Фан Клуб: Интер

180 минутно уништување на Тео пд страна на Дамфрис, изгази, исто и Лаутаро.
Браво за црниот на гол, што фати зицер и не прими гол.

Истанбулллллллл, оле,оле
 
Честитки финале бабани :place::place::place:
Надреално е после се дека нашиот Интер е во финале во ЛШ, го заслужија ова сите на теренот едноставно изгинаа од прв до последен и ги издоминираа резултатски без да примат гол, им дозволија 3 шанси од кои 2 скоро сигурно ќе им ги кинеа со ВАР за 180 мин игра, историски многу битна победа нарочито ако Интер биде шампион на крај што ќе биде пеколно тешко.

Што и да се деси до крај херои се за мене, ја немаше да бидам у состојба да живеам нормално ако Милан не елиминираа и овој пат, уште го неам преболено она од пред 20 години, паничев за таков исход уште кога не извлекоа со Бенфика а Милан ни беа проектирани за полуфинале затоа и ги сакав Наполи поише, сеа полесно ќе се живее па што биде биде.
 
Ако сакаше Инзаги да му даде шанса на Милан да биде порамноправен, требаше порано да ги стави Гаљардини и Кореа. Вака, и со 2ца играчи повеќе немаа мотив последни 10 минути.
 
Нула шутеви во гол Милан во второ полувреме , Дон Инза мастерклас.

Сите се отпишавме од овој тим кога ги извлегоа групите за сега да ги гледаме во финале , свака част.

Лично сакам Сити да пројде утре , мада кој и да пројде е фаворит , не од што ке смени тоа нешо дека ке бидат исшамарани .

Ако Интер тепа финале , земам дрес од Лаутаро и го постирам у групава дека ако некоој заслужил тоа е он сезонава.
 
Ако Интер тепа финале , земам дрес од Лаутаро и го постирам у групава дека ако некоој заслужил тоа е он сезонава
Секоја чест брат, невиден подвиг, се надевам дека со овој потег ќе охрабриш многу деца да го сторат истото во иднина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom