- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 421
- Поени од реакции
- 880
Па тоа што го кажуваш е точно за други места, но не за тука, у државата, и во Скопје автоматски како главен нејзин претставник. Прво Скопје нема капацитет и треба да се лимитира или да се прошири у страна, инаку отиде зеленилото јабана, и ако до сеа бил од 1-10 место на загаденост, ќе си земе стабилно прво место.Не постои место на светот (без разлика дали село, населба, град, држава или континент) што се развивало со затворење. Затворање е признавање на неспособност да ги решиш проблемите што идат со експанзија. И порака дека не сакаш да се развиваш.
А за експанзија, не би рекол дека има предност, затоа што во време на моите родители си имало работа за сите и ако си способен си можел и да се искачиш по скалата, а сега некој стигнал на позиција небитно дали е од скопско село или од провинција и си прави клан на работно место, и не го интересира дали има кадарни луѓе од друго место, не зборам само од Скопје.
Друго, многу луѓе од провинција едноставно го мразат Скопје иако живеат во него, па затоа не сакаат да се асимилираат, па затоа фрлаат ѓубре од тераса или у ходник оставаат стар намештај и не можеш да ги убедиш дека тоа не е ок. А на друга страна, знам и одлични луѓе од провинција што живеат у Скопје, и да не го сакаат, го толерираат, и со тоа се адаптираат и работат во насока на подобрување на истото, жалното за тие луѓе е што се дискриминирани во Скопје и луѓе им се потсмеваат и тоа може да дојде до нивно иселување.
А гледам се реагира на мојот речник па да го појаснам:
Човек од провинција - човек од друга град освен Скопје
Селанец - човек од село
Сељак - субформа на живот, вол, стока