Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.243
Јас за инает не зборам. Девојките лани ја имаа Шведска во раце (истата Шведска прва во група А) и изиграа нерешено, притоа примија само 20 гола. Со Исланд тесна утакмица, примени 25 гола, минимален пораз на прошлото СП. Кога играа Б-дивизија, и Полска и Исланд паѓаа, а со Шпанките беше тврдо. Сега сите утакмици се решени при почеток на второ полувреме. 39 гола од Данска примија, 33 од Црна Гора - одбрана нула! Кога имаа налет против Данкињите во втор дел, можеше да уфрли 7 на 6 затоа што тоа функционираше во првото полувреме. Не кудам безвезе. Кога водеше една генерација од Б-дивизијата, дома на Кале од Бугарија изгубија и тоа со 5 разлика, башка скоро 20 разлика од Полска. Кадетското ЕП во Скопје негде 2015 беше тажно за гледање. Губеа со по 20 разлика на скоро секоја утакмица. Па и најкилав состав да имаш, на домашен терен, пред публика, нема бе толку да губат од кого ќе стигнат - со Словачка за претпоследно место само 9 разлика загубија и не примија мислам 30+ голови. Едноставно не ја бива! :cenzura::toe:
Далеку од тоа дека ја бранам Дамчевска или пак да сметам дека има некаков тренерски квалитет, само мислам дека ја преценуваш улогата на селекторите во остварените резултати на девојките. Кај нас нема некаква промена во играта во сениорска репрезентација кога ќе сменат селектор, не па во младински категории, ретко се подложни на тактички промени наши девојки и во принцип најбитно е само да не држиш на клупа или воопшто да не повикуваш во состав некоја девојка која заслужува да игра прв тим, а за in game менаџмент тешко дека селектор може да донесе некаква промена. Резултатите во принцип секогаш зависат од квалитетот на ракометарките. Не се согласувам дека постигнувале подобри резултати лани и преклани. Полска и Шпанија се во Б дивизија, со Исланд не сме играле сеуште на првенствово за да знаеме на што сме, нерешениот резултат со Шведска лани, на првенство на кое бевме домаќини, повеќе беше спортска среќа со оглед на резултатите кои ги постигнувавме во другите натпревари. Да ги изгубат сите натпревари до крај можеме да збориме за одговорност на Дамчевска, ма да и таков резултат според мене пре би бил показател за губење на чекор со развивањето во сениорски играчи на девојките отколку некоја нестручност на клупата. Според мене е добро што го тргнаа Савевски, затоа што бар нема човек што ќе има екцеси на клупа на секој натпревар, поготово онаков како што имаше со голманката (мислам Чурлиновска) лани на првенството кај нас. Дали подобар избор ќе било да го стават Грчевски место Дамчевска или пак некој друг, не знам, не спорам.
За квалитет на претходни генерации во младински женски ракомет не знам многу, ужасни бевме и кај мажите едно време и сите знаеме дека имаме една дупка во извадени играчи родени прва половина на 90-ти од што беше ужасна ситуацијата таму, можам само да замислам како било во женска конкуренција во тие години. Ја памтам само онаа генерација која мислам дека е последна која настапила на првенство од А-дивизија пред овие девојки, со Нина Ладева и Керамичиева. Практично тие две беа и единствените кои ветуваа дека можат да станат вистински играчи, за на крај и двете скроз да се откажат од ракомет. Керамичиева беше некако преповлечена, како да игра ракомет само затоа што има талент, а не дека го сака, за Ладева поима немам искрено што се деси, нагло се изгуби таа девојка.
Кога сме кај талентите, У-17 првенството во август мислам дека ќе биде поинтересно за нас бидејќи таму има и три 15-годишни девојчиња кои се интернационалки од Шведска и Норвешка, од кои за две нашиве портали пренесувале дека се меѓу најталентираните во нивни генерации во тие две држави. За едната, Ема Лазаревска имате и денес статија на 24 ракомет, другата е Мила Поп Андонова за чиј брат Мишел, кој е една година постар, исто се пишуваше дека е многу талентиран и редовно учествуваат на кампови организирани од норвешката федерација кои во нивна возрасна категорија се практично и репрезентација на Норвешка. Сите три настапуваат на лев/среден бек. Плус и Ива Младеновска конечно ќе заигра во нејзина возрасна категорија.
 
Апдејт на ова, ниту една од трите не е на конечниот список за настап на првенството :LOL:. Или го немаат квалитетот за кој што се збори во порталите или Грчевски прави глупости (воопшто тие од РК Бутел ми се многу сомнителни ликови).
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Кај ги бираат бре овие селектори!?? Што е ова 23 гола примени прво полувреме и никаква одбрана и голмани украси? Кај се тие девојките што играа во Скандинавија, нели биле сосема ок?
Се што се правеше и се изгради колку толку пред 2 години паѓа во вода. :facepalm:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
23 разлика пораз од Португалија! Па Португалија во женски ракомет ја немаше нигде на мапата со години. Срамота е ова и што побргу на клоци ги избркаат овој Грчевски и таа Дамчевска тоа подобро. Ниту Симевски, ниту Савевски имаа вакви лоши резултати со младиве. Колку несврзан избор на девојки, грев ми е за Младеновска. На првенствово не дојде до израз воопшто. Мислам и теоретски немаме шанси за СП. Како тргнало и враќање во Б-дивизија.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Ај вака. Прво, честито за двете победи и 99% обезбеден пласман на ЕП - што во ваква група од сам старт се очекуваше дека така ќе биде. Ги гледав и двете утакмици и таа со Азербејџан дома и таа со Литванија на гости. Првата утакмица убедливо 40-17, ама нека не лаже резултатот. Девојките играа добро само во првите 10 минути, после тоа беше штедење, примање безвезе голови, не се ни бранеа нешто. Ама Азербејџан е на ниво на Бугарија и можеби подобар само од Летонија и Луксембург и толку. Втората утакмица беше криминал!! Овој тренеров со Mohawk фризура под итно да си оди дури е време. Никаква игра и треперење до сам крај дали ќе победиме. Побогу со Литванија игравме! Победивме поради индивидуалните квалитети на Ристовска, Седлоска која е во форма и Саздовска која исто е во форма. И да Јаневска исто. Никакво залагање. Се стои во одбрана. Нема игра, нема жар. Абе Мими Чупиќ и една Велкова ровареа во одбрана. Вале исто до сам крај со жар играше за репрезентацијата. Што е бе ова? Тренеров како споменик стои и зјае ко да не е присутен. :facepalm: Ај со Азербејџан божем се штедеа. Водеа повеќе од 15 разлика и со мислите биле за наредната со Литванија. Ама што се штедеа со Литванија кога немаат друга утакмица. А и старт на сезона е!! Утакмица која требаа да ја добијат со 12 разлика комотно (Шпанките ги победија овие во прво коло 47-14), ја направија неизвесна до сам крај. Среќа па Турција и Србија ремизираа, а Украина ја победи Словачка па некако нашиов резултат и не изгледа лошо. А што ако ни паднеа нас Турција или Украина? Или пак Фарски Острови? Многу на полошо се оди, а без асален селектор тешко до некој подвиг.
Многу лесна група добивме за да обезбедиме лесен пласман на ЕП. Ама формата за такво натпреварување се билда на квалификации и се стекнува искуство. Не се штеди и се игра со шар, а не како едвај да чекаш да заврши утакмицата. Мрзли! Онаа една налик на Андријана Алачки што ја мислат божем била солиден играч, каков лош фаул направи и дадоа заслужен црвен картон. Шпанките се една од поповлните екипи што можевме да ги добиеме во прв шешир, како би изнудиле позитивен резултат барем во Скопје. Подобра опција се далеку од сите екипи со кои игравме на ЕП. Ама со овој тренер такво нешто невозможно. И ептен ми е криво затоа што во било кој спорт досега немаме поволен резултат со Шпанија, освен во женски ракомет каде имаме 5-4 во победи за нас (4-3 во официјални утакмици) и не би сакал тоа да се смени. Нека го викнат Драган Аџиќ барем да им внесе крв и да земат да гинат на терен.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Женските обезбедија пласман на ЕП и тоа уште пред 4 дена во Баку (22-37 победија на гости), а денес со Литванија чисто формална утакмица и убава победа од 34-24. Мора доста да се поправа. Само во првото полувреме имавме 13 грешки. Тоа е премногу, без разлика што неколку денес не ни играа! Оваа Ѓорѓиевска стварно нека се пензионира. Веќе сто години игра ракомет и какви дебилни подавања прави па стои ко мутава и се смее. Дај нека и дадат плакета една и фала пријатно. Младеновска со 17 години растура девојчето! Ризоска пријатно изненадување и многу брз играч.
Мене ми е криво што само 1/3 од Борис беше исполнета (а дали и толку), поготово кога и бесплатен влез имаше за ракометаркиве. Ја гледам снимкава од Франција - Летонија сега (53-9 заврши!!!) и каква убава посетеност за сосема небитна утакмица и против можеби најслабата екипа во квалификацииве (Азербејџан е Данска за Летонија). А кај нас така тивко, а претходно обезбедивме и пласман. :toe:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349

Фали маркетинг а и некако историја на успех мислам.
Луѓево не ги знаат ракометаркиве.
Да успеат на пример да сврзат едно јако првенство, верувам дека следен пат би имало повеќе.
Вака ја немаме таа култура на одење на натпревари, а тие што одат, многу често одат за да го видат противникот, а не нашата екипа (без разлика на спортот)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Мене ми е криво што само 1/3 од Борис беше исполнета (а дали и толку), поготово кога и бесплатен влез имаше за ракометаркиве
Кажи ми една сериозна утакмица што ја имаат добиено у последни 3 години.

Женскиот ракомет беше у слободен пад едно 10 години, па 5 години и не постоеше тоа што гледавме беше аматерска игра, дури сеа да има некои мали блесоци ама да биднеме реални со прв посериозен противник ќе го јадеме максимално.

Друга е културата на запад кај нив нема емоционална приврзаност спрема репрезентации на ниво како што е кај нас. Кај нас тоа е многу добро кога се оди супер, се прави еуфорија и пеколен терен за противникот, ама затоа пак кога тргне надолна линија тогаш е апла депресија и откажување, тоа е менталитетот такви сме.

Ако споредиш со германци и данци они секако тапшаат со лепезите у рака дали биле европски шампиони или не. Ма да имам уште една теорија, да ги видиме сите овие ракометни земји да биднат 15 години у егзил од голема сцена баш ме интересира колку публика ќе имаат на утакмици.

За интерес околу репка потребен е женскиот ракомет на локално ниво да бидне интересен, како што пиша погоре драгон, луѓе не ги ни знаат ракометаркиве ништо не знаеме за спортов, јас го пратев Куманово претходно но искрено очобол е нашата лига општо. Машката колку толку гледлива е сеа последниве 2-3 години има успон од аспект на компетитивност од другиве екипи, ама женскава не баш.

Во одредени тимови имаш пикерки што се големи колку 2 играчи, од центар до 6 метри стигаат следното коло, голманки високи метар и пол едвај, со раце кренати не ни стигаат да покријат горна третина од гол, и ако има 1 бек у противничка екипа да го сфати тоа, лабава им е утакмицата шибај под пречка или пушти на пикер (ако стигнала на 6те метри) и оваа лоб или 3 стуб на статива доле, кратки голмани не стигаат таму секако.

Ако си го гледал интервјуто на Андреева во Само Ракомет, јасно ќе ти е за што зборам во врска со женскиот ракомет.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Групата за јуниорките за СП што ќе се одржи кај нас. Тоа е генерацијата што играше и на кадетското СП во Скопје. Ги избравме Американкиве во нашата група. :icon_lol: Само јас не би ја потценил Ангола. Си имаат тие традиција на женски ракомет со години. А вкрстуваме со група Г со екипи кои може да паднат во Борис!

Кажи ми една сериозна утакмица што ја имаат добиено у последни 3 години.

Женскиот ракомет беше у слободен пад едно 10 години, па 5 години и не постоеше тоа што гледавме беше аматерска игра, дури сеа да има некои мали блесоци ама да биднеме реални со прв посериозен противник ќе го јадеме максимално.

Друга е културата на запад кај нив нема емоционална приврзаност спрема репрезентации на ниво како што е кај нас. Кај нас тоа е многу добро кога се оди супер, се прави еуфорија и пеколен терен за противникот, ама затоа пак кога тргне надолна линија тогаш е апла депресија и откажување, тоа е менталитетот такви сме.
Ок, се е тоа точно. Ама па еве обезбедија пласман на едно коло пред крајот и можеле повеќе луѓе да дојдат за да го прослават тој момент (плус бесплатен влез, ете ни 100 денари да не мора да даваат). Мене јасно ми е дека последен успех ни е оној од 2008 кога бевме домаќини и навидум бевме и блиску до нешто повеќе од тоа 7-мо место што на крај го освоивме. Баш женскиот ракомет е тој кој го популаризира ракометот кај нас со тоа 7-мо место на СП 1997, па потоа и 8-мо на наредно ЕП, па пак 8-мо на СП, плус Кометал во тој период редовно играше барем 1/4-финалиња во ЛШ.
Еве сега има јуниорско СП кај нас, истата генерација која беше домаќин на кадетското СП пред две години и беше многу блиску до 1/4-финале, па овој пат тоа да им се оствари.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Групата за јуниорките за СП што ќе се одржи кај нас. Тоа е генерацијата што играше и на кадетското СП во Скопје. Ги избравме Американкиве во нашата група. :icon_lol: Само јас не би ја потценил Ангола. Си имаат тие традиција на женски ракомет со години. А вкрстуваме со група Г со екипи кои може да паднат во Борис!

Ок, се е тоа точно. Ама па еве обезбедија пласман на едно коло пред крајот и можеле повеќе луѓе да дојдат за да го прослават тој момент (плус бесплатен влез, ете ни 100 денари да не мора да даваат). Мене јасно ми е дека последен успех ни е оној од 2008 кога бевме домаќини и навидум бевме и блиску до нешто повеќе од тоа 7-мо место што на крај го освоивме. Баш женскиот ракомет е тој кој го популаризира ракометот кај нас со тоа 7-мо место на СП 1997, па потоа и 8-мо на наредно ЕП, па пак 8-мо на СП, плус Кометал во тој период редовно играше барем 1/4-финалиња во ЛШ.
Еве сега има јуниорско СП кај нас, истата генерација која беше домаќин на кадетското СП пред две години и беше многу блиску до 1/4-финале, па овој пат тоа да им се оствари.
Фер да, ама како викаат една ластовичка не прави пролет. Мило ми е што и јуниоркиве сега играат голем собир, ако РФМ си ја заврши работата од аспект на маркетинг, може да има солидна публика. Да не бидне како за одбојкарите, играме континентален собир еден ќорав банер немаше низ Скопје дека се дешава нешто у Борис.

Ангола е секогаш незгодна репрезентација од Африка е сега на кое ниво се јуниорките поим немам.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Американкиве го изедоа за сите пари! :cool: Да видиме дали ќе можеме Исланд да го победиме, или ќе се вади селекторов дека имале многу повредени во тимот.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Американкиве го изедоа за сите пари! :cool: Да видиме дали ќе можеме Исланд да го победиме, или ќе се вади селекторов дека имале многу повредени во тимот.
Сега на брзина ја премотав снимката. Од +3 константно водство на -12 :confused:
 
Член од
2 август 2017
Мислења
276
Поени од реакции
406
Големиот талент Ива Младеновска од која што сите очекуваме да биде женскиот Кире Лазаров на крајот не зезна со три последователни промашувања.
 
Член од
27 јануари 2020
Мислења
272
Поени од реакции
367
Бековите играат више 4та утакмица без никаков одмор и напад и одбрана освен средниот бек што го ротира за одбрана.. до толку да немаме замена барем 5 минути да одмори лев и десен бек али да после тајм аут никаква акција, Ива шутира јаде банана нејасно ми беше тоа па следна акција исто исфорсира млада е да ама неможеш такви одлуки да носиш во клучни напади.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom