Прочитав нешто што kano го напиша и ме инспирира да отворам посебна тема за тоа.
Ќе пробам да објаснам најдобро што можам што сакам да кажам:
Ние сега го имаме Скопје во овој вид (за добро или лошо), но што ќе беше ако после земјотресот место да биде отворено за сите, Скопје ставеше стриктни правила за живот во него како Љубљана, т.е. ако не можеа луѓе од провинција и подоцна косовари да се населат во Скопје. Ме интересира вашата перспектива дали ќе беше подобро, полошо или исто како сега, зборејќи на економски, политички и социјален план, идејата ми е да создадеме една визија на шта би било кад би било ако во сите аспекти на живеењето.
Тука би сакал да го чујам и мислењето на членовите од провинција, без оглед дали живеат, живееле или воопшто не живеле во Скопје затоа што тоа е многу ценета перспектива различна од мојата, и гледајте да не ја разводните темата со навреди и препукување како и повеќето, да пробаме да научиме нешто едни од други, не само да се надмудруваме и кавгаме.