Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
so dete treba da se razgovara kako so zrela osoba no bidejki majkite se slikat skoro goli za poveke lajkovi a tatkovcite gledat samo picki po insta decata gi tretirat kako stoka zemi.mobilen i.mrs u soba ostavi me malku da odmoram imav tezok den na rabota,a toa deka opstestvoto e otideno skoro do krajni granici na normalnoto ne znaci deka treba i jas da se vklopam vo toj sistem za mene znaci deka treba mnogu poveke vreme i rabota so decata

Па не мора ко со зрела особа уште од мало, да почне да проаѓа време со него и да проба да му стане пријател, тоа е добар почеток. А не се проблем ниту игри, ниту играчки, ниту комуникација со друштво по социјални мрежи, но се треба да постои во здрави граници. Работите не се никогаш само црни и бели, секогаш се повеќе бои во повеќе нијанси, кога ќе најдеш баланс со нијансите ќе го решиш и проблемот. Највредното нешто на еден човек што можеш да му го дадеш е своето време, ако не го можеш тоа за своето дете, тогаш проблемот е во тебе.
 
Тоа ти ќе бараш и со години ќе офкаш, ќе плачеш на секаде, психички ќе се распаднеш, самоуништиш, бидејќи системот нема шанси да ти помогне. Јас ќе барам системот да не ми се меша во мојата реакција

повеќе шанса има ти како Брејвик да станеш да потепаш луѓе зошто мислиш дека системот те дупи него ја да се жалам од системот.
 
повеќе шанса има ти како Брејвик да станеш да потепаш луѓе зошто мислиш дека системот те дупи него ја да се жалам од системот.

Нормално, ти уживаш во дупењето од системот и бараш уште повеќе да те дупи, се виде тоа за корона дупењето.
 
Нормално, ти уживаш во дупењето од системот и бараш уште повеќе да те дупи, се виде тоа за корона дупењето.

ајде, не ја сери оваа тема со своите don't tread on me глупости
 
Па не мора ко со зрела особа уште од мало, да почне да проаѓа време со него и да проба да му стане пријател, тоа е добар почеток. А не се проблем ниту игри, ниту играчки, ниту комуникација со друштво по социјални мрежи, но се треба да постои во здрави граници. Работите не се никогаш само црни и бели, секогаш се повеќе бои во повеќе нијанси, кога ќе најдеш баланс со нијансите ќе го решиш и проблемот. Највредното нешто на еден човек што можеш да му го дадеш е своето време, ако не го можеш тоа за своето дете, тогаш проблемот е во тебе.
tocno na svoeto dete treba da mu dades od svoeto vreme i toa najgolemiot del,ne sum protiv igrici naprotiv imat moite igrici samo nesmeat da igrat nisto so ubivanje i slucno 99% od vremeto pominato na igrici e fifa plus vreme pominato so dete igrajki fudbal odejki neznam kade primer na bazen,kino ili sto znam.kade sekoj so svoi interesi toa za dete e dovolno da ne navleze premnogu vo toj virtuelen svet
 
Не знам колку е точно инфото дека вакво нешто глобално гледано, дете од 13 години нема направено, бар не е документирано. Какви све хорор приказни има од Америка ама нема за 13 годишно дете, пак ќе кажам, не знам колку е точна оваа информација ама ако е ... :facepalm:

Го гледав вчера интервјуто на еден од тие што биле на списокот, каде кажа мене сите ме знаат ама ја него не, апла си ја има мувата на капата овој башка му правеше интервју една млада репортерка по прашањата се гледаше дека е неискусна, ко да сакаше детево да е у спотлајт иначе како баш таа дознала дека он е на списокот инстантно истиот ден. Типот фаца е сеа, браво за него.

Вучич е многу смешна појава мајке ми, цел ден драми дека има многу насилство низ медиумиве, истиот Вучич минатата година, буквално излезе на прес со низа ужасни фотографии од Веља Невоља како е сликан над масакрирани обезглавени тела, е така искочи бабанот пред медиуми кои патем ги контролира и направи бесплатна реклама за хорорите на нарко картелите низ Србија, едно недела дена само тоа гледаа србите. Глупак.

Детево само се пријавило во полиција, почнало да го фаќа паника, тешко да дише, и на ова гледал ко солуција. Од друга страна и сестра му која има 9 години била вчера во истото училиште, и нејзиниот живот отиде во три лепе после ова.

Премногу се фокусираат луѓево на погрешна страна мислам, зашто татко му имал оружје дома ... глупости, можда имал причина за тоа, знам пар фамилии само кај мене во маало кои биле ограбувани и размислувале за ваква опција, зашто едно време не бираа овие што вршеа грабеж и у 2 наврати погрешно искалкулираа и влегоа додека некој имаше дома. Поентата ми е дека одредени личности имаат потреба за недај боже да имаат огнено оружје дома, да не се правиме наудрени дека живееме во идеално општество, па нарочито во Србија богзнае колку фамилии од X причини имаа основа да држат такво нешто дома. Повеќе фокусот треба да е зашто све повеќе и повеќе смејства гледаат на ваква солуција за нивните домови.

Грешка е ако детево одело на стрелање, во случај ова да е точно, а ако е, ај таткото што е крив ама и тие што допуштиле што е малку чудно, освен ако не го носел некаде надвор од град па тоа веќе е друго.

Многу малце знаат родителите за своите деца моментално, такво време е дојдено, отидете позади Бисер секој втор ден да видите што се дешава со мали деца, од булинг до девојчиња што мењаат 10 партнери у еден ден, веќе не се ни во состојба родителите да ги чуваат децата ко она ... очи во глава, два клика на интернет и достапни им се 1000 девијантни работи кои лесно го поматуваат детскиот ум. Вчера баш спомнав за едно девојче кое вршело редовно булинг со пар другари и другарки врз друго дете, мајката рекла аа не нема шанса она дома си е мирна, дома е, надвор е друга особа и ќе се изненадиш колку е уствари покварена и тотално спротивно на она што ти мислиш дека е.

Вакви примери има 1000 само у земјава, треба да се размислува на некое дури и контроверзно решение и методи зашто веќе е дојдено до точка од која нема враќање, потребна е многу поголема контрола и менување на законите во овој контекст.
13 годишно дете, 9 убиени или колку и да се, прв ваков случај документиран глобално, веќе поинаку треба да се гледа на овие работи зашто ова кат-тад има шанси пак да се повтори, ко да ја отворија пандора вчера и на овие простори.

Тука се и други трендови, оние lgbt што се тотално искривени, со пронаунси со све што е крајно малоумно и ретардирано, едноставно се создаваат нови генерации кои ќе бидат енормна штеточина за општеството во иднина и со ова апсолутно никој не се замара, на долг рок ако се гледа искрено не гледам како не очекува убава иднина со истиве, затоа и реков, потребно е решение колку и да тоа звучи контроверзно, ама таков јунак нема да се најде во тоа сум прилично убеден, we go with the flow.

Као беше она на Тито, земја со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина, е сеа 2023 година, не земја, него планета со ваква младина и те како треба да се грижи за својата иднина, Господ нека ни е на помош. Ова во глобала повеќе важи за западните вредности и идеали моментално, во Кина поинаку се пристапува на младите што уствари делумно се поклапа со онаа контроверзност на која посочував погоре, за западот тоа е контроверзно ама кога ќе размислиш малце подалбоко, ќе дојдеме до одредена точка во иднината каде тоа ќе ни има и те како логика а ќе биде веќе касно.

Гледав пар видеа на јутуб изминатава година за Кина, надреално е како таму се контролира младината, западот на тоа се смее jeр нели ние слободни сме, праиме што сакаме (иако и тоа е шминка и далеку од вистината), ама све ми налага на тоа дека на крајот ќе биде, кој последен се смее најслатко се смее, а тоа нема да бидеме ние. Додека они растат така, нашиве млади генерации растат со тоа дали се she her ili them mem, со бака прасе, со ретардирани трендови на тик ток, со ретардирана музика, серии, и слично, кои создаваат дебили и генерации нешто налик на она што го начека Лук Вилсон у иднината во Idiocracy.

Ништо чудно да е и точен муабетот дека алгоритамот на тикток во Кина функционира поинаку, ако западно се форсираат ретардирани трендови, таму пред се се фокусираат на уметност, наука и слично односно трендови од кои децата имаат голем бенефит.
 
@Lester Freamon тоа што го велиш сврти го другиот образ, не значи дека треба да си јагне, напротив 180 степени спеотивно била поентата, да покажеш отпор.
Аман со загатките, чисто се сомневам дека била поентата да покажеш отпор, него го „распнале“ па не покажал отпор, што значи муабетот бил да си јагне.
 
Па логично дека со ваква младина ништо не правиме. Денес се е испревртено. За слаба оценка дома се казнуваше и се добиваше ќотек кај некои фамилии. Идеш на фудбал/кошарка/карате и се натпреваруваш за место во тимот. Денес со добра паричка сите деца нека играат нема везе ако се сакати. Натпревари у школо сите победници. Не се натпреварувале, сите биле победници си ги здробил у фудбал 10-0 ама и тие пехари добиваат.
И најголем деликвент имаше страв коа имаше родителски или родителот е повикан на разговор, сеа децава кур ги боли. 2ка математика? Недела дена од дома нема искачање. Едноставно од дома им е вроден тој менталитет дека се најдобри на цел свет, никогаш не се казнети, ни тепани, мекуши израснати во некој меур што мислат дека они се алфа и омега. Булингот постоел и ќе постои за жал, ама не памтам на некој од моја генерација да му текнало да се фрли од зграда или да направи масакр на 13 години.
Децава едноставно немаат улична школа и тоа е тоа. Имаше еден Васил во мој клас кој редовно беше малтретиран од сите други класови, бубалица, сите домашни ги имаше, лектира нема што не ја прочита и нормално е мета на заебанции. Му пукна филмот еден ден почна да се тепа, го чекаа после школо 4-5 од некое друштво и ќе го здробеа од ќотек. Еднаш, два пати, три пати ама стално им враќаше. Помина некоја недела Васил веќе никој не го чепка.


Звучи смешно ама само вака се справува со булинг. Се додека се растени во балонче дека они се најпаметни на мамичка ќе се дешаваат вакви глупости. Чим од дома не се воспитани ко што треба, што да очекуваш кога ги праќаш во школо и покажуваат сила на професори па и живеат по тие тик ток мик ток срања.
 
Страшно. Што е со младинава?

Мене не ми е јасно како успеал да дојде до пиштолите и шаржерите со метци од татко му.

Ок кажуваат дека со татко му одел на стрелиште и поради тоа знаел да ракува со пиштол ама како воопшто знаел шифра од сеф за да си ги земе оружјата? Татко му ли му ја кажа шифрата? Или овој шпиунирал, снимал кога татко му го отварал сефот? Не разбирам и не ми е јасно.
 
Како ладнокрвно си дава изјава дека е фаца и цело школо го знаело, се чуди како може да е на нечиј список за отстрел. Класична робот генерација, без капка емпатија во нив, без чувства, без емоции, класични изрод имбецили.
Све е ова поколение на луѓе родено кон крајот на 70тите и првата половина на 80тите, луѓе кои имале скроз ненормално детство, луѓе кои и самите се невоспитани и неизраснати правилно, пошто кога требало да се оформуваат како личности и да стекнат навики и правец во животот, тие сведочеле на распад на држава, војни околу, бомбардирања и слично.
Затоа и нивните деца се вакви, здивени и дистанцирани од родителите.

Изгубена е таа генерација, можеби ќе успееме да ја спасиме генерацијата што ќе искочи од луѓето родени во 90тите. Ако не, време е за конечен рестарт и тоа е тоа.
Нека почнат од ново некои други Адам и Ева.

Аупичкуматер.
 
Roditelite od site strani go nasocija celo vnimanie kon pari, materijalizam i decata go ucat toa prvo od svoite roditeli, sekundarno od socijalni mrezi, takvi gluposti ko alfa mazi, andrew tate, dominacija na poslabi i slicno.
Врска нема муабетот. Булинг отсекогаш имало, дури и кога немало социјални мрежи и такви глупости. И во деведесетите ние кога сме растеле, и кај тие пред нас. Истото го има и кај новиве генерации.

Послабите секогаш го јадат, без разлика во која форма. И на училиште, и на работно место, и во затвор, секаде. Едноставно, таква е човековата природа. А и не само човековата. За жал, голем дел од родителите несвесно креираат жртви.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Абе арни сте сите за кажвање.
Само на форумот тука колку лица се вреѓани, исмејувани и понижувани.
Ќе речеме форум е нема везе ама кога зборате за емпатија и се чудите на ваквите вперете го малце прстот и во вас.
 
Како ладнокрвно си дава изјава дека е фаца и цело школо го знаело, се чуди како може да е на нечиј список за отстрел. Класична робот генерација, без капка емпатија во нив, без чувства, без емоции, класични изрод имбецили.
Све е ова поколение на луѓе родено кон крајот на 70тите и првата половина на 80тите, луѓе кои имале скроз ненормално детство, луѓе кои и самите се невоспитани и неизраснати правилно, пошто кога требало да се оформуваат како личности и да стекнат навики и правец во животот, тие сведочеле на распад на држава, војни околу, бомбардирања и слично.
Затоа и нивните деца се вакви, здивени и дистанцирани од родителите.

Изгубена е таа генерација, можеби ќе успееме да ја спасиме генерацијата што ќе искочи од луѓето родени во 90тите. Ако не, време е за конечен рестарт и тоа е тоа.
Нека почнат од ново некои други Адам и Ева.

Аупичкуматер.
Исто мислење го имам и јас, дека ова е резултат на генерациите родени крајот на 70тите и почетокот на 80тите, кои сега имаат од 10 до 15 годишни деца.

Првата причина е што нивните родители, родени 50тите, едноставно не знаеле како да воспитуваат деца, 90% од нив биле тепани за било какви работи. Се сложувам дека ќотекот искочил од рајот, но за све има граници. Дистанцирани емоционално од своите деца, само кафана и пиење во главата. Прашајте било кој од таа генерација ќе ви ги каже истите работи, татко работник у фирма, пијандура класична, доаѓаат 90тите сите губат работни места, бетер се праи од алкохол. Децава во тинејџерски години се сведоци на војни од Југославија и немаштија, доаѓаат до ситуација да ги разгалуваат нивните сегашни деца. Да им го овозможуваат сето она кое го немале во своето детство, првично енормна љубов и грижа кон децата, остај ти не се мачи мамичка ќе среди, мамичка ќе направи, и со тоа сакајќи да му го олесни животот на детето, самите се прават нивни робови, а од детето не функционален човек зависен од мамичка.

И втората причина е што многу од нив не се во тек со технологија и социјални мрежи, не знаат како функционираат, не знаат што се случува таму. Едноставно генерација што пишува AMIN на било каков пост на ФБ не може да биде во тек со времето.

Се надевам само дека ние што сме родени во 90тите, ќе научиме од овие грешки и нема да ги повториме, па нашите деца ќе израснат малку од малку во подобри луѓе од сегашниве. Мада и кај нас има тешки идиоти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom