Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.649
Ако ја заокружиме корупцијата на напишаното, тогаш САД и нема што да се грижат. Но пропушташ неколку сегменти кои и немаат врска со лобирањето. Да почнеме со корупцијата од највисоко ниво, а тоа се тендер компаниите (логистика, транспорт, воена индустрија, енергетска индустрија), каде што се троши грото од Американскиот буџет. Збориме за буџет од 6000 милијарди долари, а на пример пругите се во таква состојба што има околу 1000 излетувања на возови годишно (или ајде да речеме инциденти, да не бидеме прегруби). Имаме дефундација на полицијата, а од друга страна зголемување на учество на приватни компании за безбедност. Како што кажав претходно имаме енормни пари што се трошат за логистика на базите и тоа даден на фирми кои воопшто немаат логистички можности па користат вендори за тоа.

Значи зборам за корупција од највисоко ниво што може да постои, не за лоби групи и монополизам.
Па истото го кажав и јас, не го кажав твоево како пример, ама суштината е таа.
Генерално тендери ќе фаќаат фирми како Локхид Мартин, а не некој анонимни фирми како што е случајот кај нас (за да се проневеруваат пари, по фамилијарна линија и слично). Локхид мартин ти е голема корпорација во олигополистички систем, и е фирма од обем. Значи вакви фирми не станале од толкав обем со вработување на неспособни, и тоа е плус фактор зошто фаќаат тендери, за разлика кај нас Некст Сенс ти ги зема сите државни софтвер тендери, мислиш толкав квалитет имаат Некст Сенс на пазаров?

Па пруги нормално дека нема да се градат, таа индустрија е умрена во САД, кога имало тендераши и кога индустријата била "тренд", Вандербилт што го спомнав погоре се збогатил од таа индустрија. После тоа нова "тренд" индустрија ти е автомобилската, па државата ти се врти во таа смера (рака под рака со монополите од тоа време) па се градат патишта, инфраструктура и слично, а се забаталуваат железниците. Една од причините зошто немаат добар јавен превоз во САД е автомобилска индустрија.

Денеска стануваат "тренд" EV па поради интересот кај популацијата, политичарите ќе бидат повеќе од спремни да си ги менат старите партнерите од петро/ICE фирмите со Тесла и слични фирми кои ќе лапаат субвенции. Историски тоа се случувало и претходно, како што кажав погоре, таа е таа корупција, полни џебови и на политичари и на бизнисмени. Само како што кажав, генерално до сега ова донекаде било и во полза на просечниот Joe. Таа е разликата во корупцијата.

Па така лош ти е примерот дека САД не те вработуваат некаде, пошто си од Х партија. Баш напротив во САД владее непотизам и тоа на многу поголемо ниво, него што владее кај нас. Повеќе рамковни вработени има кај нив одколку што има кај нас. Чак што е и алармантно почнаа да им наметнуваат диверзити и на приватните фирми. Постојат отпуштања на луѓе што немаат исти мислења со моменталните трендови и така натака. Дури и во уметноста и културата се наметнува непотизмот, под име диверизити.

Понатаму, ако сакаме да видиме како стои САД со митото, треба само да ја погледнеме нарко индустријата, која од година во година се повеќе процветува во САД. На што се должи тоа, ако не на мито од најниско до највисоко ниво во безбедносните структури. Едноставно, САД пука по шевови. Мене тоа искрено не ми се допаѓа, пошто ако некој губи што пропаѓа САД тука, сум јас.

И во САД корупцијата е од најнизок ешалон до највисок. Значи следниот заклучок не ти е баш најточен:
Тоа ти е понов симптом, популарен пост 2008 најверојатно од кога ја фатија удолницата, кој не го негирам. Ама сепак, треба уште многу удолници за да бидат блиску до држава што немала скоро никогаш капитализам па да наликува на пост комунистичките држави каде што се вработуваат швалерки, зетови, шури.

Тука си генерално во заблуда, пошто го гледаш Руското општество од 90тите години. Тоа што Путин ги зауздал олигарсите (тие што можел, тие што не можел ариа де верчи), не е затоа што како кај нас тие постанале олигарси под негова контрола (како што се случи кај нас), туку едноставно изигра прагматично со веќе поставената олигархија.

Ќе ти кажам еден пример, доколку нашите олигарси, кога ги купија/украдоа фабриките ги ставија во функција, а не ги распродадоа за дневен профит, ќе имавме повеќе успешни приказни попут Алкалоид, Пивара, Европа и слично.

Путин едноставно ја заузда олигархијата и ја оттргна од државата. Ако одиме терминолошки олигархијата престана да биде олигархија, пошто дефакто веќе не ја контролира државата. За разлика од САД, каде што вистинските владетели се тендер-компаниите-->олигархијата.
Споредбата е и историска, затоа ти ги спомнав и тајкуните од Gilded Age во САД. За разлика од тајкуните како Вандербилт, Карнеги, или сега Безос Маск, апашите транзициски се најбогатите луѓе во Русија, кои имаат и политичка моќ (нормално под контрола на господинот Путин), кои богатството не им е направено ни приближно како што го направиле овие погоре.

Значи Путин ја отргнал олигархијата, т.е ја ставил под своја капа, во кој свет ова не е висока корупција? Да соработуваш и да допушташ личности што под sketchy околности ги заработиле парите? :icon_lol: И овие ти се тешки тендераши, битни руски индустрии ги поседуваат, незаслужно. Кога ќе го заменат Вандербилт со Хенри Форд во Русија, е тогаш може ќе биде корупцијата како во САД, сега уште се на левелот на Македонија.
Тоа е разликата со САД, што кога индустријата X станува не значајна, спремни се да ја менат со индустрија Y, и главната олигархија од Big Oil станува Big Tech и сл.(не дека Big Oil ги снема, да не сфатиш погрешно). Типична Bottom-up структура.

Е сега тука можеби настрада капитализмот (основните правила), меѓутоа и претходно со олигархија на чело, не верувам дека имале повеќе капитализам од сега. Генерално Русија на Путин почна сериозно да се отвара за бизнис и многу западни компании пенетрираа во Русија, пошто дефакто е најголем европски пазар. Не за џабе многу компании отворија трговски и производствени центри таму. Достапност до ресурси, одлични услови и така натаму. Све тоа беше откако Путин ја заузда олигархијата. Па дури и сега, на пример ако си спремен да вложиш во прехранбена индустрија, можеш многу лесно да отвориш бизнис во прехранбена индустрија во кој државата сесрдно ќе ти помогне.

Затоа викам генералниот правец на САД во последните 30 години е удолница, додека генералниот правец на Русија последните 20 години е нагоре. Уште не се сретнале, но со вакво темпо ќе се сретнат.
Додека страда капитализмот, и неговите добри атрибути, како меритократијата, ќе страда и државата.

За ова си во право, ама правиш претпоставка на Русија до 2014 година, Руската економија зеде залет ради причините што ги наброја од 99та до 2014, можеш да побараш граф на раст на БДП, значи пред 2014 во просек раст имаа од ~7% проценти за после 2014 да паднат на ~2%, причината најверојатно ја знаеш, значи ова е поразителна бројка за држава во развој, која се стреми да ја стигне САД, така да по сите параметри освен ако не се случи целосен распад на САД како на СССР во 90тите, тешко дека ќе ја стигне.
Ѕирни исто раст на БДП на нивните конкуренти од Азија (Кина, Индија)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Значи Путин ја отргнал олигархијата, т.е ја ставил под своја капа, во кој свет ова не е висока корупција? Да соработуваш и да допушташ личности што под sketchy околности ги заработиле парите? :icon_lol: И овие ти се тешки тендераши, битни руски индустрии ги поседуваат, незаслужно. Кога ќе го заменат Вандербилт со Хенри Форд во Русија, е тогаш може ќе биде корупцијата како во САД, сега уште се на левелот на Македонија.
Значи тука не го разбираш контекстот воопшто. Олигархијата престанува да биде олигархија во оној момент кога ја губи контролата врз државата. Јас не викам дека корупцијата ја снемало, туку дека на едно око се замижува за да олигархијата метаморфира во бизнис елита во вистинска смисла на зборот. Постојат можеби тендерчиња и слично, меѓутоа тоа оди под контрола на државата и на крај тендерите се стремат да се претворат во сервилни услуги.

На пример, да пробаше Путин да се реши од олигархијата преку ноќ со нож и да пробаше да ги прати во затвор, нема ни да го запамтевме како се вика чоекот, пошто ќе одеше јабана пред 23 години. Тоа што го направи е најдоброто што можеше да се направи во таа држава, таква каква што беше. А што од тогаш до сега направи со таа држава, џабе ќе ти зборам ако не си отишол таму или ако не си имал работа со нив. Разликата од 90тите до сега е небо и земја, впрочем затоа народот го сака.

Да резимираме, Путин олигархијата ја претвори во успешна приказна, како кај нас што ги кажав за пример, Алкалоид, Пивара и Европа (може има и некоја друга фирма). Можеби не се заслужено на таа позиција, но овие 23 години (канализирани се да) работат на развојот на Русија и за тоа има видливи резултати.

На крајот, ретко некоја држава е самостална и функционална, онака што би рекле сама за себе доволна. Има две такви на светот, САД и Русија. Последниот сегмент што и фалеше, Путин го направи после 2014 година, ја живна прехрамбената индустрија.

И генрално разликата е во тоа што во САД сеуште се олигархија, тоест фирмите владеат со државата, што е пер се, највисок левел на корупција. Во Русија со државата владеат државните апарати, ма какви и да биле, а корупцијата е на бајаги пониско ниво.

Додека страда капитализмот, и неговите добри атрибути, како меритократијата, ќе страда и државата.

За ова си во право, ама правиш претпоставка на Русија до 2014 година, Руската економија зеде залет ради причините што ги наброја од 99та до 2014, можеш да побараш граф на раст на БДП, значи пред 2014 во просек раст имаа од ~7% проценти за после 2014 да паднат на ~2%, причината најверојатно ја знаеш, значи ова е поразителна бројка за држава во развој, која се стреми да ја стигне САД, така да по сите параметри освен ако не се случи целосен распад на САД како на СССР во 90тите, тешко дека ќе ја стигне.
Ѕирни исто раст на БДП на нивните конкуренти од Азија (Кина, Индија)
Точно така, но има причина зошто е ова вака. Всушност има дебела причина. А тоа е оваа војна што ја гледаме. Факт е дека Русија се спремала за долга и исцрпувачка војна. Можеби и тебе не ти е јасно тоа, но набргу ќе им стане јасно на сите. Русија од 2014 година се ориентира да го покрие недостатокот на производство на храна и генерално се насочува кон воената индустрија. Воените капацитети од СССР што ги гледаме деновиве во полна параеа, не се рестартираат преку ноќ. За тоа е потребно време и пари. А мунциијата има свој рок на траење, па така оваа муниција што ја користи Русија, не ми седи дека е од времето на СССР. А на држава што си е сама по себе доволна, не секогаш и игра улога БДП, за да ја истакне нејзината способност. Постојат многу мерки што таа држава со значително мало БДП, во споредба со западните држави, би можела да постигне мошне поголем ефект. А поготово како што е случајот со Русија, кога државниот апарат има огромна поддршка од народот. Па еве ти информација, дали знаеш дека од 400К ИТ инжинери кои се претежно доста квалитетни, дали 20-30К излегоа од Русија кога почна војната? За сите од нив вратите во западна Европа беа отворени, но ништо, штурци. Знам некои фирми останаа на работат со Русите, ама многу фирми едноставно прекинаа да работат со нив. Овие луѓе не верувам дека останале без работа, туку се претежно ангажирани во одбранбениот сектор. Со еден збор Руското општество во моментов е високо индокринирано во државната политика. Сите се свесни што се дешава, за разлика од луѓето на западот и целосно го подржуваат Путин.

Тоа ти е понов симптом, популарен пост 2008 најверојатно од кога ја фатија удолницата, кој не го негирам. Ама сепак, треба уште многу удолници за да бидат блиску до држава што немала скоро никогаш капитализам па да наликува на пост комунистичките држави каде што се вработуваат швалерки, зетови, шури.
Удолницата е пострмна него ли што си мислиш. Ситуацијата е многу полоша од таа во 2008.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Генерално тендери ќе фаќаат фирми како Локхид Мартин, а не некој анонимни фирми како што е случајот кај нас (за да се проневеруваат пари, по фамилијарна линија и слично). Локхид мартин ти е голема корпорација во олигополистички систем, и е фирма од обем. Значи вакви фирми не станале од толкав обем со вработување на неспособни, и тоа е плус фактор зошто фаќаат тендери, за разлика кај нас Некст Сенс ти ги зема сите државни софтвер тендери, мислиш толкав квалитет имаат Некст Сенс на пазаров?
Во IT индустријата кај нас, ретко која фирма сака да се занимава со тендери. Е сега јас колку што знам они постојат можда над 20 години и ако не се лажам се спиноф семос. Дека било која ИТ фирма кај нас вработува неспособни, не верувам. Немам никакви детаљи за нив и нивните тендери, но мислам дека не ти е споредбата на место. Треба можда некој друг сектор да земеш во предвид, каде што верувам дека има примери кои ги кажуваш. Ама Локид Мартин што мислиш како настанал. И од нашите човек фирми во иднина ќе се родат Локид Мартини, КБР-и и разни сподоби, кои ќе го цицаат буџетот.

Тоа само значи дека ние ги одиме бебешките чекори во корупцијата.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.915

Ретко која нормална фирма сака да се занимава со тендери. Бараат брз рок на испорака и одложено плаќање, по можност на 5 години.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.649
На пример, да пробаше Путин да се реши од олигархијата преку ноќ со нож и да пробаше да ги прати во затвор, нема ни да го запамтевме како се вика чоекот, пошто ќе одеше јабана пред 23 години. Тоа што го направи е најдоброто што можеше да се направи во таа држава, таква каква што беше. А што од тогаш до сега направи со таа држава, џабе ќе ти зборам ако не си отишол таму или ако не си имал работа со нив. Разликата од 90тите до сега е небо и земја, впрочем затоа народот го сака.

Да резимираме, Путин олигархијата ја претвори во успешна приказна, како кај нас што ги кажав за пример, Алкалоид, Пивара и Европа (може има и некоја друга фирма). Можеби не се заслужено на таа позиција, но овие 23 години (канализирани се да) работат на развојот на Русија и за тоа има видливи резултати.

На крајот, ретко некоја држава е самостална и функционална, онака што би рекле сама за себе доволна. Има две такви на светот, САД и Русија. Последниот сегмент што и фалеше, Путин го направи после 2014 година, ја живна прехрамбената индустрија.

И генрално разликата е во тоа што во САД сеуште се олигархија, тоест фирмите владеат со државата, што е пер се, највисок левел на корупција. Во Русија со државата владеат државните апарати, ма какви и да биле, а корупцијата е на бајаги пониско ниво.
Знам добро што е олигархија.
Ај преспитај се пак што си напишал, и види колку си контрадикторен, од една страна горе викаш дека Путин ги клизнал непослушните апаши, а сега викаш дека ако ги клизнел и другиве ќе му ја скинеле глата? Сега има контрола господинот врз апашиве или тие имаат врз него? Или заедно коегзистираат за раст на нивните заеднички интереси?

Никој не владее сам (за Путин ова исто важи).
Кога те читам на последниот пасус дури романтичарски звучи ова како државните интереси владеат во Русија и руските апаши (да не ги нарекуваме олигарси нели) се кординираат со политичарите за развој и севкупната благосостојба на државата. Значи емпириски и историски во сите системи, личности што имаат/ле огромно богатство имале и политичка моќ која со политичарите ја користеле за заеднички интерес, само кога станува збор за Русија, таму е исклучок таму нема шанса за вакво нешто, Путин контролира 100% од нив и сам владее врз државата (иако погоре викаш дека бил попрагматичен со некој од апашите)

А на држава што си е сама по себе доволна, не секогаш и игра улога БДП, за да ја истакне нејзината способност. Постојат многу мерки што таа држава со значително мало БДП, во споредба со западните држави, би можела да постигне мошне поголем ефект. А поготово како што е случајот со Русија, кога државниот апарат има огромна поддршка од народот.
Ќе останам со почит и културно најверојатно после цитатов ќе ја прекинам дискусијата. Значи тука може да се види дека имаш некаков bias кон Русија (зошто појма немам) каде сегашните реални квантативни мерила ти викаат едно, ти викаш пупу не важи ова :)

Поздрав и се најдобро.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Знам добро што е олигархија.
Ај преспитај се пак што си напишал, и види колку си контрадикторен, од една страна горе викаш дека Путин ги клизнал непослушните апаши, а сега викаш дека ако ги клизнел и другиве ќе му ја скинеле глата? Сега има контрола господинот врз апашиве или тие имаат врз него? Или заедно коегзистираат за раст на нивните заеднички интереси?

Никој не владее сам (за Путин ова исто важи).
Кога те читам на последниот пасус дури романтичарски звучи ова како државните интереси владеат во Русија и руските апаши (да не ги нарекуваме олигарси нели) се кординираат со политичарите за развој и севкупната благосостојба на државата. Значи емпириски и историски во сите системи, личности што имаат/ле огромно богатство имале и политичка моќ која со политичарите ја користеле за заеднички интерес, само кога станува збор за Русија, таму е исклучок таму нема шанса за вакво нешто, Путин контролира 100% од нив и сам владее врз државата (иако погоре викаш дека бил попрагматичен со некој од апашите)
За што контрадикторен? Јас кажувам дека ги земал под своја контрола, наместо да ги затвори и ги натерал од своите фирми кои ги грабнале, да направат успешна приказна, а не да ги распродаваат фирмите и ресурсите. Значи наместо да продуцираат МЗТ, ФАС 11 Октомври и Железара, да продуцираат Европа, Алкалоид и Пивара.

Притоа ги користи за понатамошно осамостојување на државата на пример во прехранбената индустрија, не само рестартирувајќи ги прехрманбените капацитети, туку правејќи вистински бум, надминувајќи го Советскиот период за многу пати за само 8 години, со помош на истите тие тајкуни.

И не владее сам Путин во Русија, туку позади него стојат државниот апарат и безбедносните структури, а тајкуните се под нивна целосна контрола. А за да таа власт е успешна, ја има подршката од 80% од народот.

Ќе останам со почит и културно најверојатно после цитатов ќе ја прекинам дискусијата. Значи тука може да се види дека имаш некаков bias кон Русија (зошто појма немам) каде сегашните реални квантативни мерила ти викаат едно, ти викаш пупу не важи ова :)
Не сум јас што вика дека тие квантитативни мерила не важат. Тоа што го гледаш на дело вика така. Русија потроши наведувани ракети во оваа војна колку што САД потроши во сите војни кои ги водела. Русија троши артилерија на ден, повеќе одколку што САД произведува месечно. Ако се распрашаш по луѓе што се разбираат, ќе ти кажат дека тоа што викаат дека се трошат Советски резерви е нон сенс, пошто Советскиот сојуз е распандат пред 33 години, а оваа муниција има рок на траење. Така да излегува дека последните 8 години, Русите не работеле само на рестартирање на прехрамбената индустрија, туку и на воената индустрија. Впрочем затоа е и намалувањето на растот.

Кога ќе го споредиме БДП-то на САД и БДП-то на Русија, испаѓа дека не е пропорционална нивната ефективност со големината на БДП-то, поготово во воената индустрија.

Околу bias-от, повеќе твоето повлекување дава знаци на наклоност кон САД, одколку мојата дискусија, наклоност кон Русија. Одбивањето да се видат сопствените проблеми ги доведе САД до ова дереџе, до кое што се сега. И наместо да се отворат очите, тие се држат ширум затворени. Твојот став е став на скоро секој Американец, со кој сум правел муабет. Путин е лош, Русите не ги бива, корумпирани се, а притоа се слепи што се случува пред нивните очи и како им се распаѓа системот во секој сегмент. И тоа е се додека се споредува со Русија. Кога ќе дојде муабетот Трамп-Бајден, одма магично се отвараат сите тие корупции, во зависност со кого збориш.

Не за џабе Русија оди нагоре 23 години под Путин. Да беше барем слично како што викаш, Русија воопшто нема да мрднеше еден чекор напред од времето на Елцин. Јас само ти ја кажувам причината зошто е тоа така, наспроти западните предрасуди.
Автоматски споено мислење:

Па пруги нормално дека нема да се градат, таа индустрија е умрена во САД
Еве ти жив пример на немање допир со реалноста. И ден денеска, железничкиот сообраќај треба да е број еден сувоземен транспорт во една држава (нормално и во САД). Најефтин, најбрз, најефикасен и така натаму. Транспортната индустрија во САД е 1400 милијарди годишно, притоа транспортот со камиони е тежок околу 700 милијарди долари, а со возови е околу 70 милијарди долари. Превозот со воз во САД кошта околу 70 долари по тон, а превозот со воз околу 220 долари по тон (незнам точно за колкаво растојание е костот). Значи имаме 3 пати поголем трошок за транспртот кој во моментов највеќе се користи, значи доколку тие 700 милијарди би се префрлиле со воз, би коштале нешто повеќе од 200 милијарди, загадувањето би било значително помало, а и немора да кажувам каков импакт тоа би имало врз цените (стандардот на луѓето).

Претпоставувам дека е пак ова некоја си коруптивна шема, на некој си транспортен тајкун врзан со политичките партии. Притоа да ти напоменам, дека железничкиот сообраќај не е помодарство, туку е стратешки сектор.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.185
Поени од реакции
84.054
гарант тоа ќе бидат: поминал на црвено, фрлил ѓубре надвор од канта и не пропуштил пешак
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
гарант тоа ќе бидат: поминал на црвено, фрлил ѓубре надвор од канта и не пропуштил пешак
Нешто поврзано со екологија или па недоволен диверзитет во изборот на курвите…. нема транџи на снимките, знаеш дека тоа е грев.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.915
За што контрадикторен? Јас кажувам дека ги земал под своја контрола, наместо да ги затвори и ги натерал од своите фирми кои ги грабнале, да направат успешна приказна, а не да ги распродаваат фирмите и ресурсите. Значи наместо да продуцираат МЗТ, ФАС 11 Октомври и Железара, да продуцираат Европа, Алкалоид и Пивара.

Притоа ги користи за понатамошно осамостојување на државата на пример во прехранбената индустрија, не само рестартирувајќи ги прехрманбените капацитети, туку правејќи вистински бум, надминувајќи го Советскиот период за многу пати за само 8 години, со помош на истите тие тајкуни.

И не владее сам Путин во Русија, туку позади него стојат државниот апарат и безбедносните структури, а тајкуните се под нивна целосна контрола. А за да таа власт е успешна, ја има подршката од 80% од народот.

Не сум јас што вика дека тие квантитативни мерила не важат. Тоа што го гледаш на дело вика така. Русија потроши наведувани ракети во оваа војна колку што САД потроши во сите војни кои ги водела. Русија троши артилерија на ден, повеќе одколку што САД произведува месечно. Ако се распрашаш по луѓе што се разбираат, ќе ти кажат дека тоа што викаат дека се трошат Советски резерви е нон сенс, пошто Советскиот сојуз е распандат пред 33 години, а оваа муниција има рок на траење. Така да излегува дека последните 8 години, Русите не работеле само на рестартирање на прехрамбената индустрија, туку и на воената индустрија. Впрочем затоа е и намалувањето на растот.

Кога ќе го споредиме БДП-то на САД и БДП-то на Русија, испаѓа дека не е пропорционална нивната ефективност со големината на БДП-то, поготово во воената индустрија.

Околу bias-от, повеќе твоето повлекување дава знаци на наклоност кон САД, одколку мојата дискусија, наклоност кон Русија. Одбивањето да се видат сопствените проблеми ги доведе САД до ова дереџе, до кое што се сега. И наместо да се отворат очите, тие се држат ширум затворени. Твојот став е став на скоро секој Американец, со кој сум правел муабет. Путин е лош, Русите не ги бива, корумпирани се, а притоа се слепи што се случува пред нивните очи и како им се распаѓа системот во секој сегмент. И тоа е се додека се споредува со Русија. Кога ќе дојде муабетот Трамп-Бајден, одма магично се отвараат сите тие корупции, во зависност со кого збориш.

Не за џабе Русија оди нагоре 23 години под Путин. Да беше барем слично како што викаш, Русија воопшто нема да мрднеше еден чекор напред од времето на Елцин. Јас само ти ја кажувам причината зошто е тоа така, наспроти западните предрасуди.
Автоматски споено мислење:

Еве ти жив пример на немање допир со реалноста. И ден денеска, железничкиот сообраќај треба да е број еден сувоземен транспорт во една држава (нормално и во САД). Најефтин, најбрз, најефикасен и така натаму. Транспортната индустрија во САД е 1400 милијарди годишно, притоа транспортот со камиони е тежок околу 700 милијарди долари, а со возови е околу 70 милијарди долари. Превозот со воз во САД кошта околу 70 долари по тон, а превозот со воз околу 220 долари по тон (незнам точно за колкаво растојание е костот). Значи имаме 3 пати поголем трошок за транспртот кој во моментов највеќе се користи, значи доколку тие 700 милијарди би се префрлиле со воз, би коштале нешто повеќе од 200 милијарди, загадувањето би било значително помало, а и немора да кажувам каков импакт тоа би имало врз цените (стандардот на луѓето).

Претпоставувам дека е пак ова некоја си коруптивна шема, на некој си транспортен тајкун врзан со политичките партии. Притоа да ти напоменам, дека железничкиот сообраќај не е помодарство, туку е стратешки сектор.
Да биде трагедијата поголема 99% од железничката мрежа во САД не е електрифицирана а од друга страна раскажуваат бајки за екологија и електрични возила.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.027
Поени од реакции
5.638
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.024
Поени од реакции
13.279
Многу грди зборови на сенилниот Бајден кон кинезов. Интересно е Блинкен пред два дена беше во Кина, Оне Чајна полтика рече дека почитуваат околу Тајван. Дали во позадина се имаат договорено пред медиуми да глуми бесни глисти Бајден за да купи малце популарност пред избори. Или Нуланд го има стаено вскут Бајден, ќе гледаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom