Неможе да се повика Украина јер од 2014 она вооружено напаѓа, врши геноцид, крши човекови права и права на малцинства загарантирани во ОН. Како да се повика кога она е агресорот и напаѓачот? Русија е таа која што се брани и се повикува на членот според кој има природно право на самоодбрана дур не преземеле советот за безбедност мерки за враќање на мирот итн...
Од другата страна, руското малцинство чија безбедност и човекови права би требало да ги гарантира ОН, но и матичната држава Русија се нападнатите, според ОН и сопствениот Устав има обврска да ги брани, т.е. според член 51 и резолуцијата што ја пишав безбедноста на државата и нејзиниот народ е загрозена или нападната што повикува на самоодбрана. Тоа го кажува и членот 51 - право на самоодбрана.
Од трета страна, незнам дали си заборавил или намерно го испушташ, Украина и нацистите беа подготвени за напад на Донбас и Крим кој требаше да почне почеток на Март. Ако и тоа не е доволно за повикување на член 51, ти ги набројав претходно и другите причини како ширењето на нато, поставувањето ракетни штотови во Полска и Романија, вооружувањето на Украина, превратот на власта 2014 Мајдан, намерите за влез во нат, нацизмот итн .. сите овие се легитимни и очигледни закани по безбедноста на Русија и нејзините граѓани, секако вклучувајќи го и нејзиното малцинство во Украина.
Ако и сето ова е малку, ти кажав, направен е преседан од страна сад, според кој иако ЛНР и ДНР не се членки на ОН, Русија има право и обврска да ги заштити.
Ако сеуште фали нешто, еве го и преседанот на сад со "preemtive selfdefense", според што многу е оправдано Русија превентивно да се самоодбрани пред Украина, која од 2014 ја спремаат за војна со Русија, да биде таа која ќе нападне прва.