...зависи, не е баш така, дел од мајсторите кај мене дојдоа токму со препорака, не дека изработиле поинаку од тие што ми ги препорачале и фалеле, не е до мајсторите, тие исто работаат, туку до тој што очекува што е изработено, конкретно јас сум перфекционист и не сакам паушални работи колку да се помине, во состојба сум два пати да го изработам истото ама да биде до идеално, како пишува еден погоре да биде пицикато.
...конкретно за новите прозорци со се комарник дополнително 30 евра, ОК реков да биде топ, но кога дојдов да ги проверам (не можам нели, цело време на глава да им седам), комарникот го поставиле надвор од ролетните, не им идело поинаку, па сега прозорот со ролетни, па после комарникот, тоа врне се навлажнува мрежата (комарникот) наместо да падне дождот на ролетните, па мора да ја дигнам мрежата (комарникот) да не се навлажни и да паѓа дождот на ролетните.
... претходно истите мајстори ми ја извадоа страта древенарија измерија и ја донесоа новата пвц структура на прозорците ги поставија еве ми велат супер, чекај малку да проверам да ги отворам до крај прозорците не идеа поради работ на рамката од прозорците која беше претесна и немаше агол за отварање на прозорот до крај на 90 степени,
... аааааа е па не мора да го отвораш прозорот до крај ми викаат, а бе вие нормални сте?? и да не ги менуваат веќе изработените прозори отидоа на опција на рушење на оквирот на прозорот да има повеќе простор и го пополнија со морска пена бог да чува? па уште јас крива, викаат ич не сакале женско да биде присутно кога работеле!