jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Генерално и Сталинград бил неважен од аспект на првичните планови на case blue операцијата, но развојот на настаните довеле таму да се одвива окршајот. Незнаеме колку е стратешки важно гратчето, но сигурно не е онолку важно, колку што жртви дадоа Украинците за него. Главната стратегија во војнава на Украина и се врти околу ПР, што дефакто ја пролонгира војната која е веќе изгубена. Ова што се случува во Украина е геноцид на Украински војници, кои во голема мера не ни сакаат да војуваат. Гледаме безброј снимки на насилна мобилизација.Нема да се сложам со некои членови тука дека Бахмут бил неважно гратче... Не може за едно неважно гратче да се водат толку жестоки битки кои траеа колку 8-9 месеци? Факт е дека во Бахмут беа стационирани голем број на украински војници кои беа повеќе од солидно вооружени, на почетокот Зелински и западните лидери/медиуми викаа дека градот не смее да падне...пишав јас пред некоја недела кога веќе се надзираше исходот од оваа битка, тоа што Зелински не сакаше да ги повлече своите војници и ги остави до самиот крај да бидат топовско месо е крајно глуп потег, лика и прилика за човек кој не треба да биде во политиката.
Иако им требаше големо време да дојдат до оваа победа, мислам дека целта ги оправда средствата за Путин. Успеа да го освои градот со група платеници, без воопшто да ја користи својата армија, а од друга страна ова испадна тежок пораз за украинците, повторно изгубија премногу број животи, не успеаа да го одбранат градот и посекако овој факт ќе делува депримирачки за нив во понатамошните борби.
Јас незнам кој друг град украинциве би го бранеле вака жестоко со месеци... Нормално не правам муабет за големите градови како Киев, Лaвов и останатите, туку за овие "помаливе и небитни" како Бахмут.