Правна помош и совети

Член од
9 октомври 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
И еве сега се заврши и оставинската постапка. Префрлени се и поделени и објектот и дворното место на по идеална половина.
Дали од тој момент татко ми е совесен и законит држател? И од кој момент се бројат тие 10год. за да се стекне право на целосна сопственост врз недвижноста?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625

Ако се префрлени објектот и земјиштето, на што треба да се стекне сопственост? Не ми е јасно што ти е прашањето.
Автоматски споено мислење:

На делот на чичко ти?
 
Да, дали може да се стекне сопственост на половината од чичко ми?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Да, дали може да се стекне сопственост на половината од чичко ми?
Не. Тоа си е негова половина и е запишано во имотниот лист врз основа на наследното решение. Институтот одржавка е нешто сосема друго и во твојот случај нема примена.
Автоматски споено мислење:

Независно од тоа што ти ја користиш куќата многу години.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Во оставинска постапка, во решението од нотар недостига парцелата со куќа и помошни простории. Решението е од 2012 год.

Извадов имотен лист кој сеуште е на починатиот, на него ги има.

Зошто е тоа така? Како може да се корегира?

Имотот треба да се дели на 2ца наследници. Нема согласност за поделба па ќе мора судски.
 
Ке си покренеш оставинска постапка за дополнително пронајден имот. Ако нема согласност околу делбата, нотарот ке ве испрати на парница пред судот да ги решете спорните прашања.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.010
Поени од реакции
1.122
Ке си покренеш оставинска постапка за дополнително пронајден имот. Ако нема согласност околу делбата, нотарот ке ве испрати на парница пред судот да ги решете спорните прашања.
Колку кошта тоа од прилика?
И дали има начин куќата да не дели, да ја земе било кој, нема да може да се сложиме за реновирање...
Еве во моментов едниот користи се, чува во дворот живина, животни без наша дозвола... Смее така да го користи?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Колку кошта тоа од прилика?
И дали има начин куќата да не дели, да ја земе било кој, нема да може да се сложиме за реновирање...
Еве во моментов едниот користи се, чува во дворот живина, животни без наша дозвола... Смее така да го користи?
Па сигурно нема да кошта многу пари. Зависно од вредноста на имотот нотарот ке си наплати награда од најмногу 4800 денари плус трошоците за спроведување на решението во катастарот околу 2-3000 денари, адвокат најмногу 4800 (ако сам си ги спобираш документите), судска такса 480 денари, и плус ситни трошоци за извод од умрени, смртовница, изводи од родени, венчани, имотни листови... Максимум некои 250 евра ке те кошта. Ова зборуваме ако работата се заврши пред нотар а ако работата отиде на суд веке трошоците неможат да се предвидат.
Секако дека може да се договорите претходно едниот на другиот да му го плати делот а тој да се откаже од наследник, ама тоа ако имате разбирање.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.421
Дечки, може да ми каже некој, кои се последиците (негативните страни) од тоа да си кривично осуден? Кои сѐ права/можности ти се ускратуваат? Дали тоа што некој е кривично осуден, би имал одреден период проблеми во нормалното функционирање?

Пример мислам на:

Добивање виза/дозвола за престој/работна дозвола во странство
Вработување во одредени институции

Дали се исплати некому да е кривично осуден, наместо да договори спогодба?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

Да
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Може малку подетално да се образложи зошто? Вака не ми помогна многу :)
Потврда за неосудуваност може да ти побараат за вработување, за некои огласи, за избор на некаква функција и така натаму. Ако си осудуван, автоматски не го исполнуваш тој услов и те одбиваат.
 
J

joli1

Гостин
Дечки, може да ми каже некој, кои се последиците (негативните страни) од тоа да си кривично осуден? Кои сѐ права/можности ти се ускратуваат? Дали тоа што некој е кривично осуден, би имал одреден период проблеми во нормалното функционирање?

Пример мислам на:

Добивање виза/дозвола за престој/работна дозвола во странство
Вработување во одредени институции

Дали се исплати некому да е кривично осуден, наместо да договори спогодба?
одредени амбасади прават проблем доколку си кривично осуден, но мислам дека зависи од амбасада до амбасада, што имаш сторено, итн.

дури и кога аплицираш за виза или нешто, имаш прашања од типот дали си бил кривично осуден, зошто, дали си се занимавал/конзумирал дрога, дали си учествувал во проституција и слично, ама пак ќе кажам, ова е од мое искуство со одредена амбасада, мислам дека многу зависи и од амбасадата и типот на виза кој што го бараш.

за вработување, мислам дека не можеш да работиш во државно (корегирајте ме ако грешам), поготово во репресивниот механизам на државата (МВР, војска), итн, но кај приватњак можеш да работиш.

не секој работодавец тражи потврда за неосудуваност, ниту пак секој што ја тражи ќе ја добие (освен ако инсистира за истата).

ја не сум кривично осудуван, сум сменил три работи (кај што сум бил осигуран), сите тражеле потврда за неосудуваност, никој не добил. :D
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Дечки, може да ми каже некој, кои се последиците (негативните страни) од тоа да си кривично осуден? Кои сѐ права/можности ти се ускратуваат? Дали тоа што некој е кривично осуден, би имал одреден период проблеми во нормалното функционирање?

Пример мислам на:

Добивање виза/дозвола за престој/работна дозвола во странство
Вработување во одредени институции

Дали се исплати некому да е кривично осуден, наместо да договори спогодба?
Имаш два вида на потврди кои ги издава судот и кои може да ти бидат побарани во разни ситуации:
- Потврда од казнена евиденција
- Потврда од кривична евиденција

Првата ти е дека до сега не си осудуван односно дека против тебе нема правосилни пресуди со кои си осуден кривично. Ако си осудуван во потврдата ке ти стојат пресудите, членот од кз по кој си осуден и изречената казна. По протек на определено време тие осуди се бришат по службена должност (но во пракса самиот треба да побараш бришење) по што ке ти се издаде потврда дека не си осудуван.
Втората потврда е потврда дека ВО МОМЕНТОТ на издавање на потврдата против тебе не се води кривична постапка.

Било која од потврдите може да ти притреба во секој момент, ....за вработување во определена институција (полиција, суд, детска градинка, училиште, војска.....), за добивање виза за некоја држава, за работа и престој тоа го бараат секаде по европа, за добивање странско државјанство..., за добивање дозвола за оружје,... се бара во многу ситуаации. Така да таа потврда може да ти заебе голема работа во животот, па ако ситуацијата е таква да е голема веројатноста дека ако работата допре до суд дека ке бидеш осуден а од друга страна ти се нуди пристојна спогодба треба да размислиш да прифатиш спогодба, посебно имајќи во вид дека ако те осудат секако ке ти изречат и санкција (условна, парична....), ке те задолжат и со кривични трошоци, ке треба да го платиш сопствениот адвокат, а потоа со таа пресуда оштетениот ке ти стегне граѓанска тужба за штета која секако ке ја добие и сума сумарум ке ти излезе многу повеке од спогодбата (ако е пристојна). Се е од случај до случај, треба да се види делото за кое ти претат, доказите со кои располагаат, висината на штетата, понудената спогодба.... многу работи треба да се имаат во предвид.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.010
Дечки, може да ми каже некој, кои се последиците (негативните страни) од тоа да си кривично осуден? Кои сѐ права/можности ти се ускратуваат? Дали тоа што некој е кривично осуден, би имал одреден период проблеми во нормалното функционирање?

Пример мислам на:

Добивање виза/дозвола за престој/работна дозвола во странство
Вработување во одредени институции

Дали се исплати некому да е кривично осуден, наместо да договори спогодба?
Не разбирам, како може ако кривично те гонат, да се спогодиш? Во која смисла?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom