Аслани не е лош играч, има доста голем потенцијал само што е лимитиран за дел од терен каде Броз реално беше незаменлив, ама ако не е некое курчало а под ова подразбирам играч што ќе праи проблеми зашто не игра може во иднина сериозно да се смета за него зашто прилично сум убеден дека доста ќе напредува во Интер, ако остане.
За Броз циклусот е завршен ја мислам во Интер иако ми е еден од омилените играчи, периодот кога беше повреден експериментот на Инзаги со Хакан таму беше успешен, и Милан првата во ЛШ беа добиени без него во тим иако беше 100% фит и спремен, играше веќе и подигна форма, тука некако ми стана јасно дека се спрема терен тимов да тера без него. Што и има логика ако се реализираат најавите, повеќе од ова Броз не може да понуди во Интер а и мислам дека сака нов предизвик, дали Шпанија или ПЛ сеедно, од друга страна он да замине а да дојдат двајца квалитетни играчи во тим кој дефакто добро го покри Броз додека он беше повреден мислам дека е добра солуција за сите страни.
Али од претходните искуства, едно се шпекулации друго е она што ќе се деси у реалноста, лани така наседнавме со Дибала и Бремер, не гледам основа сеа да се летаме за Фратези и СМС. Како и да е, ја не сумјам дека Интер и следна сезона ќе има добри стартни 11, добри за Калчо услови секако, ама многу е битно каква ќе е клупата, за одбраната, средината и нападот на купа треба да има 2 квалитетни солуции, за бековските позиции по една и десно и лево.