Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    734
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Абе @teneke каде е?
Од него ми се најрелевантни информациите, да завршиме еднаш засекогаш. Беше Патриот она или не?
Оти бе уште се занимавате со глупости, не гледаш дека сите овие заебанции за што е уништено, се ветар во магла?

Ќе се види на крај која победува, сега сето се дезинформации.

Мое мислење е дека Кисинџер е во право, до крај на годината Кинезите ќе создадат мировен договор. Летово борбите само ќе одлучат кај ќе бидат гранците.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.476
Поени од реакции
24.717
Колку пати ти се навлажну шупчето ај признај?
Автоматски споено мислење:



Кога си ми рекол бе,кој си ти? Од дома те знаат ли дека лупаш?
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 378752

Толку ви беше хипнозата,време е да се будите..да не бидете идиоти цел живот!

bugar ti na lice mesto ili vaka od slikicka pogagas sto pogodile? vangja ne ti e ramna
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Оти бе уште се занимавате со глупости, не гледаш дека сите овие заебанции што е уништено, се ветар во магла?

Ќе се види на крај која победува, сега сето се дезинформации.

Мое мислење е дека Кисинџер е во право, до крај на годината Кинезите ќе создадат мировен договор. Летово борбите само ќе одлучат кај ќе бидат гранците.
Можно е ова да ти е најапаметниот пост што го имаш напишано на кајгана. Само немој сега премногу да си умислиш, затоа што после морето глупости кои ги имаше досега напишано, лествичката не беше поставена многу високо.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.430
Можно е ова да ти е најапаметниот пост што го имаш напишано на кајгана. Само немој сега премногу да си умислиш, затоа што после морето глупости кои ги имаше досега напишано, лествичката не беше поставена многу високо.
kakov burn za tenekijava bravo :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Можно е ова да ти е најапаметниот пост што го имаш напишано на кајгана. Само немој сега премногу да си умислиш, затоа што после морето глупости кои ги имаше досега напишано, лествичката не беше поставена многу високо.
За некој со ник Тенеќе очекувано е леСтвичката да биде ниско, нели :)

Проблем е кога некој со ник како тебе ќе проба да мудрува, а има ак'л како опшесво ;)
 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.430
За некој со ник Тенеќе очекувано е леСтвичката да биде ниско, нели :)

Проблем е што некој со ник како тебе кога ќе проба да мудрува ;)
normalno deka e ochekuvano, mislam deka bakito ima problem so TVOETO poimanje na TVOJOT umstven kapacitet, koj normalno e vo sloboden pad
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
kako shto rekov, eve pak se pokazuvash... znachi ne misli deka si pameten, glup si kao ona majmunon shto ti e na profilna a lekoveren i prost kao majmunov mene shto mi e na profilna
Извини вака, но не ти ги следам 'достигнувањата' на форумов во оваа итерација, иако си најверојатно илјадита реинкарнација на истиот небитен испрдок...

Паметен, глуп, каков сум, таков сум, на форумов истиот сум од 2006 година досега.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.027
сега сето се дезинформации.
Напредок.
Барем некој научил нешто.
Браво Тенеке.
Не сум саркастичен.

Премногу информации се исфарбани и процесирани пред да стигнат тука во обид да се постигне пропаганда.
Еве еден пример со Кинжалот, пред една недела наводно собориле еден, излегоа куп видеа од остатоците, сега собориле 6, со ништо не се пофалија. И еден куп луѓе ќе ги лапнат овие информации како вистина.

Вакви пропаганди се случуваат повеќепати во текот на денот.
Колку помалку се читаат тие, толку поинформиран си.
Колку помалку си на темава, толку повеќе знаеш за конфликтот.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.431
Тенеќе да успее да го изгледа ова видео барем пола ќе испадне 100 пати поинформиран и запознаен со ситуацијава од сите тие саати лапање на мејнстрим пропаганда.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.438
Поени од реакции
11.356
Колку пати ти се навлажну шупчето ај признај?
Автоматски споено мислење:



Кога си ми рекол бе,кој си ти? Од дома те знаат ли дека лупаш?
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 378752

Толку ви беше хипнозата,време е да се будите..да не бидете идиоти цел живот!
ова на сликава изгледа ко утка хахах и е момент пред да биде погоден
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Ти благодарам на исцрпниот одговор


Јас исто не верував дека ќе нападнат. Ако вратиш назад ќе видиш дека имам еден коментар каде викам: „што кризира западов? русите си прават вежби во нивна територија“ искрено не очекував инвазија. Не очекував ни војната да трае вака долго, мислев дека зелениот ќе го фати првиот авион за Менхетен



Прво. Не никогаш не сум тврдел дека неуспехот на север е комплетно препишан на неуспешно разузнавање. Дефинитивно, е еден од факторите што допринесоа, но далеку од тоа да е главна причина. Лошото разузнавање е продукт на неколку фактори: корупција, неспособност, контраразузнавање и хранење со лажни информации, недостаток на протврда од независни извори на информации. Можеме лесно да претпоставиме дека корупција и неспособност има во руското разузнавање како и во сите разузнавачки агенции, без исклучок (да и ЦИА е тешко корумпирана, ама има контратежа на тоа во другите агенции). Исто така можеме лесно да претпоставиме дека западните контраразузнавачки агенции силно имаат влијаено на замачкување на вистината и точноста на руското разузнавање. Многу подолго од 8 години ЦИА има силно влијание таму, Мајдан не се деси оти еден светол ден на украинците им текна ќе се побунат против вчерашните браќа. Успешноста на западните сили во ВСВ беше дека и покрај многу добро структуирана разузнавачка мрежа на нацистите, нацистите немаа резервно тело на потврда на информации, немаа секундарни и терцијални извори. Ова те прави посебно ранлив на непријателско контраразузнавање.
Се на се, многу е комплексно и многу лесно работите може да тргнат по зло.

Другите причини за неуспех беа: лоша структура на доверливост на информации. Некои војници не ни знаеја дека ќе нападнат. Слабо офанзивно ПВО, сепак имаат исти системи и вооружување и тешко е да се распознава кој е кој. Многу слаба координација меѓу оклоп-пешадија-артилерија-врски-ПВО. Некриптирана комуникација, слушавме пресретнати аналогни разговори меѓу единици (оваа глупост ја има и кај нас иако имаме западни радио уреди, неспособните офицери не знаат да криптираат и мислат дека еднаш криптирано-секогаш криптирано), многу лош терен на војување кој е многу лесен за бранење, неподдржаност на секвенционални ротации во операции (јебига тешко е да го координираш ова и во мирновременски услови а не па во војна), ненавремена логистика што станува како домино ефект ако не се искоординира правилно, лоша покриеност воздушно, немаше воздух-копно удари пред оклопните колони, немаше извидување, немаше огнена поддршка, крајно некоординирано.

Второ, не се сложувам со тебе. Десантот на Хостомел беше сосема легитимна и логична цел, ама потфрли авијацијата. Ако пратеа доволно проектили како што сега праќаат секоја ноќ да ги уништат тие ПВО системи и да си го поплочат патот, тоа ќе беше молскавична акција и невиден успех. Всушност иницијално русите имаа успех, го освоија аеродромот и го држеа некое време, ама не го уништија украинското ПВО и не можеа да го задржат тоа што го освоија. Иљушинот не треба да слета кога се одвива битката, туку после неа, да се обезбеди просторот и периметарот па да се прошири дејствувањето. Сосема логично и исправно беше, амаа нецелосно.


Колоните не ги снема преку ноќ туку беа дел од повеќе битки истовремено, беа консумирани во борбата и многу од нив стасаа на местото наменето да стасааат аа исто многу од нив беа уништени.
Конвој би заглавил на 100км од граница од многу проста причина што конвој на автопат е ранлив како нашиот конвој на Карпалак. Целиот тој терен е шума што ја сече автопат. Украинците може да припукаат било кога од било каде. И пукаа, и уништуваа многу по пат. Ако автопатот е прекинат од уништено возило - целиот конвој ќе застане, бидејќи нема кај да помине. Лево шума, десно шума, право блокада, позади конвој....и плус пукаат на тебе, каде би одел ти?
конвојот не беше исклучиво логистички имаше и резервни единици упатени на фронт, ама логистика е секако потребна: гориво, муниција, лекови, храна, комуникациски системи.... борците добиваат битки, логистиката ја добива војната


дефинитивно имаме лоши информации за загуби на двете страни, ама исто така немаме точни информации колку војска биле. Иако 30К е завидна бројка, не знаеме дали навистина се 30К. Дали 30К се борци исклучиво? или се 30К со сите единици за поддршка? или се 30К со единици за поддршка плус десантно крило од воздух?
дека трпеа загуби - сигурно, колку? еден Господ знае

Советска/ Руска доктрина е да нападнат широко на повеќе фронтови со огромна резерва, онаму каде што ќе пробијат ќе ја истурат резервата и останатите правци ќе бидат „диверзија“. Ова сме го виделе многу пати претходно, го видовме и сега. Затоа и јас ти инсистирам дека северот е неуспех а не диверзија.

Сепак, видовме и успех и неуспех на југ. Во Доњецк и Луганск линијата не се помести, ама во Керсон и Запорожје беше успех од супер размери. Харков беше лимитиран успех, сепак градот остана неосвоен. Затоа е лесно да се рече: Запорожје и Керсон беше главен напад, ова другово е само диверзија, не гледајте таму, не е битен тој дел, тоа што посветивме две третини од армијата во Киев, Черкеси, Суми, Купијанск, Харков....диверзија беше...

Финално за овој параграф, војската боледува од амбициозни офицери. Тоа го има и кај нас, и во САД и во ВБ и во Германија. Офицерите ќе направат се за да поминат инспекција без разлика колку им е срање единицата, за да добијат унапредување. Глупо, ама заразно, и воопшто не е Русија единствена во ова, сите се.

Во конфузија е лесно да се прават нерационални одлуки, ова важи за двете страни. Никогаш не реков јас дека украинците се светци или дека се супер луѓе или дека се исправно направија. Направија едно чудо грешки, од Мајдан па наваму.
Хирушки прецизна акција во Керсон и Запорожје ДА, ама во другите не. Дај да бидеме реални и да ги извадиме фактите на маса, не селективно да гледаме на работите.

Види погоре, битката беше на автопатите, преку шумите и реките. Таму украинците доминираа. Русите беа во низините и населените места, на северот се случи Ирпин, се случи Буча, се случи Хостомел. Има едно чудо слики од пепелта на тие места

не, не е. Не жртвуваш 30К луѓе за успешна операција на друго место, најспремните единици беа на север, северот беше полесен да се брани.

не, не е така. Путин не го боли уво за закон и референдум, прави што сака.
Ете направија референдум па се повлекоа, како е тоа успех? Освоија територија, ја анектираа, па се повлекоа од истата...и?


па како претходно не беа вака паметни и направија повеќе офанзиви наеднаш?
Како тоа претходно не беше паметно а сега наеднаш стана паметно?

M2 Bradley ==> Ground Combat Vehicle
Leopard 1 & 2 ==> Panther KF51
Challenger 2 само го надградуваат со нов топ, нема да му биде како до сега со ротациски rifled, туку ќе биде со мазен smooth bore топ плус неколку нови сензорски системи за набљудување и интегрирање
M1A1 Abrams ==> M1A2 Abrams а во блиска иднина Abrams X
колку им се на број не можеме да знаеме

Измеша баби и жаби тука, немам што да ти реплицирам на ова

Југославија беше само воздушна војна, Украина е комбинирана копно-вода-воздух, нема споредба тука
Секоја чест на постов, еден од оние на темава што ми е задоволство да ги читам од што има големо познавање на работите особено на воен план, но бидејќи дискусијава што ја имате со @jamajka трае веќе со месеци за иста работа, сè си мислам дека дури и самиот Путин (или Шојгу/Герасимов, сеедно) да излезе на телевизија да каже дека тоа што се случувало кај Киев на почетокот на инвазијата било неуспех, а не диверзија - јамајка пак нема да верува во тоа.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.431
Секоја чест на постов, еден од оние на темава што ми е задоволство да ги читам од што има големо познавање на работите особено на воен план, но бидејќи дискусијава што ја имате со @jamajka трае веќе со месеци за иста работа, сè си мислам дека дури и самиот Путин (или Шојгу/Герасимов, сеедно) да излезе на телевизија да каже дека тоа што се случувало кај Киев на почетокот на инвазијата било неуспех, а не диверзија - јамајка пак нема да верува во тоа.
Клучно прашање кое нема ни директна врска со стартот на акцијата е зошто украинскиот преговарач у првите месеци беше убиен у Турција. Кога било кој што сака да ја разбере оваа ситуација ќе си го одговори ова прашање у истиот момент ќе му стане јасно што се случувало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom