Не знам колку е точно инфото дека вакво нешто глобално гледано, дете од 13 години нема направено, бар не е документирано. Какви све хорор приказни има од Америка ама нема за 13 годишно дете, пак ќе кажам, не знам колку е точна оваа информација ама ако е ...
Го гледав вчера интервјуто на еден од тие што биле на списокот, каде кажа мене сите ме знаат ама ја него не, апла си ја има мувата на капата овој башка му правеше интервју една млада репортерка по прашањата се гледаше дека е неискусна, ко да сакаше детево да е у спотлајт иначе како баш таа дознала дека он е на списокот инстантно истиот ден. Типот фаца е сеа, браво за него.
Вучич е многу смешна појава мајке ми, цел ден драми дека има многу насилство низ медиумиве, истиот Вучич минатата година, буквално излезе на прес со низа ужасни фотографии од Веља Невоља како е сликан над масакрирани обезглавени тела, е така искочи бабанот пред медиуми кои патем ги контролира и направи бесплатна реклама за хорорите на нарко картелите низ Србија, едно недела дена само тоа гледаа србите. Глупак.
Детево само се пријавило во полиција, почнало да го фаќа паника, тешко да дише, и на ова гледал ко солуција. Од друга страна и сестра му која има 9 години била вчера во истото училиште, и нејзиниот живот отиде во три лепе после ова.
Премногу се фокусираат луѓево на погрешна страна мислам, зашто татко му имал оружје дома ... глупости, можда имал причина за тоа, знам пар фамилии само кај мене во маало кои биле ограбувани и размислувале за ваква опција, зашто едно време не бираа овие што вршеа грабеж и у 2 наврати погрешно искалкулираа и влегоа додека некој имаше дома. Поентата ми е дека одредени личности имаат потреба за недај боже да имаат огнено оружје дома, да не се правиме наудрени дека живееме во идеално општество, па нарочито во Србија богзнае колку фамилии од X причини имаа основа да држат такво нешто дома. Повеќе фокусот треба да е зашто све повеќе и повеќе смејства гледаат на ваква солуција за нивните домови.
Грешка е ако детево одело на стрелање, во случај ова да е точно, а ако е, ај таткото што е крив ама и тие што допуштиле што е малку чудно, освен ако не го носел некаде надвор од град па тоа веќе е друго.
Многу малце знаат родителите за своите деца моментално, такво време е дојдено, отидете позади Бисер секој втор ден да видите што се дешава со мали деца, од булинг до девојчиња што мењаат 10 партнери у еден ден, веќе не се ни во состојба родителите да ги чуваат децата ко она ... очи во глава, два клика на интернет и достапни им се 1000 девијантни работи кои лесно го поматуваат детскиот ум. Вчера баш спомнав за едно девојче кое вршело редовно булинг со пар другари и другарки врз друго дете, мајката рекла аа не нема шанса она дома си е мирна, дома е, надвор е друга особа и ќе се изненадиш колку е уствари покварена и тотално спротивно на она што ти мислиш дека е.
Вакви примери има 1000 само у земјава, треба да се размислува на некое дури и контроверзно решение и методи зашто веќе е дојдено до точка од која нема враќање, потребна е многу поголема контрола и менување на законите во овој контекст.
13 годишно дете, 9 убиени или колку и да се, прв ваков случај документиран глобално, веќе поинаку треба да се гледа на овие работи зашто ова кат-тад има шанси пак да се повтори, ко да ја отворија пандора вчера и на овие простори.
Тука се и други трендови, оние lgbt што се тотално искривени, со пронаунси со све што е крајно малоумно и ретардирано, едноставно се создаваат нови генерации кои ќе бидат енормна штеточина за општеството во иднина и со ова апсолутно никој не се замара, на долг рок ако се гледа искрено не гледам како не очекува убава иднина со истиве, затоа и реков, потребно е решение колку и да тоа звучи контроверзно, ама таков јунак нема да се најде во тоа сум прилично убеден, we go with the flow.
Као беше она на Тито, земја со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина, е сеа 2023 година, не земја, него планета со ваква младина и те како треба да се грижи за својата иднина, Господ нека ни е на помош. Ова во глобала повеќе важи за западните вредности и идеали моментално, во Кина поинаку се пристапува на младите што уствари делумно се поклапа со онаа контроверзност на која посочував погоре, за западот тоа е контроверзно ама кога ќе размислиш малце подалбоко, ќе дојдеме до одредена точка во иднината каде тоа ќе ни има и те како логика а ќе биде веќе касно.
Гледав пар видеа на јутуб изминатава година за Кина, надреално е како таму се контролира младината, западот на тоа се смее jeр нели ние слободни сме, праиме што сакаме (иако и тоа е шминка и далеку од вистината), ама све ми налага на тоа дека на крајот ќе биде, кој последен се смее најслатко се смее, а тоа нема да бидеме ние. Додека они растат така, нашиве млади генерации растат со тоа дали се she her ili them mem, со бака прасе, со ретардирани трендови на тик ток, со ретардирана музика, серии, и слично, кои создаваат дебили и генерации нешто налик на она што го начека Лук Вилсон у иднината во
Idiocracy.
Ништо чудно да е и точен муабетот дека алгоритамот на тикток во Кина функционира поинаку, ако западно се форсираат ретардирани трендови, таму пред се се фокусираат на уметност, наука и слично односно трендови од кои децата имаат голем бенефит.