Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Ко мал средив барем 3-4 такви булинзи. Дури и ако се појаки од тебе, ако се степаш и му направиш проблем ќе те остават на мир следниот пат.
Не си требал така. Си требал на твоите да им кажеш и они би те одвеле на психолог и сите проблеми би ти биле решени. Или да си и пишал на @Aceso во приватна порака, она ќе ти помогнела да го пребродиш тоа.
Љубофта е решение и за булинг и за се друго на светов.
 
... се чудев порано кога ќе речеа тој е „понављач“ , како тоа? пак ја повторил истата година на училиште? денес не може да се најде ученик со добар успех сите бре одлични со петки, а посебно сега со овие факултети во секое село, па младите родители имаат по две три дипломи како „академци“,па нивните деца не смеат четворка да добијат во училиште, а не пак пониска оценка, а воспитување под ниво.

djetinjstvo.jpg

...доволно државата да го контролира образованието и тој што не учи или не знае ајт на занает, а не тука задолжително средно образование, а тие неписмени уште од основно ќе учеле средно!

5b431c23-986c-4d45-a62c-629b0a0a0a67-7-previewOrg.jpg5bae78ea-f5e4-4486-9b74-236c0a0a0a67-screenshot-1-690x480.jpg

... младите родители чекаат своите деца да бидат воспитувани во училиште, поради избегнување на својата обврска да го воспитува сопственото дете до 7 години дома, а на училиште децата се едуцираат, а не се воспитуваат, туку можеби се надградуваат!
...родителите на 13годишниот мора да бидат казнети (моментално било во притвор), како и институциите кои не ја согледаа девијантноста на ученикот!
 
Не си требал така. Си требал на твоите да им кажеш и они би те одвеле на психолог и сите проблеми би ти биле решени. Или да си и пишал на @Aceso во приватна порака, она ќе ти помогнела да го пребродиш тоа.
Љубофта е решение и за булинг и за се друго на светов.
Денешниве психлози се како девојките што искачаат на хот лајн
Плавуша,расцицлена ке ти поправи муабет и отиде илјадарка и башка ке те навлече за да ти ги земе парите....
А зошто родителите дане отидат ма советување како се одгледуваат деца????
Што ако му кажуваат на детето кога е малолетно и ништо ме зависи од него....
Што ке му каже психологот АЈДЕ ТЕ МОЛАМ НЕ СЕ НЕРВИРАЈ издржи биди јак???? :pos: :pos: :pos:

Да го пуштиш детето на психолог дека е жртва на, Булинг требда да ти е главата стварни само за украс.

Ела нека те ренда некој секој ден ти оди си на психолог ????

Трена да го решиш проблемот не последиците !!!
 
Не си требал така. Си требал на твоите да им кажеш и они би те одвеле на психолог и сите проблеми би ти биле решени. Или да си и пишал на @Aceso во приватна порака, она ќе ти помогнела да го пребродиш тоа.
Љубофта е решение и за булинг и за се друго на светов.


ти уште тепаш курви гетеа?
 
Така ако гледаме, можеби немало ни нос да му скршат, туку ќе го испукале, од кај знаеш. Поарно со тепачки да ги вади фрустрациите, отколку со пиштол, така барем ќе изгуби страв од ќотек и ќе добие поголема самодоверба. И плус огромна шанса да биде повеќе почитуван меѓу врсниците.

Ако не си покорпулентен или немаш срце, а од другата страна имаш чопор, се се сведува на тоа кој познаваш у маало или кој од клас е спремен да се тепа за тебе. Инаку биди спремен на дај 50 ден. или дај 3 цигари секој ден.

Инаку не мислам дека тоа му се случувало на дечково, можда бил исмејуван или вербално напаѓан, што не го спречувало на ист начин да врати, место да собира во себе и да одбере оружје или да си го одземе животот ко ученикот од лани.
 
Не е проблем булингот, го имало и ќе го има, да се разбереме, децата се искрени и злобни, т.е децата се искрено злобни какви што возрасните не се, возрасните се прикриено злобни, заради наметнати норми општествени, страв од осуда, итн...општество кое пропагира христијански вредности.

Е сега да се вратиме на правиот проблем и во УСА имаше многу вакви случаи и они знаат дека проблемот е во легалното поседување на оружје. Кога секој од нас би поседувал пиштол и муниција дома оваквите случаи би станале секојдневие, во момент на афект свашта се дешава.
 
Никогаш ваква трагедија не е предизвикана само од еден фактор. И не е баш лесно да се одговори кој е крив (покрај пукачот нормално).

Булингот е ептен сериозна работа и за жал на овие простори уште многу време ќе помине за навистина да се сфати до крај таа сериозност. За дел од наставниците и другите возрасни тоа е уште детска игра или зафрканција. А уствари е појава што може да остави трајни последици на една личност. И не е точно дека е нова појава. Уште јас кога бев ученик, пред 20-тина години тоа беше секојдневие. Какви само работи се случуваа во моето основно, денес како возрасен коса ми се крева. Врсничко психичко и физичко малтретирање беше секојдневие, а наставниците главно не се ни замараа да преземат нешто. Конкретно сум бил сведок на момент кога наставник се смее гласно на изживување врз ученик наместо да му помогне. А и што да се очекува од наставник кој често корнеше на ракија кога ќе дојде на час? Не викам дека сите наставници беа такви, но сакам да кажам дека ова не е нешто од вчера. И јас лично бев жртва на булинг, па знам што значи да се помине низ тоа и можам да зборам на темата од лично искуство. Имаше пеколни и ужасни денови. И не е воопшто лесно да се излезе од таа ситуација. Зашто ако се спротивставиш обично работите стануваат полоши. Подоцна булингот кај мене имаше (и има) последици и во подоцнежниот живот. Пред се' во дел на самодоверба, резервираност кон нови познанства, анксиозност во одредени социјални ситуации, а ми правеше и одредени проблеми при наоѓање на работа (ова на почеток на кариера, денес фала Богу го имам целосно надминато).

Дури порано не беше ни тема на муабет булингот. Денес е повеќе познат како термин ама на Балканот очигледно уште премалку се збори за тоа. Друга голема разлика во денешно време е модерната технологија и интернетот. Порано барем булингот завршуваше надвор од школото. Секако дека надвор од школо не се дружиш со гомнарите што те малтретираат. Си наоѓаш некоја занимација што ќе ти ги тргне мислите. Но сега можам само да замислам што се случува. Какви се' закани има по телефон, снимање клипови со кои може да се уценува, постирање навреди по социјални мрежи, навредување по месенџери и чат групи... На секој идиот му се дава поголема можност да малтретира а на жртвата помал простор да се дистанцира од сето тоа.

Но да се разбереме, во никој случај не го оправдувам овој што пукаше денес. Имало и има илјадници деца што трпат булинг, па многу малку посегнуваат кон насилство. Се работи тука за лабилна личност која целосно изгубила емпатија. А тука се и другите фактори, како однесувањето на родителот. Да го учиш детето да пука е типичен пример за лош родител. Секако тука се и сите оние фактори кои ги прават балканските општества трули. Србија конкретно има поголем проблем и од нас во делот на промовирање на шунд, неморал и глупости. Таму ликови како Голубовиќ се медиумски фаци а голем дел го сметаат крвникот Аркан за херој.

Претешко е за родителите на децата жртви. Ова е ужасна трагедија која се надевам никогаш нема да се повтори. Но за тоа да не се случи овој пат навистина треба да се научат некои лекции. Ова може да се случи секаде, се гледа дека не е далеку од нас.
 
Не е секогаш така едноставно. Неколку пати имав истепано некој зошто претерал со булинг спрема мене. Знееш што се случи одпосле во поголемиот број случаеви. Ме чекаа надвор едно 10 души и на крај полошо поминував. Моите другари учеаа во други школи и немаше можност да те одбранат.
Така да ако немаш никој позади тебе ни враќање со насилство не помага.
Ако не си покорпулентен или немаш срце, а од другата страна имаш чопор, се се сведува на тоа кој познаваш у маало или кој од клас е спремен да се тепа за тебе. Инаку биди спремен на дај 50 ден. или дај 3 цигари секој ден.

Инаку не мислам дека тоа му се случувало на дечково, можда бил исмејуван или вербално напаѓан, што не го спречувало на ист начин да врати, место да собира во себе и да одбере оружје или да си го одземе животот ко ученикот од лани.
Добро сега, не е секоја ситуација иста и не секаде возвраќање со насилство има ист ефект и последици, ама во повеќето случаи има и те како ефект, многу поголем отколку насилниците да ги пратиш кај психологот за да ги искара дека се неумни и дека е срамота да малтретираат други деца.

А и никаде не пишува дека мора на фер начин да се возврати/тепа.
 
Само шипците ти интересират затоа. Не ги гледаш твоите

Не знам зошто мешаш национализам. Јас колку што знам, ниту еден не излезе да го брани Илиќ за она што го направи. Немаше протести, немаше никакво глумење жртва. Полицаецот што уби двајца Албанци за паркинг во Тетово/Гостивар доби доживотен затвор.

Од друга страна, мал милион примери ке ти дадат каде Албанци убиле Македонец, а потоа имало контра протести, да се ослободи убиецот. Сакаш да збориме за навивачот на Вардар, Монструм, бодење по автобуси, и да не зборам за настани од време од војната.

Зарем немаш малку срам па овој случај го ставаш тука како контра-аргумент за кого важи, а за кого не законот во Македонија?
 
Jaс незнам како родителите дозволуваат проблемот да остане не решен и покрај се...
Да сум јас родител ке појдам кај родителите од тие децата што малтретираат и би им ги истурил забите на вилица и око не би ми трепнало.
Ако не може со убо мора вака.
 
Не знам зошто мешаш национализам
vidi dobro koj mesal nacionalizam prv:

Како кај нас ова не е стигнато ?!
Кој го закла Ангел од Ѓорче за точакот ?! Кои и колкави колат низ автобусиве ?!
Или ова за што го пиша за шипци неважи зошто се рамковно заштитени ?!
 
Jaс незнам како родителите дозволуваат проблемот да остане не решен и покрај се...
Да сум јас родител ке појдам кај родителите од тие децата што малтретираат и би им ги истурил забите на вилица и око не би ми трепнало.
Ако не може со убо мора вака.

Дел од проблемот е што децата не кажуваат дома дека имаат проблем на школо. Тука вината ја гледам кај родителите.
 
Дел од проблемот е што децата не кажуваат дома дека имаат проблем на школо. Тука вината ја гледам кај родителите.
Родителите ги пуштаат децата на училиште колку да не им досадуваат ...баш жално што родителите не си ги познаваат своите деца...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom