Дали Кина тогаш и воведе сеопфатни санкции на САД и ги собра со себе најразвиените земји тоа да го прават? Одеше ли по светот да ги убедува останатите тоа да го прават? Заплени ли американски имоти по светот? ...
Поважно, дали на САД тогаш почна да и се дешава дедоларзиција?
Овде влоговите се толку поголеми, што споредбите со Виетнам и Кореја се недоветни. Најпосле, замисли Кина се „мешала“ во држави НА СВОЈА ГРАНИЦА каде САД воделе војна. И тоа демек било исто со ова сега со Русија во Украина... Мислам Кина и Русија се директно засегнати со државни удари во соседни држави каде се прават вазелски држави за да бидат нивни непријатели.
Каде е ебaната САД во однос на Украина и Виетнам/Кореја? На другата страна на планетата, ама некој ќе ни кажува овде дека „исто“ било.
Пошто целата теза ти се заснова на премисата дека на север имало неуспешна акција, и дека главната одредница на Руската акција на север била десантот на Киев преку Хостмел аеродромот, ќе се задржам на ова точка. На другите лесно можеме да се навратиме.
Второ, не се сложувам со тебе. Десантот на Хостомел беше сосема легитимна и логична цел, ама потфрли авијацијата. Ако пратеа доволно проектили како што сега праќаат секоја ноќ да ги уништат тие ПВО системи и да си го поплочат патот, тоа ќе беше молскавична акција и невиден успех. Всушност иницијално русите имаа успех, го освоија аеродромот и го држеа некое време, ама не го уништија украинското ПВО и не можеа да го задржат тоа што го освоија. Иљушинот не треба да слета кога се одвива битката, туку после неа, да се обезбеди просторот и периметарот па да се прошири дејствувањето. Сосема логично и исправно беше, амаа нецелосно.
За да имаме претстава, треба да знаеме дека Хостмел е на 6 километри од преградиата на Киев, 25 километри од центарот на Киев и околу 45 Километри од другиот крај на Киев. До Хостмел се наоѓа Буча, која е само 1.5 километри оддалечена и Ирпин околу 4.5 километри оддалечен. Колку што памтам, Русите ја имаа Буча цело време, а во Ирпин не ни пробаа да влезат и имаше цело време спорадични престрелки. Нема буквално никаква работа на артилеријата таму, ниту нешто приближно на југот, уствари нема воопшто артилерија.
За да направиме анализа, ќе мора да ја знаеме можноста на Украинското ПВО. Бук системот кој има среден дострел од 25 до 50 километри. Украина на почетокот на војната има околу 100 вакви лансери. Има околу 100 Кубови со дострел до 30 километри. Има околу 300 Шилка возила со дострел од 7 километри. Има 75 возила стрела-10 со дострел од 10 километри. 75 Тунгуска, со дострел од 10 километри. 125 оси со дострел од 25 километри. 10тина Тор со дострел од 25 километри. И од долг дострел имаат околу 250 С300 системи со дострел од 50 до 150 километри.
Ако на ова ги додадеме рачни противоздушни оружја, а тоа се иљадници стрели и игли со дострел од 3.5 до 6 километри., а згора на тоа и околу 2000 стингери со дострел од 5 километри кои ги имаа пред почетокот на војната.
За да знаеме колкава територија треба да се исчисти, за да Иљушинот безбедно слета и полета, треба да знаеме колкав простор му треба. На пример, за полетување пистата треба да е 1500-2000 метри. А пошто слетува полн, ќе ми треба најмалку 1700 метри писта за да слета . Пистата на Хостмел со ориентација северозапад-југоисток, и долга е околу 3.5 километри. Ако претпоставиме дека северозапад му е логично безбедна рута за симињање пред да полета, тој ќе треба уште пред да ја помине граинцата со Украина, да почне да се спушта.
Ако ги имаме во предвид оружјата со кои располагала Украина, тоа би значело дека прво и основно, во самиот Киев не треба да има ниеден активен С300, Бук, Куб, Оса и Тор системи. Околните градови на Хостомел, попут Ирпин, Стојанка, Забучја, Михајловка, Ворзел, Мироцки, да нема луѓе со манпадови, Шилки Тунгуски и било кој систем од краток дострел, во радиус од 50 километри да нема букови и кубови, а во радиус од 150 (тоа е Житомир) километри да нема С300 систем. Не само радиус од Хостомел, туку им треба безбедносен радиус од почетокот на границата каде влегува авионот лево и десно 150 километри без С300, па се до точката на слетување и од точката на слетување на Југ да нема барем 100 километри С300.
Е сега викаш Русите да ги уништеле сите пво системи и после да почнеле да се спуштаат. Ама не кажуваш како е можно и дали е можно сите овие системи да се уништат. Земи еден шестар и направи еден круг околу Хостмел со радиус од 150 километри. Уствари не, еве имаш од мене 100 километри, земи направи радиус од 50 километри и кажи ми како ќе ја уништат целата ПВО во таа област. Што си мислиш ти, сите системи одеднаш ќе ги запалат и ќе чекаат Русите да им пуштат ракети за да ги уништат. Пошто како е поинаку можно да го уништиш системот ако воопшто не е запален.
Ти викам јас, ваков план не можеш да очекуваш од неспособен човек, не постои толку неспособен човек што ќе направи ваков план. Ваков план може да направи само ментално ретардиран човек. А јас не верувам дека во било кое својство, во Руските безбедносни структури има запослено ментално ретардиран човек, а најмалку на местата каде што се прават плановите.
M2 Bradley ==> Ground Combat Vehicle
Leopard 1 & 2 ==> Panther KF51
Challenger 2 само го надградуваат со нов топ, нема да му биде како до сега со ротациски rifled, туку ќе биде со мазен smooth bore топ плус неколку нови сензорски системи за набљудување и интегрирање
M1A1 Abrams ==> M1A2 Abrams а во блиска иднина Abrams X
колку им се на број не можеме да знаеме
Колку Пантери(кои не се ништо друго туку подобрен леопард 2) има направено и колку се во служба?
Колку GCV има во Америчката војска?
Ти рече дека го чистат непотребното ѓубре, а уствари 90% од MBT на европските армии се овие тенкови. Уствари сега се, претходно источното крило имаше Т72, кои се помодерни од леопардите на пример.
Извади ги од равенката САД, мада и тие немаат некаква си бројка софистицирани нови возила. Задржи се на Европските земји.
Леопард 1, ти е во рангот на Т55 i T62, сеуште на големо го користат НАТО армиите како MBT. Лепард 2 ти е во рангот на Т72, Челенџер 2 ти е во ранг на Т80. Како што овие тенкови добиле подобрување, така и советските добиле.
Така да, не гледам дека воопшто се чистеле од ѓубре НАТО земјите. Ако се сложиме дека се чистеле од ѓубре, тогаш мора да се сложиме дека нивните армии биле уствари составени од ѓубре. Пошто немаат ништо подобро.
Колку за компарација, Русија има 10.000 Т72 и Т80 во резерва, голем дел од нив веќе модернизирани. А Украина со 1000 тенкови е велесила за сите европски НАТО армии во моментов.
сè си мислам дека дури и самиот Путин (или Шојгу/Герасимов, сеедно) да излезе на телевизија да каже дека тоа што се случувало кај Киев на почетокот на инвазијата било неуспех, а не диверзија - јамајка пак нема да верува во тоа.
Точно така, јамајка не верува во нештата додека не ја употреби својата глава да размисли, па макар бил и грешка. Дури и Путин нема привилегии кај мене.
Па од кај знаеш, може тоа и да го работат. Антон е на буџет, а доста веројатно и другиот. Ако не е буџет онда е енџио.
Автоматски споено мислење:
Иначе, САД отвара контраверзи. Претходно УК и Холандија (а мислам дека и Франција) рекоа дека ќе тренираат Украински пилоти за Ф-16. Денеска САД излегува со став дека не треба да им се дадат овие авиони. Дали ретерираа ради интензивирањето на ракетните напади на Русија? Или можда се плашат дека многу брзо ќе ги изгуби Украина, па ќе им наштети на угледот?
The United States is resisting a European push for the powerful fighters. But will it relent, as it did before with tanks, rocket launchers and air defense missiles?
Се чини дека Кинжал не е она што тврди дека е, туку „ново вино во стари буриња“ Нема друго објаснување зошто „Патриотите“ соборија шест од „супероружјето“ на Путин.
И ловот на вештерки во Русија веќе започна
Се чини дека Кинжал не е она што тврди дека е, туку „ново вино во стари буриња“ Нема друго објаснување зошто „Патриотите“ соборија шест од „супероружјето“ на Путин.
Шест комада, а? Зеки ти кажа така?
Патриот(ите) не можеа од иранските доритоси да ја спасат американската база (кога им враќаа Иранците за генералот), ама хиперсонични проектили пресретнуваат? Всушност да, пресретнуваат ама од екстремна близина.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.