Ако беше така сите ќе копираа.
Ако копираа сите ќе немаше мотив за тие што вложуваат во развој и истражувања да продолжат да вложуваат во развој и истражувања.
Последно време почнува се да биди made in India, Bangladesh, Pakistan. Секаде каде што има ефтина работна рака.
Првиот кој стигнал до новата технологија и ја има индустриската способност за нејзино производство е секогаш во огромна предност наспрема тие што копираат. А плус со константно копирање доаѓа до природно атрофирање на персоналот во поглед на истражување и прашање на време е пред да не се способни во краток временски период да извршат копирање и тогаш е крајот на патот зошто одеднаш некое подносливо каснење од 1-4 години и намалена ефикансност за 1-10% ќе се претвори во 8-12 години и намалена ефикасност од 5-30% и тоа е тоа.
Индустриите кои навистина страдаат од "копирање" се најчесто ниско техонолошки индустрии каде што најчесто не станува за копирање на технологијата туку копирање на брендот.
Да дадам пример од аспект на индустријата за електроника, ако во периодот 1930-1960 Англија, Америка, Советскиот Сојуз, Германија и Франција биле раме до раме, веќе на средината на 60тите предноста на Америка да е едно 5 години, па во седумдесетите станала 10 години, осумдесетите и деведесетите веќе 10-15 години и денеска може слободно да се каже дека се 20 години + пред сите овие земји. И не само тоа туку и нови конкуренти како Јапонците, Корејците и Тајванците ги престигнале сите.
До ова дошло зошто иако Англичаните и Французите ги имале капацитетите за развој , ги немале капацитетите за производство, ниту пак успеале да најдат соодветни партнери за производство . Советскиот Сојуз исто така ги имал капацитетот за развој се до шеесетите но решиле да одат со копирање (поради политички причини) и не само тоа туку и воопшто не вложувале соодветни средства во производство и со тек на времето се создало комплетен јаз. И кај сите овие имало одредени катастрофални внатрешни политички одлуки кои дополнително ги уназадило.
Тоа што го направи Кина пак воопшто не беше копирање туку беше партнерство или производство под лиценца каде што они ќе обезбедат производствени капацитети, додека компаниите од ЕУ и САД ќе обезбедат технолошки трансфери и обуки во замена за тоа ефтино производство кое го нуди Кина чии производи они ќе си го пласираат на домашните пазари во Америка и ЕУ и со тоа ќе останат профитабилни. Кинезите само си ја искористија шансата и почнаа да си произведуваат и екстра од тоа што е договорено, како и да си ги пуштаат тие технолошки трансфери низ целата нивната економија.
Копирање воопшто не е толку лесно како што звучи, да сошиеш маица со Nike на нејзе не е технолошко копирање. Копирање е да го извадиш Самсунг телефонот од џеп и да си речеш ајде да го ископираме. Додека ти да стигнеш да го ископираш, Самсунг ќе има извадено 20 нови модели а ти ќе касниш 30 години.