Кај нас кога бевме четврта средно, 2007 година, имаше дојава за бомба во школото. Еден од трета година се имаше јавено кај директорката од трафика. И тоа глупсонот се имаше јавено баш на 8-ми март кога и онака беа скратени часовите. Па евакуација, антитерористички единици...
Што е најиронично, иако цел град го знае кој е, му прогледаа низ прсти и не го казнија ништо. Демек немало докази дека е тој. А уствари имаше некоја друга позадина зошто помина така... Да е во денешно време сигурно ќе имаше последици.