Најлуди и најочајнички "методи" за отсуство од училиште

  • Креатор на темата ¯\_(ツ)_/¯
  • Време на започнување
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
У основно си идев секој 2-3 ден..класна ми беше по историја,а тоа знаев највише од цел клас,можда и генерација,и ептен и бев омилен,и ќе и кажев,ми се иде дома и ме пушташе...

сега у средно...најчесто со оправданија,или моиве ќе дојдат,а и се договарам со професорите,да не ме запишуваат и така си идам...

иначе тоа што ми успевало било,на свадба треба да одам,вчера бев на свадба ради тоа не дојдов,мајка ми во болница беше,имам тренинг(1000 пати до сега ова),ме боли стомак,ме боли глава,на лекар треба да одам,и уште триста вакви работи...
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Јас ќе почнам да клинкам да повраќам во рок од пола саат. Ќе си намачкам очите со црно демек немам убаво спиено. Дури и самата ќе поверувам дека сум болна и вид виделија да ме нема :)
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Најчесто каснев на први час, или воопшто не одев на први па каснев на втор час, или одев директно на трет, после голем одмор зависи кој ден. За учениците кои не беа од градот и кои патуваа со автобус беше дозволено каснење на прв час доколку автобусот касни па затоа најчесто како изговор го користев тоа. :)
 
P

puppete dolly

Гостин
еднаш во основно едно дете од дома зеде кромид и го триеше паркетот низ целата училница со него...премногу смрдеше :\
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
еднаш во основно едно дете од дома зеде кромид и го триеше паркетот низ целата училница со него...премногу смрдеше :\
ОМФ катастрофа. Исто и кај нас некој од 4та година кои учат во истата училница направиле такво нешто. Во училница не се седеше па моравме да имаме настава во кабинетите цел ден. :place:
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
вака со кромид имаме правено после одмор некое лепиње ќе мавнеме ама со премногу кромид и на прва ќе седнеме и на професорката и се магли од што мириса :) двапати така не ослободи ама после тоа веќе не палеше кајнејзе :icon_lol:
 
P

puppete dolly

Гостин
а исто ми текнува кога имав физика,втора година средно.Многу мразев физика и секое испитување,тест пробував да го одложам колку можам.И на професорката едно сабајле и реков:Леле професорке кога излегов од дома ја оставив пеглата за алишта уклучена а никој нема дома.Мора да одам да ја исклучам ќе ми се запали куќата.И таа ајде оди оди брзо :P
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
ја годишно 100 пати сум на спортска медицина, или полагам FCE (испит по англиски)
така да нема проблем или треба да се видам со другар од Австралија што се вратил или пак обезбедувањето ме вика да му завршам работа до полиција, или го боли забот па да сум му купел некој лек од аптека и на кафе ќе завршам накрај :D
 
Член од
3 септември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
5
Еххх луди денови од средно.

Требаше да имаме тестови многу таа недела и јас испринтав лажно оправдание за цела недела а јас си седев во кафич и не одев на училиште.Демек морале да ми земаат крв.

И еднаш татко ми отиде да праша како сум и физика му рекла добро е керка ти?Не одеше на училиште заради крвта (стара беше жената за моја среќа) и татко ми и викал не не супер е.И таа:Аа во ред сум ја помешала со друг ученик.

Потоа, пак избегав и сакав да испринтам оправдание но принтерот ми беше расипан а беше прекасно да одам до интернет кафе.И зедов го отворив фб профилот на мајка ми (ја има класната за пријател) и и напишав порака за мојата ситуација и си се оправдав.
ај кажи ми како го направи тоа лажно оправдание
 
Член од
11 октомври 2022
Мислења
229
Поени од реакции
627
Паметно е да се отсуствува последните денови од мај/јуни кога веќе имаме заклучени оценки?
 

SweetGirl*

мудар посматрач
Член од
9 декември 2009
Мислења
141
Поени од реакции
119
Јас бев играорка, нај лесен изгвор ми беше дека имам настап :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.336
Дефинитивно најлуда работа што може да се направи е да пријавиш дека има бомба во школото. Но јас не би го направил тоа.
ауууу, од кога се вртела идејава!
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.784
Поени од реакции
10.589
ауууу, од кога се вртела идејава!
Ти сега ли разбрираш?!
У моја генерација пред 20 години се јавија на секретарката у школо, и се заканија со бомба!!
И што е најтрагично, петардите се јавија од мобилен, у Петок на 5-ти час попладне!!!
За еден е*ан час! И тоа од досада оти не им се седело на вежби по хемија…
Не само што ги избркаа од школо, туку после и јавно на локална телевизија се извинуваа!!

(ама така се заврши работата. Денес да беше, во затвор ќе ги пратеа!)
 
Член од
11 октомври 2022
Мислења
229
Поени од реакции
627
Колку оправдани отсуства можам да направам без да добијам некои последици? Слушав муабети дека со над 100 оправдани се идело на класен испит и што ти не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom