Слабо отворање на првото полувреме.
Влегоа на почеток млитаво, без жар, без идеја, како да се игра обичен меч.
На крај скапо се платија тие примени 16 гола.
Да ти дај бековска постава со Орката, Куни и Дутра 20 гола, од 26 вкупно е катастрофа.

Плус онај Хобитот Карапале стегна некој гол.
Нема шо да прајме муабет, 80 % од голојте ни ги дадоа 4 играчи.
Централната зона во одбраната ја изгуби утакмицата.
Немаше навремени прекини, немаше густина, удвојување на бек кој се очекува да шутира.
Тука доста не поремети и повредата на Васиљев, да се надеваме дека не е сериозно ништо.
Едноставно дозволивме да ни шутираат од кај стигнат.
Дутра да ти дај 7 гола, без да стигниш да го фаулираш, јасно е како изигра одбраната денес.
Дутра бе, шутерот, небаре Лауге Шмит го имаа пред себе, па не можат го задржат.
Џабе таа повремена 5-1 зона, кога немаше ефект, не знаевме кај да браниме и да притисниме
Таман ќе се покриеше еден бек, кај некој друг ќе се отвореше дупка.
Многу неповрзана игра во одбрана, во најголем дел од мечот.
Одбраната единствено беше ок, во почетните 10 минути од второ и крајните 5 минути од утакмицата.
Останатиот период со многу пропусти и ненавремни излегвања, прекини...
Голманите можеа да скинат некоја топка плус, неколку без веза топки влегоја на Орката,ама то е сега.
Голот на Орката за +2 беше решавачки, мораше та топка да се фати, ама то е.
Фатија и тешки топки, не смеј да му се замери.
Нападот пак слаб, во добар дел без идеја, се одеше на брзо ослободвање на топка, по секоја цена да се дај на пикер.
Жаре свртен со грб, пикнат меѓу двајца, ни топка гледа, ни чиста рака има да му дајш пас.
Се знај дека секоја топка до пикер е голема шанса да ти ја сечат топката.
Фалеше Васиљев овде, да ја развлечи зоната, да напрај некој блок, да ослободи простор.
Учинокот на Хененберг фалеше. без него тешко.
Кисум на моменти испука добри удари,после го снема,
Требаше појќе минутажа да му дај на Танкосен, и на Павле.
При агресивна одбрана со побрзи бекој требаше да проба, вака со Кисум и Хехенберг бевме доста бавни и знаеја шо ќе играме.
На крај можевме да се вратиме, ама јебига.
Не можиш и против судиите.
Вакви боси судии одамна немам видено, Кркачев и Колевски за овие вчера се доктори.
Поизгубени судии одамна немам видено.
Ко се вратив вечерта ја гледав снимката, последните 2 напади беа +1 минута, без никаков удар кон гол,. ниту обид за удар.
Пасивност со гаранција, овие напади требаше за 10 секунди да се прекинат, ко шо ни напраја Начевски во Битола саботата.
Истите овие незналици со Тиквеш, 2 напади ни зедоа заради пасивен напад, а ни 10 секунди не бевме во напад, сега двојни аршини.
Рака крената за пасивен во двата напади, појќе од 30 секунди и го враќат на 9 нападот, а додавања има, макар по едно меѓу секој прекин.
Последниот напад беше тежок криминал, 60 секунди на гол не тргнаа и не ја зедоа топката.
На онај суратот Орката требаше 2 минути, ја шутира топката по судиски свиреж.
Да ти се плукнам во играчот, однесување НУЛА, професинализам нула, зато го избркаја како партал од РНЛ.
Во Германија беше последна шупелка меѓу левите бекој, имаше една утакмица во Балинген имаше 1/11 реализација од игра.
Играчот голем, мрш бе таму целуфкар еден.
Се угледал на Борко и Бутино, крева раце кон публика.
Наместо да земи да научи ракомет.
Зато појќе никогаш за репрезентација, дури играт вакви кловној од играчи.
Пред куќа да ми играт не ги гледам, не пак да се закревам да одам негде.
Арно му напрај Суси на онај јаболкарот вчера.Секоја чест.ЦАР...
Тука порасна, зел онде ќе провоцира, бил ракометниот Мурињо, кој Мурињо море несреќо една.
Ни се смеат сите со глупостите шо ги прат со министерот.
Министеро, во која ракометна земја има вакви ликој бе?
Па ние сме биле ракометна земја, ние за жалење сме.
Е па зато на ова дереџе дојде ракометот денес, од ликој ко Министеро, Јабалкаро, Орката и компанија.
И затоа Македонија ќе биде последна станица за јаките играчи и тренери.
Ќе се играт утакмици без редари, ќе си шетат навивачи на сред терен, ќе крадат тренерки.
Никој не е улав, макар и за убај пари да се бламира да игра во ваков циркус.
Чиста среќа шо не замара ЕХФ со наша лига.
Да видат во какви услови нашите екипи обебзбедуваат евро-пласман.
Последен напад, зеде Куни го собра Павле, намерен фаул, не оди на топка, оди директно на играч.
Со намера да го собори, го паѓа на земја.
Последен напад е, последна минута, ова по правила е 2 минути и пенал за екипата шо напаѓа.
Чисто и јасно ко бел ден,=.
Тие незналиците земат ВАР да гледат, и шо видоа, демек дали останаа секунди за играње?
Па како да останат кога го собра како воз Куни нашиот играч и не свирнаа ништо за тој старт.
Нека се крстат овие незналици во Драган Начевски, дури е главен во ЕХФ за судии ќе фаќат евро утакмица.
Кога ќе си оди овај, на овие незналици треба да му се забрани Струшки турнир да судат.
Да сум јас, прво тест за деловна способност ќе му напрам.
Не можи бе кој стигна свирче зеде в раце.
Уствари оти да не можи, овде можи без испит функција да фатиш.
Македонија, земја на чудата.
П.С.
Треба управата, наредна сезона сериозно да размисли.
Ете Јовиќ ја наметна оваа проблематика.
Не можи бе финале, дерби да го судат незналици.
Или нека судат Начевски-Николов, имат авторитет, имат грешки да, некогаш за нас имат мала наклонетост, некогаш кон противник.
Ама онакви бламажи ко шо видовме од Кркачев-Колевски со Алкалоид и вчера, никогаш нема да си дозволат.
Мора да се напрај една рутина, или да судат најдобрите судии.
Или друго чаре, како во Полска шо прат, на мечевите Киелце- Висла, странски судии и да не заебаваме појќе со овие улајте.
Ова стварно нема смисла појќе.
П.П.С.
@KosteM
Те молам да останиш на твој став од последниот пост и да не ја замараш нашата тема во иднина.
Преку

ни е од твојата "експертиза и објективност" на нашата тема.
Во вашата тема плукаш по нас, тука глумиш експерт и објективен.,
Жити тебе, шо подалеку од темата...
А и останатите твои објективни другарчиња.
Од сите шо пишите на оваа тема, само со Коњаникот можиш да дискутираш реално и без субјективност.
Сите други,бетер од политичари и адвокати сте.
Си имате тема, забавувајте се таму,со Кано, Симев и остала екипа провокатори.
Од кога изникнаа тие ликови на форумот, нема нормална дискусија во темите за ракомет.