Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
Вклучувањето на Турција во Прва Светска е последица на тие анексии. Па имаш и грчко-турски војни, на истата тема. 15тина години бил периодот додека Турција се помирила дека ги изгубила териториите. А кај балканските држави поделбата имала влијание и до втора светска.

Има огромна разлика од брзина на траење на воени дејствија и операција (нешто во кое што Русите денес дебело потфрлаат) и финално завршување на војна со анексија.
Ne ke da e bas taka, ali aj. Grcko turskite vojni pocnaja posle prvata svetska so napad na grcite na mala azija a ne obratno, sto bi bilo slucaj ako Turcija si gi barala nazad teritoriite izgubeni vo balkanskite vojni. Nastrana toa sto Bugarija i Turcija togas bile sojuznici( za vreme na prvata svetska vojna), taka da i toj dela ti otpagja okolu vrakjanjeto na izgubenite teritorii na balkanot. Generalno Turcija vodi borbi so Rusija okolu crno more i vo aziskiot i africkiot del so silite na antantata, ne na balkanot, sto bi bilo slucaj ako sakala da si gi vrati teritoriite. Turcija se pomirila so aneksijata na balkanot relativno brzo, skoro odma posle toa a ne po 15 ili tamu neznam kolku godini. Balkanskite drzavi se nebitni koga se pomirile posto se rabotelo koj povekje ke zgrabi od osvoenoto od Turcija. I den denes nekoi se nemaat pomireno, no toa ne znaci deka teritorijata za koja ne se pomiruvaat bila nivna tuku okupirana i aneksirana, dali od niv ili togasnite sojuznici.
 
Каде е стрико бе батиња? Во некој подрум во Париз да не е? Има он конекции у Француска едно време за Лион навиваше. :pos:

Единствено Пригожин испари побрзо од него, јебемти стрикото.:pos:
 
Кој и да победи во војнава, нема да е чиста победа. Секогаш ќе биде оспорувана. Едноставно, предолго трае.
А каде тоа, во која книга пишува колку долго треба да трае една војна ? Има негде правила на војување ?
 
А каде тоа, во која книга пишува колку долго треба да трае една војна ? Има негде правила на војување ?
Абе сега ако ме прашуваш мене, и 1 ден да трае е многу, секој човечки живот е скапоцен и секоја жртва има мајка која го оплакува. Од сам старт двете страни во конфликтот се губитници, ако гледаме низ тие наочари...

Е сега, реков и пак ќе повторам, тоа е мое мислење и мислам дека е правилно: На Русија СЕ освен блицкриг (ослободување на ДНР и припојување кон Русија, и инсталирање проруска влада во Украина) во рок од 15 тина дена, и оди на негативно конто...

Очигледно е дека тоа и беше целта, затоа тргнаа и кон Киев со тенкови. Тенковите кон Киев не беа да го окупираат Киев, туку да ја соборат владата, да инсталираат проруска и да ги отцепат ДНР и ЛНР за експресно време. Очекуваа дека 90% од населението ќе застани на страната на руската армија особено во ДНР и ЛНР, и се ќе решат многу брзо, но на терен работите не беа такви, за што им се криви разузнавачките и контраразузнавачките руски служби, кои потфрлија да ја проценат состојбата и дека нема да оди се така глатко и лесно како што очекуваа..После почнаа да влечат панични потези, и заглибаа во кал..

На западот тоа му одговара, и трие раце. Дали имаш прочитано дека некој западен функционер (освен онаа класична мејнстрим мантра дека треба да има мир) допринел на некој начин да се деескалира состојбата и да седнат Украинците и Русите на иста маса и да преговараат? Неее...Напротив, ги клукаат со оружје, додека пак овие си ги ваѓаат очите меѓусебно.. На секој можен начин на секое поле се пробува да се анатемизира Русија и нејзината улога во војната, а воедно Зеленски уште Џејми Оливер го нема викнато да готви полнети пиперки на ТВ Шоуто што го води. Русите и на тој план ја губат битката, пропагандата на Западот просто ги проголта.

Грузија ја решија за ниедно време со Абхазија и Јужна Осетија, мислеа дека истото ќе биде и во Украина, но не им успеа тоа сценарио, и затоа после првите 2 недели влечеа грешни потези..
 
Последно уредено:

Времето ќе покаже, рано е да носиме заклучоци.
 
А каде тоа, во која книга пишува колку долго треба да трае една војна ? Има негде правила на војување ?
Има има, во пропагандата на западните таму пишува дека што и да направи Русија - пак ќе изгуби. И да ја добие војната, они ќе пишуваат кажуваат дека РФ изгубиле. Ако водат спор war of attrition тогаш изгубиле зошто не водат блицкриг војна. Ако пробаат со блицкриг (фаинт уствари), тогаш изгубиле затоа што пробале така.

Губат што и да направат, разбираш? Дури и кога победуваат. Едноставно губат и тоа е тоа.

Нема дискусија тука, само заглупување.
Автоматски споено мислење:

Е сега, реков и пак ќе повторам, тоа е мое мислење и мислам дека е правилно: На Русија СЕ освен блицкриг (ослободување на ДНР и припојување кон Русија, и инсталирање проруска влада во Украина) во рок од 15 тина дена, и оди на негативно конто...

Намерата е долготрајна војна на трошење со минимизација на сопствени загуби. Дека имаат проблеми, и тоа големи, тоа е реалност. Но од сѐ што гледаме до сега, стратегијата ѐ релативно успешна...
... Тоа е тоа онака реално гледано. Настрана тоа дека по нечии филмови Русија требало „блицкриг“ да ги порази САД и вазалите, за да биде успешна војната.

Таквите филмови и провокации од западните (и навивачите) не очекувам да престанат. Дури и кога ќе ја изгубат војната нема да престанат, ќе се изнаслушаме милион релативизации дека уствари победиле.
 
Дискусија има @Vanlok -чич, само ако човек се сложува во се со тебе..Инаку, а кажи нешто различно, тука настапува проблемот.. Значи колку и да е човек најпаметен и да има највисоко IQ, едноставно, научно и емпириски е докажано дека не може се да знај и за се да е во право, така да ако мислиш за себе дека си во овие два табора, мислам дека редно време е да си го преиспиташ малку ставот, чунки за тебе е подобро, мене не ми сметаш ;)

Нема дискусија? Па, и кај ќе има, ако напишам пример дека изметот од Русите смрди, веднаш реплицирате ама и на Амерот смрди...Ок де, смрди, мене ми смрди и од Амерот и од Русинот, нормално е измет да мириса.. Е сега следува тајфата: `на Русинот помалце мириса`, `на русинот му мириса, ама тоа е зошто амерот оддамна сери..`поарно да дишиме руски измет него ли западњачки`,`како сакаш да не ни се серат русите, види ние на глава им се качивме` итн.. Премногу дебело имате фатено страна, што ви го замаглува real point of view, поточно премногу заслепеност има што се што ќе се каже гледате антируско, и ако има некој различно мислење почнувате со навреди...
 
Ти воопшто не ме ни слушаш (читаш) што ти кажувам. Си зборуваш со некој имагинарен соговорник чиј став сам го создаваш.
Не реплицираш на тоа што го кажуваш, не дискутираш... Дефинитивно нема дискусија тука.

Во случај некој сега да се вклучува на темата, еве што кажувам јас (и на што досега нема озбилни аргументи, ни дускусија):
Намерата е долготрајна војна на трошење со минимизација на сопствени загуби. Дека имаат проблеми, и тоа големи, тоа е реалност. Но од сѐ што гледаме до сега, стратегијата ѐ релативно успешна...
... Тоа е тоа онака реално гледано. Настрана тоа дека по нечии филмови Русија требало „блицкриг“ да ги порази САД и вазалите, за да биде успешна војната.

Таквите филмови и провокации од западните (и навивачите) не очекувам да престанат. Дури и кога ќе ја изгубат војната нема да престанат, ќе се изнаслушаме милион релативизации дека уствари победиле.
 
Озбилни аргументи? Абе ајде.. Тргнаа со тенкови на Киев за да го турнат Зеленски и да ја преземат власта, прднаа во вода. Овде велевте дека за една недела Украина ќе биде ораница, тие Бахмут 1,5 година го освојуваа. Самиот Пригожин рече деца од 18 години пушка во животот не виделе ги пуштаат прва борбена линија во Украина, главниот комнандант Армагедон драпај си мевот, среде војна пуч му прај на Путин, дезорганизираност до максимум, и сега убедуваш овде дека Русите сакале долга војна. Значи треба да си напрајш дистинкција меѓу твоето мислење и факт и аргумент.
 
“Кога ви се чини дека целиот свет е против вас, запомнете дека авионот не полетува со ветрот, туку против него.“ Ајн Ранд

-авторизиран текст-
Медведов со видување-ветување

Тектонскиот расед што се формираше во разбирањето на иднината во различни делови од светот само ќе се влоши. Борбата ќе биде многу долга.

1. „Русија е во изолација“. Воопшто не. Политичките контакти со Азија, Африка и Латинска Америка се развиваат многу активно. Нивните пазари се отворени, нивните компании работат со нас со сила и главно, и покрај санкциите. Се наѕираше крајот на ерата на семоќниот долар. На дневен ред е транзицијата кон национални и дигитални валути.
...

2. „Руската економија се распаѓа“. Во никој случај. Растот на производството е многу поголем отколку во Европа. Дури и Ројтерс призна дека во април 2023 година, активноста во производствениот сектор во Русија покажа раст 12-ти месец по ред. Во исто време, инфлацијата кај нас е значително помала отколку во многу западни земји. Тој е блиску до историскиот минимум и изнесува 2,9 %. До крајот на годината нема да се искачи над 5 %. Додека, според прогнозата на Европската комисија, инфлацијата во еврозоната во 2023 година ќе биде близу 6 %. На најниско историско ниво имаме невработеност - 3,3 %.
....

3. „Русија сакаше да го задржи НАТО, но алијансата се прошири и ги вклучи Шведска и Финска“. Ова е чиста лага. Никогаш не сме се обиделе да го задржиме НАТО. Тоа не е во наша моќ и можности, а овие две скандинавски земји веќе беа поврзани со алијансата. Секогаш баравме само едно - да ги земеме предвид нашите грижи и да не ги каните поранешните делови од нашата земја во НАТО. Особено не оние со кои имаме територијални спорови. Затоа, нашата цел е едноставна - да ја елиминираме заканата од членството на Украина во НАТО. И ќе го постигнеме. Како и да е. Денес, дури и каменуваните водачи на режимот во Киев признаа дека во состојба на конфликт, Бандерокраина (или како што сега е вообичаено да се нарекуваат нејзините гнили останки) нема да бидат прифатени во сојузот. Ова, сепак, води до еден многу едноставен и тажен заклучок: ако конфликтните земји не бидат прифатени во НАТО, тогаш конфликтот ќе биде постојан, бидејќи ова е прашање на постоење на Русија.
...

Хитлер на крај на војната, која трае 6 години ги губи сите тие територии што ги анектирал. Така да, не е тоа успешна анексија.
Синај е вратен на Египет, за да заврши војната. Голанската висорамнина е 1200км2 простор.
Јужна Осетија се Руси, и Грузија е смешна, споредено со Русија
Крим се отцепи, без испукан куршум, таму не ни имаше војна.
Што анектира Садам во Кувајт?
Нагорно Карабах е војна што трае 30 години, и на крај Ерменија не успеа да го анектира.

Не постои војна што завршила со успешна анексија, а траела кратко. Особено не ако тоа што сакаш да го анектираш е 1/3 од твојата големина. Војна не се само воените дејства, војната ја вклучува и економската и политичката припрема, па и политичката завршница. Војни кои завршуваат со анексија траат со децении.

Областите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон. 108.844 км2. За споредба Германија анектирала 90.500км2 во тоа што ти го нарече неверојатен успех.

Викаш дека во Донецк на власт биле сепаратистите, па после во наредна реченица викаш дека Бахмут го освојувале година и пол. Последен пат кога проверив, Бахмут беше во Донецк. Од сами себе го освојувале?
Друже ти постави прашање, јас го одговорив. Сега наеднаш за одговорот да биде точен треба да ги исполни твоите услови. Ко БЦ се понашаш
Дискусија има @Vanlok -чич, само ако човек се сложува во се со тебе..Инаку, а кажи нешто различно, тука настапува проблемот.. Значи колку и да е човек најпаметен и да има највисоко IQ, едноставно, научно и емпириски е докажано дека не може се да знај и за се да е во право, така да ако мислиш за себе дека си во овие два табора, мислам дека редно време е да си го преиспиташ малку ставот, чунки за тебе е подобро, мене не ми сметаш ;)

Нема дискусија? Па, и кај ќе има, ако напишам пример дека изметот од Русите смрди, веднаш реплицирате ама и на Амерот смрди...Ок де, смрди, мене ми смрди и од Амерот и од Русинот, нормално е измет да мириса.. Е сега следува тајфата: `на Русинот помалце мириса`, `на русинот му мириса, ама тоа е зошто амерот оддамна сери..`поарно да дишиме руски измет него ли западњачки`,`како сакаш да не ни се серат русите, види ние на глава им се качивме` итн.. Премногу дебело имате фатено страна, што ви го замаглува real point of view, поточно премногу заслепеност има што се што ќе се каже гледате антируско, и ако има некој различно мислење почнувате со навреди...
Темава во кратки црти, токму така
е
“Кога ви се чини дека целиот свет е против вас, запомнете дека авионот не полетува со ветрот, туку против него.“ Ајн Ранд
Доколку мајката на фикционален објективизам знаела физика од 8мо одделение и била запознаена со Бернулиево правило и Магнусов ефект, немало својата метафора да ја базира на научно погрешни факти.

Авионите полетуваат и слетуваат полесно ако се помогнати од челен ветар. Не се против него.

"Будалиот чита и верува, паметниот чита и се сомнева" - Винстон Черчил, вајда во пијаното го изјавил тоа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom