The xx
Russia state-affiliated bot. ☑️
- Член од
- 8 април 2013
- Мислења
- 6.859
- Поени од реакции
- 12.946
Уште еден булшитпост кој овој пат нема да го прочитам. Секако не ни очекував да се држиш до тоа што го дискутиравме. Опет не сум бил ја, Петко бил. Од старт си отиден во провалија и со прогноза и со очекувања твои лични. Сега некои харикири напиша 4д Шах ова она.Работата е што без разлика дали ги потрошиле залихите моите натовци ( ) имаат од каде да го надоместат. Практично имаат непресушен извор на воени залихи кои зависат од политичката волја на САД. Дали уништиле некои старо М113 не е толку битно кога ако САД сака утре ќе им донесе уште пет илјади такви и уште толку понови верзии од други возила. Русија го нема тој непресушен извор на воена техника.
Ја за Бахмут сигурно не сум вртел некои Bahnut holds или штотијазнам приказни. Напротив вие тука од јануари вртите една иста лента, дека градот бил опколен, готово ете последниот пат бил пресечен, па бил под fire control, па бојлерот го затворале вагнерци. Мислам веќе мај сме и очајно е да се чита ова за град кој одамна го изгуби тактичкото значење. Имал градот некое значење во сценарио кога Русите пробиле кај Попасна па на тој бран да потегнат офанзива. Сега градот има изгубено секакво значење освен за драпање мадиња на твитер. Нови десет зони на одбрана имаат поставено Украинците и за секој сантим земја душа ќе им извадат.
Како сеа не знаеме која е целта. Нели беше демилитаризација, денацификација на Украина и неутрализирање на воената закана од нив. Па по два месеци целта стана уствари ослободување на Донбас. Очигледно и тоа нема да го биде па сега не знаеме која е целта. Тајна е само за воениот врв, играат они 4Д шах. Руси гинат ко кучиња а никој не знае за што гинат.
А во врска со двојните стандарди, можам само да замислам какви оргазми ќе имаше на форумов ако Америте заглавеа во Ирак и извадеа Патон тенкови.
Очекува. во иднина да оставиш видеа од воени дејствија на т55. До тогаш биди поздравен и терај си го филмот.