Ај дека си јувентино, инаку овие работи треба да ги знајш

. Јас зборувам за ќарот како држава, а за народот и обичниот граѓанин искрено треба да живеам таму за да ти кажам што е ќарот.
Дали ти мислиш дека САД истураат милијарди оружја во Украина бидејќи едно утро се разбуди Бајден од спиење и рече многу ми е жал за Украинциве, ќе го кркаат дебело, дај да им помогниме? Не бе друже, од 2014година тие работат на ова сценарио, од 2014год. ја наведуваат Русија да нападни, и на крајот успеаа..Хараа и сеуште хараат структури на Америка низ цела украинска територија, и го подготвуваа теренот за ова уште оддамна.
САД издејствуваа запирање на Норд Стрим 2, работат на помала зависност од руски гас на Европските земји. Сега ќе скокните Кина, Брикс микс. Си прајте бајрам со мозокот.
75% од светскиот капитал го поседува САД, ЕУ, Јапонија и Ј.Кореја, а со војнава сите овие ги запреа или сведоа на минимум секакви економски врски со Русија. Помалку слушајте го Миленкота, и разбудете се малку, 80% од жителите особено на Индија, но и во рурална Кина единствениот проблем им е како да се прехранат дневно. За Бразил да не правам муабет.
САД исто така е во предност што нивниот главен „конкурент“ на светската политичка сцена е во војна (во случајот претставен е и во реалноста вистина и е агресор). Итн, итн...
Русија од друга страна, наместо трпеливо да си чека и да му докаже на самите Украинци од каков ков е направен Зелениот, тие одма се залетаа со тенкојте на Киев. Испливаа изјави од воени полковници на Руската армија, каде што тврдат дека првичниот план на Кремљ бил да го урнат и уапсат Зеленски среде Киев, и да инсталираат Руска ориентирана власт за 2 недели, дека мислеле ќе имаат огромна поддршка од Руското и проруското население во Украина што на крајот се испостави тотално фејк и погрешно, и на крајот го добија она што најмалку го посакува секоја земја окупатор или ајде војска која ја води војната на туѓа територија. Значи колку подолго трае војната, толку Русија е подалеку од остварување на целите.