Зошто да пишувате со странска латиница?

вован1

http://1917.gq/jy/jyindex.htm
Член од
10 декември 2017
Мислења
158
Поени од реакции
250
Здраво. Јас самиот сум од Ташкент. Заинтересирани за Македонија. И јас имам прашање. Зошто некои граѓани овде пишуваат со странска латиница? Впрочем, фонтот на сите нормални луѓе, а особено на Македонците е кирилица? Веројатно тие што пишуваат на латиница не се Македонци, нели?
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.323
Телефон, мрза, подршка итн. Технички имаме и латиница пишувано ние. Mene ne mi menja.
zgora na toa koj bi stavil hrvatska podorska ili neshto za fontot, koga site kompjuteri se na angliski(tvojot mozhda e na ruski ili turski ama toa e specificno za tebe).
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.141
Поени од реакции
5.722

Телефоните имаат исто така Македонска говорна поддршка, како и компјутерите, односно соодветните системи (...).
Мое мислење е дека најчести причини се мрзата, незнаењето, инаетот, омаловажување на својот Македонски јазик, но верувам дека има и мал број на „странци“ кои не сакаат да инсталираат кирилична поддршка.
И, како беше она? Se takvala so "postar" ili mozebi so "poshtar".
No, za srеќа форумов е само простор за занimacija, vo koja членуваат најраznorazni umovi, a ne Diplomска работа.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.303
Поени од реакции
3.686
Македонското писмо е кирилично и тоа е официјално писмо по закон но тоа не значи дека не постои македонска латиница. Сепак таа не е задолжителна но се изучува на училиште (бар колку што јас се сеќавам) со тоа добиваме до пообразовани личности а дали тие правилно ќе ги користат двете писма тоа зависи од нив.
Форумов е кириичен и ако текстот е подолг од просто проширена реченица искрено не го ни читам или ако се работи за наслов на тема кој е пишан на македонски но на латиница не ни ја отворам... Значи според мене а верувам и според многу други на форумов ако сакате да ви се прочита постот или пиши на вашата тема латиницата дава обратен ефект :)
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.826
Поени од реакции
6.429
Здраво. Јас самиот сум од Ташкент. Заинтересирани за Македонија. И јас имам прашање. Зошто некои граѓани овде пишуваат со странска латиница? Впрочем, фонтот на сите нормални луѓе, а особено на Македонците е кирилица? Веројатно тие што пишуваат на латиница не се Македонци, нели?
а што ти од Ташкент (кај е ова ме мрзи да гуглам), си се засегнал за тоа на што пишуваме ние во Европа? до земји од непосредна близина - како Грција и Италија? Ако ни свирни на умот ние од бивша Југо и на Глаголица ќе се вратиме пак, или уште поверојатно скрос трето писмо ќе измислиме. Зар од Азија ќе трпиме укори? За писма што ние ги напишавме. Оди прошетај и спушти се на земја.

Повеќе во својот двор гледајте, и онака е претерано голем, а преполн проблеми. Помалку во туѓиот, за вас и онака крајно далечен.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Македонското писмо е кирилично и тоа е официјално писмо по закон но тоа не значи дека не постои македонска латиница. Сепак таа не е задолжителна но се изучува на училиште (бар колку што јас се сеќавам) со тоа добиваме до пообразовани личности а дали тие правилно ќе ги користат двете писма тоа зависи од нив.
Форумов е кириичен и ако текстот е подолг од просто проширена реченица искрено не го ни читам или ако се работи за наслов на тема кој е пишан на македонски но на латиница не ни ја отворам... Значи според мене а верувам и според многу други на форумов ако сакате да ви се прочита постот или пиши на вашата тема латиницата дава обратен ефект :)
Бале, македонска латиница не постои. Таа што ја учевме ко деца, тие малите читанчиња за второ или трето што беа, беа некој вид на локална верзија на српскохрватски. Ваљда да можиме да читаме нормално низ земјите од екс ЈУ. Ние немавме до пред некое време официјална романизација на македонското кирилско писмо. . За ова латиницава имаме дискутирано по форуми за мапирање. И баш заради некои експерти по мапиве, денес Кавадарци е Kavadartsi, затоа што секој мапер имаше свое видување за изгледот на македонската латиница :)
а што ти од Ташкент (кај е ова ме мрзи да гуглам), си се засегнал за тоа на што пишуваме ние во Европа? до земји од непосредна близина - како Грција и Италија? Ако ни свирни на умот ние од бивша Југо и на Глаголица ќе се вратиме пак, или уште поверојатно скрос трето писмо ќе измислиме. Зар од Азија ќе трпиме укори? За писма што ние ги напишавме. Оди прошетај и спушти се на земја.

Повеќе во својот двор гледајте, и онака е претерано голем, а преполн проблеми. Помалку во туѓиот, за вас и онака крајно далечен.
Во Ташкент, Узбекистан имаш повеќе македонска крв отколку во собранието на Македонија во Скопје. Таму се праќани македонските партизани од ДАГ по крахот на ККЕ во грчката граѓанска војна.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.826
Поени од реакции
6.429
Абре вие не сте нармални бре. Во Узбекистан биле Македонците. Тотално испиен умот, што клетва че беше ве сотре.
Ајде го прогуглав да видам што сме толку слични. Имаше и што да видам. Реалноста е дека гените ти се послични со Бујар Османи, отколку со овие градители.

Ф

Флеш

Гостин
Абре вие не сте нармални бре. Во Узбекистан биле Македонците.
Има наши од Егејска Македонија кои се избегани од војната, најчесто се од ДАГ или деца бегалци .... СССР биле тогаш и тука ги ставала , или повеќето отишле во Полска или Романија ....

И ти па нели си високо ниво образован бидејќи германски општественик ....
Или имитација си
Автоматски споено мислење:

Бале, македонска латиница не постои
Toa e како резултат на образованието на Југославија под која капа паднала Македонија .
Српско-хрватски беше официјален на ниво на Федерација , втор е македонскиот .

Како последица на југословенското образование се создава македонската латиница . Фактички постои на терен
Татко ми има служено во Сараево и останал 10 години .
Како тоа го носи дома . Природно е
Автоматски споено мислење:

1683456293069.png

Деца кои дошле во Ташкент со борците на ДАГ. 1951 година.

Тhe children who came to Tashkent with the DAG fighters. 1951.
 
Последно уредено:
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Абре вие не сте нармални бре. Во Узбекистан биле Македонците. Тотално испиен умот, што клетва че беше ве сотре.
Ајде го прогуглав да видам што сме толку слични. Имаше и што да видам. Реалноста е дека гените ти се послични со Бујар Османи, отколку со овие градители.
Слабо историја.
Toa e како резултат на образованието на Југославија под која капа паднала Македонија .
Српско-хрватски беше официјален на ниво на Федерација , втор е македонскиот .

Како последица на југословенското образование се создава македонската латиница . Фактички постои на терен
Татко ми има служено во Сараево и останал 10 години .
Како тоа го носи дома . Природно е
По устав на СФРЈ нема службен јазик во Југославија. Службени се трите: српско-хрватски, словенечки и македонски.
Латиницата постои на терен само на бившите регистарски таблички и сообраќајните знаци. Македонскиот јазик немал латиница, туку само транслитерација/романизација, и тоа неколку верзии.
Каде си видел книга напишана на латиница на македонски?
Освен онаа смешна книгичка, јас би рекол стрип на латиница што го учевме во второ или трето одделение.
Татко ти што служел во Сараево, гарант не зборувал на македонски :)
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.141
Поени од реакции
5.722
Абре вие не сте нармални бре. Во Узбекистан биле Македонците. Тотално испиен умот, што клетва че беше ве сотре.
Убаво е човек до крај да дочита кога некој се обидува да му објасни, и да не скока како прле пред магаре. Никој не кажа дека Македонците се род со узбекистанците, туку дека има многу од децата бегалци, кои тогаш беа расштркани низ разни земји. А тие деца беа Македонци од Егејска Македонија
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.114
Поени од реакции
23.587
Jas iskreno neznam kako se menva. Ednas burickav vo mobilniot i mi se smeni na latinica i neznaev da go vratam, a premnogu gord sum za da prasam i taka si ostana na latinica :X3:
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.756
Поени од реакции
26.761
Jas iskreno neznam kako se menva. Ednas burickav vo mobilniot i mi se smeni na latinica i neznaev da go vratam, a premnogu gord sum za da prasam i taka si ostana na latinica :X3:
За чудо истиот период кога ти се смени азбуката на телефонот ти се смени и профилната на форумов ама тоа е друга тема на муабет. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom