Ајде сега кога завршија све ова, да видиме што ќе испазарат во средина.
Првична цел им беше Угарте, па сега им е Каиседо, ако Сити се вмешаат по Рајс, пак ќе има натезање за носење на Каиседо и пак ќе извисат, ако планираат да го земат, мора да реагираат брзо со оглед на тоа дека не играме ЛШ.
Мене искрено, толку не ми се свиѓа Каиседо, тактички не гледам како се уклапа со Енцо на средина во двојка, не ми е дефанзивно толку добар како Рајс на пример или Угарте, подобар е со топка и транзиција ама сметам дека не е добар пар со Енцо. Плус доаѓа од таа глупава екипа што досега за секој трансфер не измамија, чудни играчи и систем имаат, не сум сигурен дека Каиседо е добар избор за тие пари. Како и да ја е, јас кур разбирам што е добро што не, тоа најдобро си знае Покетино што му треба треба во негов систем, што и да е, имам верба.
Сметам дека Угарте ни беше играч што не смееме да го пропуштиме, сега немам ни идеја кој друг би можел да донесат ама се надевам дека Каиседо не е единствена опција што им е во план, со негов трансфер пак ќе останат дупки и прашалници. Очајно ни треба класичен ДМ, пред одбрана, коска играч, да сече.
Засега, не сакам и нема да бидам негативен зошто нема потреба, рано е а и како работат до сега, би кажал дека си ја знаат работава новава Управа, така да ќе верувам дека знаат што прават.
65 зимаме од Хаверц, си купуваме фидер клуб со истите пари во Франција, какви времиња еј, едно теле како Хаверц да вреди како еден клуб. За Арсенал никад веќе нема да кажам лош збор, макар Хаверц им бидне најдобар играч во историјата, каква услуга ни завршија, се откачивме од магаре на нереално голема плата, што ништо не оправда од парите вложени во него, кои голем дел си ги вративме.
Интересни работи се дешаваат со Челзи, многу потези во позадина, многу конекции и дешавки, баш ме интересира кроз годиниве што идат како ќе гледаме на летово и се ова, доста клучно лето.
Ајде сега уште остатокот од глувците да се избрка и со нови сили, ентузијазам да се почнат подготовките.