Абе ете, Америте ќе почнат азил во Конго да бараат... Ок, јас сфаќам да имаш фатено страна, ама ти си барем поозбилен лик...
Да да, има и Охрид чистокрвен Американец во Велгошти преселено, пензиските денови си ги врви тука, езерото тука му е топ, и сл.
Но да читаш шо се пишува овде ќе си речиш во УСА повеќе се иселуваат процентуално отколку во Македонија...
Со досеткиве не успеваш да докажеш ништо, ќе се селеле у Конго хехе, колку духовито кај ти текна. Ќе пробам пак со сериозност да ти доловам што е поентата на муабетот, онака ко на дете.
1. Муабетот е дека ТРЕНДОТ или насоката во која се движи сад и општо западот е негативен. Ова во никој случај не значи ко ти што сакаш да го прикажеш дека некој мисли овие земји станале Еритреја. Не значи и дека ќе пропаднат толку. Не значи и дека ќе остане трендот надолу, веројатно е на пр. Трамп ако стане пак претседател, ќе го спречи или можеби целосно промени трендот барем за сад. Но, она што моментално е факт, е дека сад и западот се во надолен тренд на секое поле, освен можеби во полето на ЛГБТ, транс, позитивна дискриминација и сл. што самото по себе е пад или ерозија на социјалното ткиво.
2. Причини поради кои не може да стане збор за масовна емиграција од сад се повеќе. Прво, федералниот систем овозможува различни држави внатре во сад да имаат целосно различни услови за живот.
Таков е примерот со Флорида наспрема Калифорнија или Њу Јорк моментално. Тоа овозможува да американецот не мора да емигрира надвор од континентот, има опции внатре во сад, во друга држава да најде подобар живот. Затоа има моментален егзодус од државите водени од демократи кон државите водени од републиканци.
Последните податоци се дека 40% од американците сакаат да се преселат (мигрираат внатрешно), а дури 16% (историски максимум) да се отселат целосно од сад.
85% сметаат дека државата се движи во погрешна насока, а 78% изјавиле дека никогаш не се живеело полошо/потешко.
Заклучокот е тоа што е и поентата на дискусијата, животот на просечниот американец се влошува, односно тоа што јас го велам сад е во надолен тренд.
3. Останати причини поради кои не се одлучуваат америте да емигрираат се на пр. јазичните бариери. Просечен амер едвај знае англиски ко што треба а не па друг јазик да земе да учи. Од друга страна, токму јазикот е причината што многу полесно се мигрира кон западните земји, јер англиски е скоро универзален јазик што веќе секој уште од мал го знае. Друго, мрзливи се, неработливи, неспособни, неписмени и многу слабо образовани. Трето, во многу земји нивните дипломи и звања, завршено образование и професионална наобрзазба не се еквивалентни и директно признаени. Четврто, огромем процент, мислам во бројка нешто околу 100 милиони се луѓе со мигрантско потекло, сите тие веќе мигрирале кон сад и тоа скоро сите од земјите од латинска америка. Нема потреба да ти објаснувам зашто тие мигрирале во сад и зашто нема да си заминат. Секундарна миграција е скоро непостоечка. Петто, мала или скоро никаква контрола на имиграција, секој може да отиде и да остане без било какви последици. За разлика од нив, во многу други западни па и останати земји од цел свет има многу строги процедури и процеси за тоа кој може да се досели итн...
4. Моментално јас не знам за параметар според кој сад и западот станува подобро место на живеење или нуди поквалитетен живот за своите граѓани отколку пред некоја година-две. Ако има таков сегмент, поправи ме па ќе дебатираме. Значи, да не се збуниш, не правам споредба западот вс Русија/Кина, туку западот вс западот. И не велам толку е влошено што се поголема мизерија од било кој (иако веќе има доста такви места во сад), туку само констатирам дека ситуацијата се влошува, оди надоле.
За крај само ќе кажам, за разлика од западот, другите делови од светот вклучувајќи ги Русија, Кина, Индија, многу од Азија, од Африка и Латинска Америка, се во нагорен тренд. И пак, за да не се буниш, тоа не значи дека нагло станале подобри у све, не, тоа значи дека нивните граѓани почнуваат да живеат подобро него ли пред година-две, т.е. трендот е во нагорна линија, а не дека го надмашиле западот. Иако некои од нив, главните Кина Индија и Русија се многу блиску до тоа, и според прогнозите не е далку денот кога и навистина ќе се случи. Нормално, ако се остане вака, но динамична е геополитиката, може ништо од тоа нема да се оствари. Затоа можеме само да го коментираме моменталниот тренд.