Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Сега баш и не е јасно што сака Русија во Украина затоа што можностите и се исцрпени а стратешки ситуацијата и е влошена во споредба со пред војната. Мое мислење е дека сакаат да го замрзнат конфликтов со постоечкиве граници на одредено време за да може да си ги обноват силите. Тие цели што ги зацрта Путин на почетокот на војната нема никакви шанси сега во скоро да се остварат. Добија целосна спротивност на демилитаризирана Украина.
Се сложувам дека Украина не е демилитаризирана ама на добар пат е да биде. Гробишта на секој чекор. Бегалци по цела западна Европа. А полицајците се повеќе се мачат да ги соберат воените обврзници за во армија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.184
Видовме доста операции самоубиство и од самите Руси, не е тоа ништо уникатно.

Меѓутоа Украинците досега паметно си ги бираа битките. Мислам дека освојување на Руска територија е тешка глупост. Им дава легитимитет дека границите се флуидни и предмет на промени.
не си у тек со настаниве. Украинците немаа ниту една паметна битка. Сите битки што ги водат се на сметка на многу жртви. Тука збориме за луди бројки. Русите уште од март лани не губат ни приближно војска како украинците.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Па неколку пати до сега се сменија целите на Русија во оваа војна. Првичните цели се кажани од Путин вечерта неколку часови пред почетокот на инвазијата. 1. Денацификација на Украина, 2. Демилитаризација на Украина која е директна закана за Русија и 3. Одбрана на населението во двете републики ДНР или ЛНР (подоцна ги анектираа). Меѓу другото продолжи да збори на долго и широко зошто украинската нација е вештачки производ и како Украина е отцепена од Русија за времето на Советскиот Сојуз и за историски неправди направени кон Русија.

Подоцна во април целите се сменија во “ослободување на Донбас”.

Во меѓу време крај на летото, Русија се реши на анексија на четири украински региони, за еден месец подоцна да се повлече од главниот град на еден од тие региони (Херсон).

Сега баш и не е јасно што сака Русија во Украина затоа што можностите и се исцрпени а стратешки ситуацијата и е влошена во споредба со пред војната. Мое мислење е дека сакаат да го замрзнат конфликтов со постоечкиве граници на одредено време за да може да си ги обноват силите. Тие цели што ги зацрта Путин на почетокот на војната нема никакви шанси сега во скоро да се остварат. Добија целосна спротивност на демилитаризирана Украина.
ОК, фер, тоа беа декларираните цели на Русија. Денацификацијата се покажа успешна уште во Мариупол, најголемиот дел од наци шлајмот беше исчистен таму. Демилитаризацијата, зависи како гледаш на тоа. Ако се точни бројките на убиените и ранети Украинци, не само што е извршена демилтаризација, туку и депопулација е направена. Украина имаше на почетокот на војната околу 250 000 активна војска, и околу 350 000 резерва. Од тоа скоро ништо не остана. Украина е сведена на ниво да киднапира свои граѓани и присилно да ги мобилизира. Третата точка воопшто не е спорна, украинската војска е скоро истисната од Донбас и на тој начин Руското население таму е заштитено.

Што се однесува до анексијата, мислам дека тоа воопшто не беше план на Русија. Планот беше да ги уплаши Украинците за да го признаат Крим како дел од Русија и да ги спроведат договорите од Минск. Но кога видоа дека Руски војници почнаа да гинат низ Украина, анексијата беше некоја врста казна за тоа.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.866
Поени од реакции
12.965



— 2 American armored cars M1224 MaxxPro (both captured)
— 2 American armored cars HMMWV M1151A1 (both damaged and abandoned)
— 1 American cargo armored car HMMWV M1152A1 (destroyed)
— 1 Ukrainian armored car KRAZ COBRA (destroyed)
— 1 Polish armored car AMZ Dzik-2 (destroyed)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
ОК, фер, тоа беа декларираните цели на Русија. Денацификацијата се покажа успешна уште во Мариупол, најголемиот дел од наци шлајмот беше исчистен таму. Демилитаризацијата, зависи како гледаш на тоа. Ако се точни бројките на убиените и ранети Украинци, не само што е извршена демилтаризација, туку и депопулација е направена. Украина имаше на почетокот на војната околу 250 000 активна војска, и околу 350 000 резерва. Од тоа скоро ништо не остана. Украина е сведена на ниво да киднапира свои граѓани и присилно да ги мобилизира. Третата точка воопшто не е спорна, украинската војска е скоро истисната од Донбас и на тој начин Руското население таму е заштитено.

Што се однесува до анексијата, мислам дека тоа воопшто не беше план на Русија. Планот беше да ги уплаши Украинците за да го признаат Крим како дел од Русија и да ги спроведат договорите од Минск. Но кога видоа дека Руски војници почнаа да гинат низ Украина, анексијата беше некоја врста казна за тоа.
Во тоа со денацификација нема да навлегувам зашто мислам е повеќе од историски побуди и за домашни политички намени. Демилитаризацијата не само што не се оствари, туку денес Украина е поопасна од кога и да било. Имаат околу 1 милион луѓе под оружје, едно чудо модерна западна опрема, и како капак на се модерни крстосувачки ракети и наведувана артилерија. Да, сигурно Украина ќе стануваше поопасна со тек на време ама целта на воената операција беше да се спречи тоа а не да се забрза и влоши процесот.

Дополнително на тоа Русија изгуби децении и децении таложени залихи на оружје и муниција, а со тоа и офанзивната способност за поголеми операции. Сега Украина ја презема иницијативата и Русија копа ровови за да се брани, нешто што беше незамисливо пред една година.

Плус го доживеаја најголемиот политички пораз во поновата историја. Мораа да се повлечат од град кој е дел од Руската Федерација според Устав и е главен град на руска провинција (Херсон), а со тоа ги видовме и сцените со руските бегалци од тој регион како бегаат со покуќнина товарени на чамци преку Дњепар.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Имаат околу 1 милион луѓе под оружје,
:vozbud::vozbud:

Немаат ни 250 000 моментантално под оружје. Да имаа милион, веќе ќе маршираа кон Крим. Што се однесува до тоа кој е во офанзива, да почекаме. Украина не била во офанзива од Нова Година наваму, ама од многу муабети за офанзивата се чини дека веќе се пред Москва. Има сериозни воени аналитичари кои тврдат дека Русите едвај чекаат Украина да тргне во офанзива за да ги попарат.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Ако го видиш респонсот на твитер, редит и некои тука на форумов, ќе видиш дека уствари Украинците се доста конзистентни во тоа како ги бираат битките, пошто единствен важен резултат им е ПР. Ќе остане одбележено во аналите на западната воено-твитерска историја, дека битката за Бахмут завршила со освојување на Белогород.
Редит и твитер се тешка ехо комора на прозападни глуперди, целосно дистанцирани од реалноста, за интересно многу ме потсеќаат на една тема на форумов и нејзините проруски глуперди.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Ги фатиле на спиење а требало да стражарат, втора светска армија.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
Во тоа со денацификација нема да навлегувам зашто мислам е повеќе од историски побуди и за домашни политички намени. Демилитаризацијата не само што не се оствари, туку денес Украина е поопасна од кога и да било. Имаат околу 1 милион луѓе под оружје, едно чудо модерна западна опрема, и како капак на се модерни крстосувачки ракети и наведувана артилерија. Да, сигурно Украина ќе стануваше поопасна со тек на време ама целта на воената операција беше да се спречи тоа а не да се забрза и влоши процесот.

Дополнително на тоа Русија изгуби децении и децении таложени залихи на оружје и муниција, а со тоа и офанзивната способност за поголеми операции. Сега Украина ја презема иницијативата и Русија копа ровови за да се брани, нешто што беше незамисливо пред една година.

Плус го доживеаја најголемиот политички пораз во поновата историја. Мораа да се повлечат од град кој е дел од Руската Федерација според Устав и е главен град на руска провинција (Херсон), а со тоа ги видовме и сцените со руските бегалци од тој регион како бегаат со покуќнина товарени на чамци преку Дњепар.

само кратко да те потсетам дека цело тешко оружје од советско потекло во украина и источното крило на нато се "стопи" во година дена, а ова што го донесоа од запад веќе во складиштата е во фаза на топење и не се дозволува да има импакт во војната, па украинците се оставени да се борат и гинат по ровови како да е прва светска војна пред 100 години

во бахмут украинците живееја не повеќе од 4 часа :(
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Vazi nema problem Fifi, samo imas mikroskop da gi pobarame da ne ne mozime da gi pronajdeme.. Ti kazi so bilo problem ne si bil pomiluvan so zensko rache oddamna, ocigledno deka imas problem, isfrustrirano se osekjash, pa sega pocna afiniteti i kon mazi da pokazuvas..A ti od kaj znaes deka ovie clenovi so gi nabroja se po toa, ili imate opshteno zaedno pa od iskustvo si kazuvas??


Plitko razmisluvas Fifi..Razmena na razlicni mislenja ne znaci i konfrontacija..Ama ti kako so si kaza, treba da imas nesto vo crpkata za da go razberes toa...
Да не харикираш бе? :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom