Може едно појаснување, не дека го делам твоето мислење по изнесените ставови ама за другите кои читаат ми е
Значи вака: Кој смени име, презиме и ја распродаде државата Македонија?
Дали се тоа комунистите или нивните деца кои станаа демократи (кажи отворено немој да се срамиш) заедно со другите демократи кои се најдоа тука да припомогнат?????
(моето мислење е дека демократите -деца на поранешни комунисти или новоперчени демократи е исто гомно само поделено на два дела- во случајов се само подизведувачи-квислинзи, а дека оној што управува и ја растура Македонија е некој од надвор кој добро ги проучил Македонците.....)
Инаку не го делам мислењето затоа што сметам дека се 'потребни и лева и десна рака за да биде цело' само со лева или десна цело време ќе талкаме и на крајот нема ништо да оствариме. Ваквото мислење пред 8-9 години ... го делат и политичари како Путин кога на прашање зошто не ги отстрани симболите од социјализмот одговори дека се тие дел од нивната Руска историја, времето ќе покаже дали и колку тој период бил криво или право насаден.
Со години повеќе внимнание му посветуваме на Илинден отколку на 11-ти Октомви ('види мајката' па дури и децава на поранешните комунисти тоа го прават, го отстранија АСНОМ од Уставот, затоа тврдам дека се демократи), што е малку чудно ако се знае дека првиот обид бил неуспешен а вториот ја донел македонија како држава, не велам дека Илинден не треба да се одбележува тулку дека 11-ти октомври треба да ги има своето заслужено место, ете тоа во кратко.
Премногу се манипулира со Македонците, се употребува симболика која нема врска со вистинското значење, се префарбува и ретушира.