Добро, да ги тргнеме имињата на овие што не добиле вистинска шанса.
Сепак, останува фактот дека англичаните некако произведуваат квалитетни тренери, буквално ниедно квалитетно име нема излезено доолги години, за разлика од нив погледни ги шпанците (Гвардиола, Артета, Емери, Чави, Енрике, Алонсо засега добро се покажува).
Гвардиола само од горните е докажан тренер.
Луис Енрике освен Барса сегде бележи лошо резултати, а таа Барса со Меси, Нејмар, Суарез сама освојуваше трофеи. Мене ми е многу преценет тренер и дај боже да заврши во Челзи да се вклопи во сивилото.
Артета има само една добра сезона, оваа. И тоа на крај и таа малце ја усра. И тоа две сезони по ред чоукнува во најважниот дел. Ај оваа конкурент Сити, ама лани се избламира со местото во ЛШ.
Чави освои титула сезонава ама две сезони по ред се бламира во Европа.
Алонсо, овој има пола сезона. И тоа не кој знае каква, Фрајбург и Унион не се подобри екипи да завршат пред него.
Многу екипи имаат моментално лоши тренери. Јувентус, Милан, Тотенхем, Челзи, ПСЖ воопшто немаат тренер или имаат колку на хартија до крај на сезона.
Само Пеп, Анчелоти, Клоп и Тухел ги сметам за добри тренери.
За Тухел не знам што се случува моментално, мислам проблемот е до Баерн не до него. Се гледа колку фали во Челзи и ПСЖ моментално. Челзи имаше лоши почетни резултати сезонава, ама имаше и игра со него. Од кога замина немаат ни игра.
ПСЖ изгура во ЛШ највеќе со него. Пред него и послем него губат во осминафиналња.