Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Во овој мој пост пишував баш за тоа.

Дополнително, околу загубите... Русите имаат многу поголеми загуби отколку Украинците и во луѓе и во техника (постирав извор во овој пост).

Има некои муабети (или подобро да се изразам желби) на про-украинската страна, дека Бахмут може да биде она што беше Сталинград за Германците во WW2, каде што откако влегле во градот, им се случило опколување и морале да се предадат. Со оглед на тоа што последниве 2 недели Украинците завземаа доста позиции надвор од Бахмут што претходно ги држеше Руската војска (flank positions), ако решат да тераат до крај и да го опколат Бахмут, Вагнер ќе немаат избор освен да се предадат.
Искрено не верувам дека ќе дојде до тоа. Пологично ми е дека завземањето на тие позиции било со цел да можат Украинците целосно и безбедно да се повлечат од Бахмут, но ако евентуално се случи тоа што го пишав, ќе биде fail за Русите од невидени размери.

Околу моралот и "тешкиот пораз на Украинците"... Фокусот на Украина одамна е југот на земјата и веројатно и Крим. Главната армија и опрема на Украина воопшто не беше во Бахмут, туку се чува за таа офанзива. Ако успеат да си го повратат тој дел, тоа што загубиле мал град одамна срамнет со земја ќе нема апсолутно никакво значење за нив. Но ќе има огромно за Русите. Зашто ќе испадне се мачеле 9 месеци да завземат мал, ненаселен и стратешки небитен град, потрошиле еден куп луѓе и опрема, за како одговор да изгубат пола територија што ја освоиле од почетокот на војнава.

Всушност, ако го изгубат Крим - очекувам дека тоа ќе биде крај на војнава. На Украина не ѝ треба истокот на земјата каде што веќе не ни има Украинци, па да мора да си го врати тој дел по секоја цена, а Русија ќе нема можност повторно да го завземе Крим.
Само нека пробаат да тргнат во сулудата операција за ослободување на Крим и има да го јадат немијан. Русите ги чекаат како црн леб на тој правец особено сега кога еден куп оружје и опрема им уништија на Украинците.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Во „инвазијата“ на Русија, учествувале само Руси. Мислам дека приликава итоа како ќе ја искористат Русиве за зачистување во сопствените редови. Еден да фатат, ќе почне да пее.


Автоматски споено мислење:

Во овој мој пост пишував баш за тоа.

Дополнително, околу загубите... Русите имаат многу поголеми загуби отколку Украинците и во луѓе и во техника (постирав извор во овој пост).

Има некои муабети (или подобро да се изразам желби) на про-украинската страна, дека Бахмут може да биде она што беше Сталинград за Германците во WW2, каде што откако влегле во градот, им се случило опколување и морале да се предадат. Со оглед на тоа што последниве 2 недели Украинците завземаа доста позиции надвор од Бахмут што претходно ги држеше Руската војска (flank positions), ако решат да тераат до крај и да го опколат Бахмут, Вагнер ќе немаат избор освен да се предадат.
Искрено не верувам дека ќе дојде до тоа. Пологично ми е дека завземањето на тие позиции било со цел да можат Украинците целосно и безбедно да се повлечат од Бахмут, но ако евентуално се случи тоа што го пишав, ќе биде fail за Русите од невидени размери.

Околу моралот и "тешкиот пораз на Украинците"... Фокусот на Украина одамна е југот на земјата и веројатно и Крим. Главната армија и опрема на Украина воопшто не беше во Бахмут, туку се чува за таа офанзива. Ако успеат да си го повратат тој дел, тоа што загубиле мал град одамна срамнет со земја ќе нема апсолутно никакво значење за нив. Но ќе има огромно за Русите. Зашто ќе испадне се мачеле 9 месеци да завземат мал, ненаселен и стратешки небитен град, потрошиле еден куп луѓе и опрема, за како одговор да изгубат пола територија што ја освоиле од почетокот на војнава.

Всушност, ако го изгубат Крим - очекувам дека тоа ќе биде крај на војнава. На Украина не ѝ треба истокот на земјата каде што веќе не ни има Украинци, па да мора да си го врати тој дел по секоја цена, а Русија ќе нема можност повторно да го завземе Крим.
Во еден пост ја претстави целата делузија што ја предизвикува западната пропаганда.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.688
Поени од реакции
33.864

Не само што постоел, туку Украинциве викаат дека се истакнал во војнава.
Слонот во собата не е тоа што батаљонот постои, туку како некои си сркаат пропаганда без ни еден обид да проверат што е вистина а што не е... И згора на се, после овде продаваат муда за бубрези.
Автоматски споено мислење:

Јас не демантирам дека САД се поттикнувачи и `сскачи на настаните во Украина.
Темава е просто за Украина: Јас мислам дека Русите се окупатори, и дека во оваа ситуација се криви 102,5%...
Не. Не можеш овие две работи да ги кажеш - и истовемено и двете да бидат точни.

Гледаш како сам себе се демантираш?
Јас само го посочувам тоа, не ми накалемувај мене дека правам проекции. :)
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Во еден пост ја претстави целата делузија што ја предизвикува западната пропаганда.
Не знам што конкретно подразбираш под таа "западна пропаганда", зашто пишав за 10тина работи, па дали сметаш дека ниту една од нив не е точна и дека сè е само пропаганда, но во секој случај - времето ќе покаже.

Ете конкретно за Русија, пред војнава сите бевме во делузија дека Русија ја има втората најмоќна армија во светот, за на крај да се сведе на рамниште приватна платеничка група да мора 9 месеци да војува во небитен град што го срамнија со земја, за Русија тоа да може да го нарече победа.

Само нека пробаат да тргнат во сулудата операција за ослободување на Крим и има да го јадат немијан. Русите ги чекаат како црн леб на тој правец особено сега кога еден куп оружје и опрема им уништија на Украинците.
Каков куп оружје и опрема им уништиле? Ти свесен си дека ништо од новото оружје што Украина го доби од САД/НАТО не се употреби во Бахмут, туку се чува за офанзивата?
Од друга страна изгледа не следиш дека веќе подолг период Украинците уништуваат опрема и залихи на Крим и околу Мелитопол со ракети и дронови.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.446
Поени од реакции
87.165
Фокусот на Украина одамна е југот на земјата и веројатно и Крим
Крим е одамна минато свршено време за Украинците, нешто како што е Косово за Србите... Нема шанси во некоја блиска иднина да се деси нешто таму во тој дел од земјата.


Всушност, ако го изгубат Крим - очекувам дека тоа ќе биде крај на војнава. На Украина не ѝ треба истокот на земјата каде што веќе не ни има Украинци, па да мора да си го врати тој дел по секоја цена, а Русија ќе нема можност повторно да го завземе Крим.

WTF? Епа тогаш во Крим што луѓе живеат, чим Украинциве сакаат повторно да го завземат? :LOL:
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Не знам што конкретно подразбираш под таа "западна пропаганда", зашто пишав за 10тина работи
Комплетната делузија во цел пост ја претстави. Претстојниот период ќе биде многу тажен за тебе.
Автоматски споено мислење:

Крим е одамна минато свршено време за Украинците, нешто како што е Косово за Србите... Нема шанси во некоја блиска иднина да се деси нешто таму во тој дел од земјата.
Ако правиме сооднос на шансите помеѓу Косово и Крим, Косово е 100 спрема 1 за Крим.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Ете конкретно за Русија, пред војнава сите бевме во делузија дека Русија ја има втората најмоќна армија во светот, за на крај да се сведе на рамниште приватна платеничка група да мора 9 месеци да војува во небитен град што го срамнија со земја, за Русија тоа да може да го нарече победа.
Чекај сега, очекувај наплив на напалени русољуби, кои си ја плукаат сопствената татковина, со умот живеат во Русија, поголеми хвалоспеви за Русија ќе прочиташ од нив, него ли што ќе читаш во мемоарите на Дмитриј Песков, ама истовремено се логираат на кајгана и живеат во Германија, Австралија, Шведска,УСА и Данска...Рокајте до коске....

Ќе читаш колку педери имало во Берлин, а тој исто живее во Берлин.. :)) Па бато, ако ти сметаат што бараш да живееш кај нив, оди во Владивосток. :) Оу јеа
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Не знам што конкретно подразбираш под таа "западна пропаганда", зашто пишав за 10тина работи, па дали сметаш дека ниту една од нив не е точна и дека сè е само пропаганда, но во секој случај - времето ќе покаже.

Ете конкретно за Русија, пред војнава сите бевме во делузија дека Русија ја има втората најмоќна армија во светот, за на крај да се сведе на рамниште приватна платеничка група да мора 9 месеци да војува во небитен град што го срамнија со земја, за Русија тоа да може да го нарече победа.
За тој небитен град украинците изгубија еден куп војници и техника. Покрај тоа што зад Украина стои цело НАТО, повеќе од една година руска војска се наоѓа на добар дел од нејзината територија. Можеш ли да ми кажеш за еден град што не бил срамнет со земја во било кој современ конфликт последниве 30 години.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Крим е одамна минато свршено време за Украинците, нешто како што е Косово за Србите... Нема шанси во некоја блиска иднина да се деси нешто таму во тој дел од земјата.
Крим не е копнено поврзан со Русија, за разлика од Донбас и Косово со Србија. Ако Украина овојпат целосно го уништи мостот, како планира Русија да го брани Крим? Зашто рачунај дека за да го уништат мостот, они сигурно веќе ќе ги имаат повратено Бердјанск, Мелитопол и Мариупол. И тогаш Крим ќе нема копнен пат до Русија, туку само морски/воздушен. Мислиш дека Русија ќе може да се брани така знаејќи дека они копнено не успеаја да се одбранат на други места низ Украина (Херсон, Харкив итн...)?

Btw, зошто од цел мој пост се фати само за Крим?

Комплетната делузија во цел пост ја претстави. Претстојниот период ќе биде многу тажен за тебе.
По втор пат даваш никакво објаснување на пишаното, туку ме напаѓаш мене директно. Типична ад-хоминем школа како и останативе руски ботови на темава.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Крим не е копнено поврзан со Русија, за разлика од Донбас и Косово со Србија. Ако Украина овојпат целосно го уништи мостот, како планира Русија да го брани Крим? Зашто рачунај дека за да го уништат мостот, они сигурно веќе ќе ги имаат повратено Бердјанск, Мелитопол и Мариупол. И тогаш Крим ќе нема копнен пат до Русија, туку само морски/воздушен. Мислиш дека Русија ќе може да се брани така знаејќи дека они копнено не успеаја да се одбранат на други места низ Украина (Херсон, Харкив итн...)?
А дилерот да ни го кажеш не е на одмет :ROFLMAO: :D :ROFLMAO:
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.051
Поени од реакции
9.411
Крим не е копнено поврзан со Русија, за разлика од Донбас и Косово со Србија. Ако Украина овојпат целосно го уништи мостот, како планира Русија да го брани Крим? Зашто рачунај дека за да го уништат мостот, они сигурно веќе ќе ги имаат повратено Бердјанск, Мелитопол и Мариупол. И тогаш Крим ќе нема копнен пат до Русија, туку само морски/воздушен. Мислиш дека Русија ќе може да се брани така знаејќи дека они копнено не успеаја да се одбранат?

Btw, зошто од цел мој пост се фати само за Крим?


По втор пат даваш никакво објаснување на пишаното, туку ме напаѓаш мене директно. Типична ад-хоминем школа како и останативе руски ботови на темава.
Дали си ти при памет бре човече?
Дали имаш два грама мозок?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
По втор пат даваш никакво објаснување на пишаното, туку ме напаѓаш мене директно. Типична ад-хоминем школа како и останативе руски ботови на темава.
Кај виде директен напад жити све?
Ад хоминем би изгледал вака некако „Ти си глуп ништо незнаеш, тоа што збориш се глупости“. Јас само кажав дека постот што го напиша е типичен производ на западната пропаганда и дека наредниот период ќе биде период на будење, кој ќе биде тажен за тебе.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.781
Дали си ти при памет бре човече?
Дали имаш два грама мозок?
Дечкото изгледа сеуште верува во Духот од Киев и бабата со волшебната тегла со кисели краставички :ROFLMAO: :D :ROFLMAO:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
А дилерот да ни го кажеш не е на одмет :ROFLMAO: :D :ROFLMAO:
Буквално во истиот пост пишано: :pos:
По втор пат даваш никакво објаснување на пишаното, туку ме напаѓаш мене директно. Типична ад-хоминем школа како и останативе руски ботови на темава.

Ајт и ти на блок. Профил од 2008ма активиран по 15 години на теми за политика... :kruna:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom