Знам дека нема.
Нема ни да има во догледно време.
Кина нема ништо ексклузивно што другите земји го немаат, во поглед на природни ресурси.
Ресурсите се секогаш достапни.
Дали се во Конго, Аргентина, Русија, на тој што му требаат ќе дојде до нив.
Клучното тука е на тој што му требаат.
Јагленот во Британија беше таму со милиони години.
Никој не најде начин да го употреби за нешто, се до пред 200 години кога знаењето стасало до точка да знае да го употреби. Истото со било кој ресурс во било која земја.
Во сите наброени технологии, Западот е пионер, или ги измислил, или ги дотерал до готов производ.
Конкретно;
Фотоволтаиците се направени од Канаѓани и Американци, науката е на Германци (Ајнштајн).
Дроновите се изум на Европјани и Американци.
Машинското учење и телекомуникациите Американци и Французи.
До ден денешен најконкурентните фирми што имаат производи во овие сфери се од Запад.
Не велам дека Кина не расти, но е далеку. И во догледно време ќе остане.