Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    760
Сега изговори не барај. Праша, доби одговор. Анектираше? Да. За еден месец? Да...

Хитлер војуваше со цела Европа истовремено, симултантка. Затоа ја изгуби војната. Дали мислиш дека ќе му ја земеше некој Полска ако ја анектираше само неа?
Па и Русија анектираше, по истата логика. Зошто им е неуспешна војната тогаш?

А ти мислиш дека се обрани Украина без западна помош?
 
Едните маршираат кон Киев, другите кон Крим, и така во круг се вртат..Додека единствените што губат се мајките чии деца гинат во виорот на војната...
Се изнамаршираа у 500 метри квадратни, напред назад.
 
Најди една единствена војна во историјата што започнала со цел анексија, а траела кратко.
Хитлер во Судетенланд и после цела Чехословачка
Хитлер со Аншлус на Австрија
Шестдневната војна и Синај, Голански висорамнини и Ерусалим
Русија во Јужна Осетија
Русија во Крим
Садам во Кувајт
Сите војни во Нагорно Карабах
 
Првите две што ги спомна не ни биле војни. Чехословачка му ја дадоја на тацна со Минхенската спогодба. А го заборави освојувањето на Данска. Исто така не е војна ни припојувањето на Крим. Украинците само прдеа и ништо не направија.
 
Па и Русија анектираше, по истата логика. Зошто им е неуспешна војната тогаш?

А ти мислиш дека се обрани Украина без западна помош?
Што анектираше Русија? Русија на почетокот ако не ме лажат очите со тенковите беа пред Киев. Што анектираше? Компир, зиро поинт зиро, си се вратија назад подмочнати..Ако мислиш на ДНР, и пред тоа таму на власт беа сепаратистите... Бахмут 1.5 година да го освојуваш, друго џабе прајме муабет...
 
Ако е џабе една држава за компири садење да ја направиш и 100 години да ја вратиш назад. Тогаш ок.
 
Првите две што ги спомна не ни биле војни. Чехословачка му ја дадоја на тацна со Минхенската спогодба. А го заборави освојувањето на Данска. Исто така не е војна ни припојувањето на Крим. Украинците само прдеа и ништо не направија.
Наречи ги како сакаш, влегува војска прво, па се прави политичка игра на припојување. Тоа што нема отпор не значи дека не е воено освојување.
 
Првите две што ги спомна не ни биле војни. Чехословачка му ја дадоја на тацна со Минхенската спогодба. А го заборави освојувањето на Данска. Исто така не е војна ни припојувањето на Крим. Украинците само прдеа и ништо не направија.
А вака не ти беше чудно што така без испукан куршум му го дадоа Крим? Едноставно мене ми мириса дека имаше дил меѓу сите светски сили за Крим, и Украинците не ни имаа избор што да прават.... :toe:
 
Ама затоа сега кога имаа избор што да прават решија да го јадат стапот. Подобро ќе беше да немаа избор.
 
Се ми се чини дека двете страни ќе го јадат стапот, и RUS и UKR, додека западот трие раце. И Русите и Украинците не се свесни за тоа, ама ќе им стане јасно кад тад, дека едните се топовско месо, а другите ги шошкаат и ги наведуваат како мали дечиња во градинка, да не речам како вол во бостан....
 
Хитлер во Судетенланд и после цела Чехословачка
Хитлер со Аншлус на Австрија
Шестдневната војна и Синај, Голански висорамнини и Ерусалим
Русија во Јужна Осетија
Русија во Крим
Садам во Кувајт
Сите војни во Нагорно Карабах
Хитлер на крај на војната, која трае 6 години ги губи сите тие територии што ги анектирал. Така да, не е тоа успешна анексија.
Синај е вратен на Египет, за да заврши војната. Голанската висорамнина е 1200км2 простор.
Јужна Осетија се Руси, и Грузија е смешна, споредено со Русија
Крим се отцепи, без испукан куршум, таму не ни имаше војна.
Што анектира Садам во Кувајт?
Нагорно Карабах е војна што трае 30 години, и на крај Ерменија не успеа да го анектира.

Не постои војна што завршила со успешна анексија, а траела кратко. Особено не ако тоа што сакаш да го анектираш е 1/3 од твојата големина. Војна не се само воените дејства, војната ја вклучува и економската и политичката припрема, па и политичката завршница. Војни кои завршуваат со анексија траат со децении.
Што анектираше Русија? Русија на почетокот ако не ме лажат очите со тенковите беа пред Киев. Што анектираше? Компир, зиро поинт зиро, си се вратија назад подмочнати..Ако мислиш на ДНР, и пред тоа таму на власт беа сепаратистите... Бахмут 1.5 година да го освојуваш, друго џабе прајме муабет...
Областите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон. 108.844 км2. За споредба Германија анектирала 90.500км2 во тоа што ти го нарече неверојатен успех.

Викаш дека во Донецк на власт биле сепаратистите, па после во наредна реченица викаш дека Бахмут го освојувале година и пол. Последен пат кога проверив, Бахмут беше во Донецк. Од сами себе го освојувале?
 
Не постои војна што завршила со успешна анексија, а траела кратко. Особено не ако тоа што сакаш да го анектираш е 1/3 од твојата големина. Војна не се само воените дејства, војната ја вклучува и економската и политичката припрема, па и политичката завршница. Војни кои завршуваат со анексија траат со децении.
Egejska, Pirinska i Vardraska ili togas popoznati kako Rumelija koj gi ebi, nebitni se tie. Kolku sto znam toa traese poprilicno kratko, za vreme na balkanskite vojni , sto znaci 1912 - 1913 godina. Aneksijata seuste trae, teritorijata koja i e odzemena voeno na Turcija ( posle vtorata balkanska vojna okolu 70 % od evropskite teritorii) seuste ne i e vratena, a pominaja kolku godini od togas, 100+
 
Вклучувањето на Турција во Прва Светска е последица на тие анексии. Па имаш и грчко-турски војни, на истата тема. 15тина години бил периодот додека Турција се помирила дека ги изгубила териториите. А кај балканските држави поделбата имала влијание и до втора светска.

Има огромна разлика од брзина на траење на воени дејствија и операција (нешто во кое што Русите денес дебело потфрлаат) и финално завршување на војна со анексија.
 
Областите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон. 108.844 км2. За споредба Германија анектирала 90.500км2 во тоа што ти го нарече неверојатен успех.

Викаш дека во Донецк на власт биле сепаратистите, па после во наредна реченица викаш дека Бахмут го освојувале година и пол. Последен пат кога проверив, Бахмут беше во Донецк. Од сами себе го освојувале?
Абе сега до сабајле можиме да цепидлачиме и да си играме катастар кој кај бил и што бил, како сакаш речи, јас мислам дека се освен блицкриг операција и остварување на целите во првите 10-15 дена од окупацијата на Русија во Украина се друго оди на штета на Русија. Секој ден продолжен во војната. И сами руски генерали изјавувале дека чекале огромна поддршка од локалците во Херсон мерсон, но не добиле ни 1% од тоа што очекувале, и дека се требало да заврши за брзо време.

Тргнаа со тенкови на Киев, мислеа дека под притисок Киев ќе капитулира. Киев не подлегна на тоа, се вратија со тенковите, и заглавија..Буквално заглавија, а и допрва ќе заглавуваат...Ќе заглават бетер од Американците во Виетнам, ама отом потом..Живи били па видели...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom