- Член од
- 15 ноември 2013
- Мислења
- 1.534
- Поени од реакции
- 2.649
Па истото го кажав и јас, не го кажав твоево како пример, ама суштината е таа.Ако ја заокружиме корупцијата на напишаното, тогаш САД и нема што да се грижат. Но пропушташ неколку сегменти кои и немаат врска со лобирањето. Да почнеме со корупцијата од највисоко ниво, а тоа се тендер компаниите (логистика, транспорт, воена индустрија, енергетска индустрија), каде што се троши грото од Американскиот буџет. Збориме за буџет од 6000 милијарди долари, а на пример пругите се во таква состојба што има околу 1000 излетувања на возови годишно (или ајде да речеме инциденти, да не бидеме прегруби). Имаме дефундација на полицијата, а од друга страна зголемување на учество на приватни компании за безбедност. Како што кажав претходно имаме енормни пари што се трошат за логистика на базите и тоа даден на фирми кои воопшто немаат логистички можности па користат вендори за тоа.
Значи зборам за корупција од највисоко ниво што може да постои, не за лоби групи и монополизам.
Генерално тендери ќе фаќаат фирми како Локхид Мартин, а не некој анонимни фирми како што е случајот кај нас (за да се проневеруваат пари, по фамилијарна линија и слично). Локхид мартин ти е голема корпорација во олигополистички систем, и е фирма од обем. Значи вакви фирми не станале од толкав обем со вработување на неспособни, и тоа е плус фактор зошто фаќаат тендери, за разлика кај нас Некст Сенс ти ги зема сите државни софтвер тендери, мислиш толкав квалитет имаат Некст Сенс на пазаров?
Па пруги нормално дека нема да се градат, таа индустрија е умрена во САД, кога имало тендераши и кога индустријата била "тренд", Вандербилт што го спомнав погоре се збогатил од таа индустрија. После тоа нова "тренд" индустрија ти е автомобилската, па државата ти се врти во таа смера (рака под рака со монополите од тоа време) па се градат патишта, инфраструктура и слично, а се забаталуваат железниците. Една од причините зошто немаат добар јавен превоз во САД е автомобилска индустрија.
Денеска стануваат "тренд" EV па поради интересот кај популацијата, политичарите ќе бидат повеќе од спремни да си ги менат старите партнерите од петро/ICE фирмите со Тесла и слични фирми кои ќе лапаат субвенции. Историски тоа се случувало и претходно, како што кажав погоре, таа е таа корупција, полни џебови и на политичари и на бизнисмени. Само како што кажав, генерално до сега ова донекаде било и во полза на просечниот Joe. Таа е разликата во корупцијата.
Тоа ти е понов симптом, популарен пост 2008 најверојатно од кога ја фатија удолницата, кој не го негирам. Ама сепак, треба уште многу удолници за да бидат блиску до држава што немала скоро никогаш капитализам па да наликува на пост комунистичките држави каде што се вработуваат швалерки, зетови, шури.Па така лош ти е примерот дека САД не те вработуваат некаде, пошто си од Х партија. Баш напротив во САД владее непотизам и тоа на многу поголемо ниво, него што владее кај нас. Повеќе рамковни вработени има кај нив одколку што има кај нас. Чак што е и алармантно почнаа да им наметнуваат диверзити и на приватните фирми. Постојат отпуштања на луѓе што немаат исти мислења со моменталните трендови и така натака. Дури и во уметноста и културата се наметнува непотизмот, под име диверизити.
Понатаму, ако сакаме да видиме како стои САД со митото, треба само да ја погледнеме нарко индустријата, која од година во година се повеќе процветува во САД. На што се должи тоа, ако не на мито од најниско до највисоко ниво во безбедносните структури. Едноставно, САД пука по шевови. Мене тоа искрено не ми се допаѓа, пошто ако некој губи што пропаѓа САД тука, сум јас.
И во САД корупцијата е од најнизок ешалон до највисок. Значи следниот заклучок не ти е баш најточен:
Споредбата е и историска, затоа ти ги спомнав и тајкуните од Gilded Age во САД. За разлика од тајкуните како Вандербилт, Карнеги, или сега Безос Маск, апашите транзициски се најбогатите луѓе во Русија, кои имаат и политичка моќ (нормално под контрола на господинот Путин), кои богатството не им е направено ни приближно како што го направиле овие погоре.Тука си генерално во заблуда, пошто го гледаш Руското општество од 90тите години. Тоа што Путин ги зауздал олигарсите (тие што можел, тие што не можел ариа де верчи), не е затоа што како кај нас тие постанале олигарси под негова контрола (како што се случи кај нас), туку едноставно изигра прагматично со веќе поставената олигархија.
Ќе ти кажам еден пример, доколку нашите олигарси, кога ги купија/украдоа фабриките ги ставија во функција, а не ги распродадоа за дневен профит, ќе имавме повеќе успешни приказни попут Алкалоид, Пивара, Европа и слично.
Путин едноставно ја заузда олигархијата и ја оттргна од државата. Ако одиме терминолошки олигархијата престана да биде олигархија, пошто дефакто веќе не ја контролира државата. За разлика од САД, каде што вистинските владетели се тендер-компаниите-->олигархијата.
Значи Путин ја отргнал олигархијата, т.е ја ставил под своја капа, во кој свет ова не е висока корупција? Да соработуваш и да допушташ личности што под sketchy околности ги заработиле парите? И овие ти се тешки тендераши, битни руски индустрии ги поседуваат, незаслужно. Кога ќе го заменат Вандербилт со Хенри Форд во Русија, е тогаш може ќе биде корупцијата како во САД, сега уште се на левелот на Македонија.
Тоа е разликата со САД, што кога индустријата X станува не значајна, спремни се да ја менат со индустрија Y, и главната олигархија од Big Oil станува Big Tech и сл.(не дека Big Oil ги снема, да не сфатиш погрешно). Типична Bottom-up структура.
Додека страда капитализмот, и неговите добри атрибути, како меритократијата, ќе страда и државата.Е сега тука можеби настрада капитализмот (основните правила), меѓутоа и претходно со олигархија на чело, не верувам дека имале повеќе капитализам од сега. Генерално Русија на Путин почна сериозно да се отвара за бизнис и многу западни компании пенетрираа во Русија, пошто дефакто е најголем европски пазар. Не за џабе многу компании отворија трговски и производствени центри таму. Достапност до ресурси, одлични услови и така натаму. Све тоа беше откако Путин ја заузда олигархијата. Па дури и сега, на пример ако си спремен да вложиш во прехранбена индустрија, можеш многу лесно да отвориш бизнис во прехранбена индустрија во кој државата сесрдно ќе ти помогне.
Затоа викам генералниот правец на САД во последните 30 години е удолница, додека генералниот правец на Русија последните 20 години е нагоре. Уште не се сретнале, но со вакво темпо ќе се сретнат.
За ова си во право, ама правиш претпоставка на Русија до 2014 година, Руската економија зеде залет ради причините што ги наброја од 99та до 2014, можеш да побараш граф на раст на БДП, значи пред 2014 во просек раст имаа од ~7% проценти за после 2014 да паднат на ~2%, причината најверојатно ја знаеш, значи ова е поразителна бројка за држава во развој, која се стреми да ја стигне САД, така да по сите параметри освен ако не се случи целосен распад на САД како на СССР во 90тите, тешко дека ќе ја стигне.
Ѕирни исто раст на БДП на нивните конкуренти од Азија (Кина, Индија)