.
Повеќе енергија добиваат од обновливи отколку од јаглен.
Најразвиената земја во светот која има најголема контрола над фосилните горива знае во која насока да движи.