Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.048
Поени од реакции
13.322
Пука демократија у САД.

За Навални филмови снимаат.

Треба Русиве да земат да снимаат некој документарец за Трамп, за корумпираните фамилии на Бајден, Клинтон и остали, по можност со помош на Такер :LOL:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Пука демократија у САД.

За Навални филмови снимаат.

Треба Русиве да земат да снимаат некој документарец за Трамп, за корумпираните фамилии на Бајден, Клинтон и остали, по можност со помош на Такер :LOL:
Тој документарец би можел да биде во продукција на Твитер.

Самиот факт дека Фокс Њуз воопшто размислуваат за правна постапка против Такер Карлсон повеќе од доволно говори дека типот успеал да ги боцне некаде каде што можеби не ги боли, но дефинитивно ги иритира.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/mediumi/foks-njuz-se-pushti-po-taker

Фокс њуз се пушти по Такер

13 јуни 2023 - 10:36

Беа доволни само 115 милиони прегледи на првата епизода од шоуто на Карлсон на Твитер и тотално бришење патос со рејтинзите на која било програма на Фокс њуз, за на телевизиската мрежа да и се отворат чакрите за тужење и судски рочишта по основа дека Такер го прекршил договорот со нив.



Фокс њуз ги извести адвокатите на Карлсон дека неговото шоу на Твитер е вон договорот што го има со мрежата за разделување и дека телевизијата „ќе почне да разгледува правни мерки против Карлсон“.

Адвокатите на водителот пак тврдат дека каква било правна постапка од Фокс ќе биде прекршување на уставните права на Карлсон (од Првиот амандман на американскиот Устав) за слобода на изразување.

„ Фокс своето постоење го брани по основа на слобода на говор. Сега сакаат да му ги одземат правата на Такер Карлсон слободно да зборува затоа што користел социјална мрежа за да ги сподели своите мисли околу актуелни настани “, објасниле адвокатите на отпуштениот водител.

Додека договорот што Карлсон го има со Фокс експлицитно нагласува дека тој нема да може своите услуги да ги дава во каква било форма и облик на други освен на Фокс, ставот на адвокатите на Карлсон е дека тој нема за што да одговара бидејќи Твитер не е директен конкурент на Фокс њуз.

Наводно намерата на Фокс е да го држи Карлсон „офлајн“ некаде до 2025.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.564
Поени од реакции
7.375
Еве Трендо ќе го брани Такер со форите од пред 100 години кога пишуваше у Фокус.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.045
Поени од реакции
5.681
Ako cicko Tramp se otkaze od Pretsedatelskata kandidatura, ovie obvinuvanja ke puknat kako meurche od sapunica.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.078
Поени од реакции
34.521
Ама Бајден има кец во ракавот, проекти за градење со кои ќе ги придобие гласачите!


Автоматски споено мислење:

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Американциве се враќаат целосно во нормала после пандемијава.
Плус вака изгледа рецесија?
Плус плус, глобално затоплување ?

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.531
Поени од реакции
87.619
Овој ги надмина Буш и Трамп по глупостите што ги прави... За разлика од овие двајца кои во секој момент беа мета на медиумите, ова денес ако не го видиш на интернет, нема шанси да го видиш на CNN и остала боранија од медиуми.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Вечна му слава на Даниел Елсберг - еден од ретките, а за жал и можеби еден од последните борци за вистината и за здравиот ум и разум во тврдината на анти-вистината и анти-здравиот ум и разум наречена Соединети Американски Држави.

Не само американската нација, туку и целото човештво му должи вечна благодарност за неговата борба за вистината и за здравиот ум и разум, веројатно само Џулијан Асанж и Едвард Сноуден се споредливи со него.

https://mkd.mk/node/518424

Почина Даниел Елсберг, свиркачот што ги обелодени Пентагон-документите за војната во Виетнам

17.6.2023 - 0:15

„ Најопасниот човек во Америка “


Длабоко вознемирен од американската измама во Виетнам, тој се обратил до Њујорк тајмс. Обелоденувањата што следуваа ја потресоа нацијата, објави вчера Њујорк тајмс.


Фото: ЕПА

Даниел Елсберг, американскиот воен аналитичар што ги објави доверливите „Пентагон-документи“ за Виетнамската војна, откривајќи ја измамата на американската влада за војната и покренувајќи голема битка за слободата на печатот, почина во петокот на 92-годишна возраст.

Долго пред Едвард Сноуден и Викиликс да ги откријат владините тајни во име на транспарентноста, Елсберг им даде до знаење на Американците дека нивната влада е способна да ги измами, па дури и да ги лаже. Во подоцнежните години, Елсберг ќе стане застапник за свиркачите и дојавувачите, а неговото протекување на „Пентагон-документите“ беше прикажано во филмот „Пост“ од 2017 година, вели Ројтерс.

Елсберг во 1971 година тајно им пристапил на медиумите со надеж дека ќе го забрза крајот на Виетнамската војна. Ова го направило мета на клеветничка кампања на Никсоновата Белата куќа, потсетува Ројтерс. Хенри Кисинџер, кој во тоа време беше советник за национална безбедност на претседателот, го нарече „најопасниот човек во Америка, кој мора да биде запрен по секоја цена“.

Кога во средината на 1960-тите отишол во Сајгон за Стејт департментот, Елсберг имал импресивно резиме. Имал стекнато три дипломи на Харвард, служел во Маринскиот корпус и работел во Пентагон и корпорацијата РАНД, влијателен истражувачки центар за политика.

Бил посветен воин од Студената војна и виетнамски јастреб во тоа време. Но Елсберг во својата книга од 2003 година, „Тајни: мемоари за Виетнам и за Пентагон-документите“, рече дека поминала само една недела од неговата двегодишна должност во Сајгон кога сфатил дека Соединетите Држави се во војна во која нема да победат.

Во меѓувреме, по наредба на министерот за одбрана Роберт Мекнамара, официјалните лица на Пентагон тајно составувале извештај од 7.000 страници за американското учество во Виетнам од 1945 до 1967 година. Кога извештајот бил завршен во 1969 година, две од 15-те објавени копии отишле во корпорацијата РАНД, каде што повторно работел Елсберг.

Со својата нова перспектива за војната, Елсберг почнал да присуствува на мировните собири. Тој рече дека бил инспириран да ги ископира „Пентагон-документите“ откако слушнал еден антивоен демонстрант како вели дека му се радува на одењето во затвор затоа што се спротивставил на регрутацијата.

Елсберг почнал да се искрадува со тајниот извештај од канцеларијата на РАНД и да го копира ноќе на изнајмена фотокопир-машина - користејќи ги како помошници својот 13-годишен син и 10-годишната ќерка. Документите ги зел со себе кога се преселил во Бостон на работа во Технолошкиот институт во Масачусетс и на крај чекал година и пол пред да ги проследи страниците до Њујорк тајмс.

На 13 јуни 1971 година Тајмс го објави својот прв дел од „Пентагон-документите“, а администрацијата на претседателот Ричард Никсон брзо побара од судијата да го запре натамошното објавување. Никсоновото тврдење за извршната власт и повикувањето на Законот за шпионажа предизвикаа борба за слободата на печатот поради екстремната цензура на претходното ограничување.

Следниот потег на Елсберг бил да му ги даде Пентагон-документите на Вашингтон пост и на десетици други весници. Во случајот „Њујорк тајмс против САД“, Врховниот Суд помалку од три недели по првото објавување пресуди дека печатот има право да ги објавува документите, и Тајмс продолжи да ги објавува.

Извештајот вели дека американските власти заклучиле дека веројатно не можат да победат во војната и дека претседателот Џон Ф. Кенеди одобрил планови за државен удар за да се собори јужновиетнамскиот лидер. Се вели и дека наследникот на Кенеди, Линдон Џонсон, планирал да ја прошири војната, меѓу другото и да го бомбардира Северен Виетнам, и покрај тоа што за време на кампањата во 1964 година изјавил дека нема. Весникот, исто така, откри дека имало тајни американски бомбардирања во Камбоџа и Лаос и дека бројот на загинатите е поголем од пријавеното.

Во бегство

Тајмс никогаш не кажа кој ги дал документите, но ФБИ брзо го сфатило тоа. Елсберг околу две недели се криел, а потоа се предал во Бостон.

„Чувствував дека како американски граѓанин, како одговорен граѓанин, повеќе не можам да соработувам во криењето на овие информации од американската јавност“, рече тогаш Елсберг. „Ова јасно го направив на сопствен ризик и подготвен сум да одговорам на сите последици од оваа одлука.“

Ќе рече дека му е жал што не ги доставил документите порано.

Иако „Пентагон-документите“ не го содржеле начинот на кој Никсон се справувал со Виетнам, единицата „водоводџии“ на Белата куќа, која подоцна ќе го изврши Вотергејт-упадот, што доведе до пад на Никсон, добиле наредба да го запрат натамошното протекување и да го дискредитираат Елсберг.

Два и пол месеци по првичното објавување, двајца мажи што подоцна ќе бидат истакнати актери во Вотергејт – Г. Гордон Лиди и Е. Хауард Хант - упаднаа во канцеларијата на Елсберговиот психијатар за да бараат инкриминирачки докази.

Елсберг и еден негов колега од РАНД на крај беа обвинети за шпионажа, кражба и заговор. Но на нивното судење во 1973 година случајот беше отфрлен врз основа на недолично однесување на владата кога била откриена кражбата.

Во неговите подоцнежни години, Елсберг, кој е роден на 7 април 1931 година, во Чикаго, стана писател и предавач во кампањата за владина транспарентност и против ширење на нуклеарното оружје.

Тој рече дека Сноуден, соработник на Агенцијата за национална безбедност, кој на новинарите им даде илјадници доверливи документи за владиното собирање информации пред да избега од земјата, не направил ништо лошо. Тој, исто така, рече дека го смета војникот Челзи Менинг за херој затоа што му предаде куп владини досиеја на Викиликс.

Неговите книги се „Машина на судниот ден: исповеди на еден планер на нуклеарна војна“ во 2017 година и „Тајни: мемоари за Виетнам и за Пентагон-документите“ во 2002 година.

Некогаш строго доверливите документи што Елсберг ѝ ги откри на јавноста сега може да се прочитаат онлајн.

Даниел Елсберг
7 април 1931 - 16 јуни 2023

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.417
Не се слагаме, ај да поразјаснам зошто.

Се тоа зависи како сметаш која е поголема корупција, а пошто не можеш квантитативно да ја пресметаш и прикажеш, секој си има различна перцепција, па најверојатно затоа Русија/Македонија ти изгледаат понекорумпирани од САД.

Ја лично, гледам од најнизок ешалон до највисок колку се присутни непотизам, кронизам и корупција за да споредам.
Во САД корупцијата ти е типична за олигополистички капитализам (и во З. Европа е исто, некоја нијанса може по регулирано пошто не е толку централизиран капиталот како во САД). Што се подразбира под ова што го кажувам, е корупција на високо ниво т.е во повисоките ешалони.

Големите корпорации имаат лоби групи кои имаат влијание врз политичарите па се носат закони што би биле поволни за нив и нивните бизниси, како намалување на даноци, добивање на државни пари, им се прогледува кроз прсти кога ќе направат глупости и сл. Ама ова не е сегашен феномен, туку е системски атрибут кој што е скоро секогаш присутен. Денеска ако лоби групите се на Гугл, Амазон, Мајкрософт, Мета во втората индустриска револуција биле на Карнеги (U.S Steel), Рокфелер (Standard Oil), Вандербилт, па подоцна Форд, Едисон итн (на голема случајност за првиве дошло до малце зауздување од Теди Рузвелт, прочитај некогаш ако имаш време).
Ако ја заокружиме корупцијата на напишаното, тогаш САД и нема што да се грижат. Но пропушташ неколку сегменти кои и немаат врска со лобирањето. Да почнеме со корупцијата од највисоко ниво, а тоа се тендер компаниите (логистика, транспорт, воена индустрија, енергетска индустрија), каде што се троши грото од Американскиот буџет. Збориме за буџет од 6000 милијарди долари, а на пример пругите се во таква состојба што има околу 1000 излетувања на возови годишно (или ајде да речеме инциденти, да не бидеме прегруби). Имаме дефундација на полицијата, а од друга страна зголемување на учество на приватни компании за безбедност. Како што кажав претходно имаме енормни пари што се трошат за логистика на базите и тоа даден на фирми кои воопшто немаат логистички можности па користат вендори за тоа.

Значи зборам за корупција од највисоко ниво што може да постои, не за лоби групи и монополизам.

На ниски ешалон корупцијата на вакви стари капиталистички држави е мала, кронизмот и непотизмот се сведени на минимум, бидејќи како прво имале приватен сектор од секогаш, државата со тек на време се помалку станувала фактор за наоѓање на работа и сл. Пластично кажано, во САД не те вработуваат некаде пошто си од X партија, за да станиш CEO на Google нетреба да си му шура на Larry Page. Процесите и социјалната мобилност од низок до висок ешалон одат/оделе по меритократски принципи. Пошто само така може држава да напредува.
Е сега Гугл е приватна компанија и приватна компанија не треба да е мерка за непотизам во една држава. Па така лош ти е примерот дека САД не те вработуваат некаде, пошто си од Х партија. Баш напротив во САД владее непотизам и тоа на многу поголемо ниво, него што владее кај нас. Повеќе рамковни вработени има кај нив одколку што има кај нас. Чак што е и алармантно почнаа да им наметнуваат диверзити и на приватните фирми. Постојат отпуштања на луѓе што немаат исти мислења со моменталните трендови и така натака. Дури и во уметноста и културата се наметнува непотизмот, под име диверизити.

Понатаму, ако сакаме да видиме како стои САД со митото, треба само да ја погледнеме нарко индустријата, која од година во година се повеќе процветува во САД. На што се должи тоа, ако не на мито од најниско до највисоко ниво во безбедносните структури. Едноставно, САД пука по шевови. Мене тоа искрено не ми се допаѓа, пошто ако некој губи што пропаѓа САД тука, сум јас.

И во САД корупцијата е од најнизок ешалон до највисок. Значи следниот заклучок не ти е баш најточен:
А и монополите се настанати по "заслуга", државни пари се давале на потенцијални дисруптивни/иновативни индустрии, во 90ти биле ИТ, во втора индустриска железници, нафта, челик и сл. Не се овие фирми горе што ги набројав така преку ноќ станати монополи (па Бафра до некаде е право кога вика дека и тие се продукт на системот, ја викам дека двосмерна улица е).
Во суштина запознаен си за што зборувам па нема многу да ја разглабувам.

Во пост комунистички држави, и држави што не достигнале никогаш капитализам, како Русија, нашата, корупција имаш од најнизок ешалон до највисок, значи за да се вработиш како чистачка ти требаат врски, вујко владика и слично. Државните институции се полни со некомпетентни луѓе, а и приватните (кои до пред некое време биле државни, каде што бившите директори станаа газди и милијардери не по заслуга/мерит). Тоа е последица од немање на приватен сектор, каде што двигател е профитот а и нема место за лица што не го зголемуваат профитот на фирмата.

А за ова...
И продолежната рака на Кремлин, ти вика дека имаш олигархија во Русија, само разликата е во тоа што Путин ја контролирал неа, а не обратно како во САД, па затоа било подобро. Муабетов змија да те апне или магаре да ти го бапне :icon_lol: . Таа олигархија во Русија ти се класични апаши продукт на смрдената транзиција како кај нас, значи по никаква заслуга.
Тука си генерално во заблуда, пошто го гледаш Руското општество од 90тите години. Тоа што Путин ги зауздал олигарсите (тие што можел, тие што не можел ариа де верчи), не е затоа што како кај нас тие постанале олигарси под негова контрола (како што се случи кај нас), туку едноставно изигра прагматично со веќе поставената олигархија.

Ќе ти кажам еден пример, доколку нашите олигарси, кога ги купија/украдоа фабриките ги ставија во функција, а не ги распродадоа за дневен профит, ќе имавме повеќе успешни приказни попут Алкалоид, Пивара, Европа и слично.

Путин едноставно ја заузда олигархијата и ја оттргна од државата. Ако одиме терминолошки олигархијата престана да биде олигархија, пошто дефакто веќе не ја контролира државата. За разлика од САД, каде што вистинските владетели се тендер-компаниите-->олигархијата.

Е сега тука можеби настрада капитализмот (основните правила), меѓутоа и претходно со олигархија на чело, не верувам дека имале повеќе капитализам од сега. Генерално Русија на Путин почна сериозно да се отвара за бизнис и многу западни компании пенетрираа во Русија, пошто дефакто е најголем европски пазар. Не за џабе многу компании отворија трговски и производствени центри таму. Достапност до ресурси, одлични услови и така натаму. Све тоа беше откако Путин ја заузда олигархијата. Па дури и сега, на пример ако си спремен да вложиш во прехранбена индустрија, можеш многу лесно да отвориш бизнис во прехранбена индустрија во кој државата сесрдно ќе ти помогне.

Затоа викам генералниот правец на САД во последните 30 години е удолница, додека генералниот правец на Русија последните 20 години е нагоре. Уште не се сретнале, но со вакво темпо ќе се сретнат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom